Новогодишна елка од пластични шишиња

Среќна Зелена Нова Година


Иако должам неколку блогови незавршени на вечната тема на мојот блог, оваа акција едноставно не може да чека и носи така добра порака што има неоспорлива предност. Јована на својот блог веќе објасни како се случи оваа идеја и како почнавме да се организираме.

Сите кои живеат во Скопје овие неколку недели се сведоци на нивото на неговото загадување. Наместо веднаш да почнеме да покажуваме со прсти и да ја бараме вината во други, прво треба да погледнеме кон себе: Со што јас придонесувам кон или против загадувањето?

Како една симболична акција која има за цел да ја подигне свеста и личната одговорност кон средината во која живееме, а и да ги искористиме материјалите како шишињата кои не ни се потребни за нешто убаво и корисно, елката од пластични шишиња ја представува нашата заедничка желба за почист град.

Со некои од луѓето кои се пријавија овде се сретнавме за да направиме некаков план пред да почнеме да ја правиме елката.

Главниот настан на спојување на елката и нејзино конструирање ќе се случува на 25ти декември во Градскиот Парк. До тогаш треба да собереме што можеме повеќе шишиња!

За полесно собирање на шишињата решивме да ги собираме еден ден порано, на 24.12 од 12 до 14 часот на неколку пунктови во Скопје. Читајте внимателно и учествувајте!

o Платото пред Универзална сала – Таму ќе ве чекаат Ивана (мало бушавко, нема шанси да ја утнете) и Душица (debarmaalka.wordpress.com)
o Бисер – Таму ќе ве чека Ајродромскион (aerodromskison.blogspot.com)
o Карши хотел Бристол – таму ќе ве чекам јас :)
o Лептокарија – таму ќе ве чека Дарјан (darjanradenkovic.blogspot.com )
o Капиштец пред Беверли Хилс – Таму ќе ве чека Јована (jovanatozija.blogspot.com)

Исто и повик до кумановци: Ако некој сака да учествува, нека ја контактира Сања кај која ќе можете да ги однесете шишињата на 17ти и 24ти.

Нацрти од архитектите

Секако на 25ти во 12 часот, добредојдени се сите кои сакаат да помогнат во конструкцијата на елката. Ни требаат скалпери за да ги сечеме и редиме шишињата, па понесете си ако имате и сакате да помогнете.

За да ја накитиме нашата елка, донсете ги старите цдиња кои не ви требаат а би завршиле во ѓубре: одлично ќе се вклопат и ќе си го најдат своето место.

Едно добро место каде сигурно ќе се соберат многу пластични шишиња: славата Свети Никола. Ако одите кај некој, ако славите, зачувајте ги пластичните шишиња и донесете ги во сабота на некој од пуктовите. Како што вели Јована, ќе им помогнете и ним со ѓубрето и нам со елката!

Официјалните настани каде можете да ги следите новостите, прашувате, каде може да се вклучите и дејствувате:

Facebook: линк ;
Twitter: линк .

Ајде заедно да креираме нешто убаво!
Се гледаме.

p.s. Да искористам и да спомнам додека сум на темата: Во некои од средите во хаклаб правиме накит од стар хардвер. Еве линк од првиот ден. Ако сакате да се вклучите, пишете.

About these ads

16 thoughts on “Новогодишна елка од пластични шишиња

      • Кристијан напиша:

        Мислам дека ти имам спомнато и претходно.

        Можеме да користиме флуороцентна боја, па од околното осветлување елката би светела сама… и затоа мислам дека точната локација е многу битна, бидејќи услов е околното осветлување… друг начин за кој би било потребно струја, но не би се трошело многу е, осветлување со еден извор на светлина, но притоа примена на огледалца, или може и да не се потребни, во зависност од поставеноста на шишињата… за да се добие рефлексија и поголемо осветлување…

      • Се е тоа ок, ама во ваква непланска акција каде не знаеме ни точно колкава ќе е елката. Работата е ова да се направи без да се трошат пари, така да купувањето бои и трошењето струја се надвор од тој концепт.
        Не е толку важна изведбата колку духот и заложбата на граѓаните да учествуваат во нешто добро.
        Спонтано, несовршено ама искрено :).

      • Мислам дека лесно би се решило осветлувањето ако се користат диодите од упаљач. Пример, ќе се најдат неупотребливи упаљаќи со здрави диоди, или ќе се купат ако не па. И диодите можат да светат веројатно пола ден, ако светат нон стоп, така да ќе се вклучат на денот на нова година и готово :)

  1. @Тамара имав огромно претчувство ноќта/ сабајлето кога прв пат зборевме на facebook за ова, дека ќе успееш да го изорганизираш. прекрасна е елката. штета што не можев да дојдам од струмица и имав др. обврски за да направам сл. акција, но, за наредната година мислам дека Би требало да го направиме масовно, одличен показател за освестување, во секој град, па не мора да бидат мегаломански.

    low budget како што кажуваш Ти погоре во еден момент: ‘Не е толку важна изведбата колку духот и заложбата на граѓаните да учествуваат во нешто добро.
    Спонтано, несовршено ама искрено :)

    така искрено ги поддржувам Сите Ваши идни акции!
    !eternal eco greets ~

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s