Протестирам, значи постојам

Беа интензивни овие две недели. Сите што се вложивме некако, изгоревме.
Критичната маса репресирана сите овие години се разгневи и пак се активираше. Сплетот на околност доведе до оставки. Се тоа фино. Толку е убаво заедно на улиците, така пирка слободата и се враќа смислата на секојдневието, надежта од која никогаш не сме се откажале само закопале длабоко – толку е убаво што сакаме пак и пак, и се враќаме на она нашето „секој ден во 6“. Иако видовме неколку пати наназад дека тоа не функционира. Посилно е од нас, тоа е!

Фино исто го канализиравме гневот од 5ти и го проџвакавме низ сета желба, волја и позитивност која тлее во нас и го преточивме во здружен граѓански крик, кој го предуслови она прекрасно сплотено расположение на протестот на 17ти – првиот изблик на масовно граѓанство. Можеби опозицијата ги донесе автобусите, но #протестирам го донесе духот.

Немав некое среќно детство, ни ми беа удобни тинејџерските години. Се сеќавам кога првпат се почувствувам како да има смисла светот и јас во него, тие први 10 дена во 2011 кога прогласувавме „10 дена младинска република“. Затоа целосно ја разбирам девојката која го има напишано погорниот твит. Се разбираме. #Протестирам е одговор на потребата да се одлучува за сопствената иднина, наспроти диктат од „горе“, чив и да е. Нашето запоседнување на улиците е израз на тоа дека ни е доста да се движиме во линиите кои претходно ни се зацртани. Дека ни е доста од тоа да бидеме робови на сите тие ситни и крупни пазари кои се случуваат надвор од нашата можност и контрола, а го контролираат секој наш здив.

Со секоја нова иницијатива, со секое ново движење, со секое ново одважување и преземање одговорнот – се зголемува критичната маса. Ако пред 4 години бевме стотици, сега сме илјадници. Попуштаат стегите на страв, потпукнува кутијата во која не изолирале и се тргаат еден по еден слоевите на репресија. Ден по ден се движиме се повеќе ко граѓанска еманципација. Можеби потфрламе во тоа да ги пречекаме и да се справиме со сите овие непредвидени ситуации како активисти и граѓани за да можеме да го извлечеме најдоброто од нив, но сепак, уште учиме. Сите движења кои се појавиле сме ги држеле целосно отворени, хоризонтални и неформални, па со тоа и недостатокот на инфраструктура. Можеби и ова набрзо ќе се смени, затоа што годините вмрежување и работење резултираа во градењето и на посериозни политички организации (пр. Солидарност). Којзнае, ќе видиме.

Во моментов се наоѓаме во многу специфична ситуација – и граѓанинот е пак притиснат до ѕид. Се соочуваме со авторитарната, криминална и нелегитимна влада која се служи со [insert random insult adjective here] методи како контра-камп против самата себе, а граѓанското општество со задоволство би го ликвидирала целосно како такво. Од другата страна пак, ја имаме опозицијата со која имаме иста цел во моментов (ДОЛУ ВЛАДА!), но која инсистира да го апсолвира целото граѓанско делување под своја капа, односно поставува монопол на истото во моментов. Да не се лажеме, ниедно движење неможе да собере масовност како што може да го направи тоа СДСМ, и е недвосмислено јасно дека сите мораме да работиме заедно. Сепак, да не заборавиме зошто протестираме. Протестираме ЗА плурализам на мислења, ЗА алтернативни, протестираме ЗА промена на системите кои генерираат бруталност, протестираме ова што го живееме 9 години никогаш да не се повтори!

Да не не заслепува грандиозноста на целта кој ја имаме во моментов, и да ја загубиме големата слика од пред очи. Да продолжиме да протестираме! Да ги менуваме формите, да бараме нови начини, но да не не пасивизира ова што има некоја бина негде и турнири во табла па со тоа е завршена работата! Нашата работа само што започнува.

Протестирам, значи постојам – како симбол на нашата борба за граѓанство. Не наследивме граѓанство од нашите збунети родители, па ние мораме да бидеме генерацијата која ќе бутка да се создаде истото. Да бидеме будни! Ве охрабрувам да истапите со сите идеи и замисли како би можеле да делуваме и демонстрираме автентична граѓанска волја. Во моментов кога се прекршува историјата, мораме да ги поставиме здравите темели на иднината.

Барајте не на улиците!

Другари и другарки,

Ова го пишувам неспиена, преморена и лута.

Ми стежнуваат во моментов сите чекори изодени овие четири години по улиците, сите заплашувања, сите етикети ми тежат; одново ги чувствувам сите неправди, ме жежат одново солзите на тие што биле гладни, крвави, беспомошни.

Живееме во држава каде немаме никаква контрола над својот живот – ги поминуваме деновите во милост и немилост на оние кои некако се истркалале до врвот, оставени сме на нивната каприциозност, немарност или пак ситни интереси. Сите демократски граѓански механизми кои му даваат сила на нашиот глас, кои се мегафон на нашата волја се угушени, се уништени или пак се блокираат целосно успешно. Одземени ни се медиумите, без кои не можеме да креираме јасна слика за нашето опкружување. Живееме во нечиј сон, конструкција, живееме во кошмарот на несигурноста, незнаењето и стравот!

Улиците се последното упориште, последиот простор за битка. Улиците се нашата последна шанса да излеземе од оваа криминална опресирачка матрица!

Ние сме на улиците затоа што Мартин не даваше отпор и не се опираше на ставањето лисици.

Ние сме на улиците затоа што Спасов мора да слуша усни наредби од полициска параструктура.

Ние сме на улиците затоа што Јанкуловска е нервозна што од идиоти не може да скрие убиство!

Ние сме на улиците затоа што премиерот не ја дели државата од партијата!

Ние сме на улиците затоа што нашите граѓани за нив се „човечиња“ чија мисла ја ставиле во затворот на нивната апсолутна власт.

Ние сме на улиците затоа што правдата мораме да ја бараме на странските судови!

Ние сме на улиците затоа што нашата младина наместо да го впива светот и да ја биде визионер на нашата иднина кампува пред институциите кои тоа треба да и го овозможат.

Ние сме на улиците затоа што ја претворија државата во агенција за вработување и поробија неброени фамилии.

Ние сме на улиците затоа што и ние сме полицијата, ЈСП, и ние сме Пустец, студентите, затоа што ние сме граѓаните!

На улиците сме затоа што сме сите оние луѓе кои мораат да молчат и веднеат глави заради ветувања, додека седат будни во ноќта мислејќи од кого следно да позајмат пари. На улиците сме затоа што татко му на Мартин испи солна киселина, а неговиот брат имаше срцев удар. На улиците сме заради сите такви трагедии кои се случиле тивко без никогаш да не дознаеме. На улиците сме заради она цинична насмевка упатена кон нас додека си прераскажуваат бајки гостувајќи по телевизиите. На улиците сме за тепаните, за сиромавите, за безгласните, за оние кои не смеат да излезат.

Кога ќе се наполнат улиците и не ќе не збира, ќе се истуриме во ходниците на оние згради каде седат циниците, и никогаш повеќе нема да го дадеме своето место.

А до тогаш: БАРАЈТЕ НЕ НА УЛИЦИТЕ!

I love Free Software and 2cmk are to blame for that!

I’ve been using free software from the moment I started using computers, of course, but as all people, I wasn’t aware of that. Than during university, we had a class where we studied Linux administration and installing etc., but for me it was just another operating system, another thing I needed to learn. No one explained to us what it represented and what it meant, and the ideology behind it.

Just a semester before finishing my studies, I started writing posts for it.com.mk as a way to make some money while studding, and they asked me to make a twitter account, so I can follow tech related news and the tech industry, local and foreign events etc. I did. Soon there was a call from a local hacklab asking for donations and money help to function, and that is how I got to know them and follow them all. Still, I wasn’t getting involved, just kept a close eye.

Just a little after @arangel retweeted the GNOME Women Outreach program call and it was something that fitted me well, so I sent some emails and arranged a meeting in the hacklab, one morning. Rest is history!

I got the internship (as part of GSOC), but the guys from hacklab are to get all the credit. They put up with me being confused about everything and all, teaching me fundamentals about everything tech as I still being a student knew something out of every subject, but I was expert or advanced in none. And they did that for months. What is really important, is that they, while teaching me the purely technical stuff about Linux and helping me with the programming, were insisting that I know and get familiar with the ideology and what stands behind Free Software, and why is it crucial to us. They gave me documentaries to watch, they talked, shared, repeated. And I thank them. I am a better person and hacker and have made friends for life.

I’ve been, using, promoting whenever I can and contributing to free software ever since. I stayed active in the GNOME community after my internship, did another one for a small organization called Ecidadania for GSOC 2012, and whenever I can where I work pushed code as free software on github. I installed so many Linux-es over the years that passed.

I can talk volumes, but to keep it short I LOVE FREE SOFTWARE BECAUSE I LOVE FREE SOFTWARE MACEDONIA!

Happy hacking everybody and let’s keep up the good work towards digital liberation.

This post is inspired by @fsfe campaign:

Прашувај, приклучи се, активирај сe!

Објавено на 31.01.2014 на aktiv.mk

Кога навлегуваме во транзициските години помеѓу дете и возразен, често, ако не и секогаш, се чувствуваме како да растеме паралелно со околината, а не заедно со неа.
Ни изгледа како сегашноста да е киднапирана од многу постарите, оставајќи не беспомошни и на маргините, а општеството и неговите текови за нас се нејасни и страни.

Најчесто во системот кој не опкружува се вклучуваме по принцип на шок – стануваме свесни за своето место и самото неговото постоење кога за првпат па ќе се судриме со него. Судирот е често болен и е првиот од низата кои во текот на следните години ќе ја рушат нашата наивност кон опкружувањата.

Ова е последица на нашето незнаење и дистанца од општествените текови. Можеби не е можно да се избегне шокот кога прват ќе се судриме со неправда, или кога за прв пат ќе ги сфатиме своите ограничувања, но многу е важно и потребно што побрзо да ги разбереме овие процеси кои се случуваат околу нас за да можеме да се чувствуваме и бидеме поинтегрирани во нив и со тоа да живееме поквалитетен живот.

Македонија нема стратегија и некој структурен план како да ги вклучи младите во општеството па годините во школските клупи ни поминуваат без се стекнеме со таа многу важна животна лекција – како да ја исполниме нашата граѓанска функција, односно како да бидеме граѓани.
Сепак, има многу што можеме да напраивме самите околу тоа:

– Не се плашете да оформите мислење
Се изгледа збунувачки и несфатливо, хаотично – нашите обиди за креирање на издржана политичка мисла се пресечени со острите кривини на светска политика, турбуленциите во глобалната економија, локалните етнички проблеми, патот покрај зградата со дупки, полниот или празен фрижидер. Секој став кој ќе го формираме е колеблив и несигурен, што начесто се одлучуваме да го скокнеме ова се на крајот, и да молчиме.
Погрешно! Со самото тоа што ќе споделиме и артикулираме еден став, колку и да е погрешен, сме тргнале во вистинскиот правец. Со тоа што ќе го изразиме ние го отвараме за критика, а со тоа и за промена и различна перспектива. Комуницирајте колку повеќе можете на прашањата кои ве бунат, прашувате, а најмногу од се зборувајте. Ајнштајн рекол дека слабоста(немањето) на став станува слабост на карактер, а се надевам сите ние се стремиме да сме подобри од тоа.

– Излезете од вашиот непосреден круг на пријатели
Додека сме млади лесно е да се заглавиме во кругот на најблиските кои ги знаме веќе со години – да кружиме околу истите мисли, да ги одржуваме сите стереотипи, предрасуди, сфаќања и ставови кои ги влечеме од најмладите денови. Општестовото е големо, разнолико и составено од најразлични групи, и колку повеќе комуницираме, се запознаваме и мешаме со истите толку подобра слика ќе креираме за целината.
Прошетај се до АКСЦ на некој од многуте настани исмешај се со уметниците и левичарите, зачлени се во организација како МОФ и запознај врсници и стекни нови вештини, оди на некое предавање за кое си видел/а само настан на фб за да чуеш ете, бар една нова перспектива таа недела. Ако имаш нешто што сакаш да го правиш а твоите најблиски не се заинтересирани, искористи ги социјалните мрежи како твитер каде можеш да испиташ дали ете можеби, некој би ти се приклучил.
Лесно е да имаме предрасуди за некоја друга етничка група ако не познаваме ниеден нејзин член, да изградиме негативно мислење на некој сегмент на општеството ако ги слушаме поларизираните медиуми, да се чувствуваме сами со своите мисли ако никогаш не сме ги споделиле.

– Читајте се, читајте надвор од своето поле, читајте за светот
Многу е важно да читаме и да се информираме за нашата околина, а потоа и за светот за да можеме подобро да сфатиме каде ние стоиме и на каде одиме. Многу е важно да ги пратиме и да ги разбереме добро принципите и концептите околу кои се случува се што не опкружува за да можеме подобро да учестуваме во нив. Ако сме информатичари, не можеме само да читаме за синтакса во програмските јазици, мораме да читаме и за индустријата за да разбереме подобро што правиме. Ако читаме за индустријата, мора да читаме и за глобалната економија, за да разбереме зошто е индустријата таква каква што е. Ако читаме за економијата, мора да научиме за политичките ситеми и општествените уредувања за можеме вистински да ја разбереме нејзината корелација, итн.

Правејќи исчекор да бидеме подобри „јас“, правиме исчекор да бидеме и подобри како заедница. Практицирањето граѓанско учество бар само преку интерес од што помлада возраст ни помага да се чувствуваме повеќе како дел и да сме посреќни во заедниците во кои живееме. Стекнуваме вештини за комуцикација, навика за самоиницијативност, оптимизам и самодоверба. Уште поважно, учејќи и активно учествувајќи во општествените текови можеме да ги пресретнеме во нивните нагли промени, и глатко да поминеме низ истите.

Да се ослободиме од границите на делување кои ни ги имаат поставено оние против кои се бориме

Објавено на РСЕ на 04.01.2014

Веќе знаеме дека бројките за граѓанското учество во Македонија се и повеќе од поразителни. Само 22% од граѓаните учествувале во некоја граѓанска иницијатива. Како најчест одговор зошто 40% ги наведуваат дека немаат време и се зафатени, воопшто не земајаќи ја својата граѓанска должност како таква, а дури и 43% од граѓаните сметаат дека не е нивна лична одговорност да дејствуваат за да ја подобрат нивната заедница. Кај младите и интересот за учество во одлуките и граѓанското учество е најмал(од студијата “Граѓанското учество во Македонија”, Реактор – Истражување во акција, 2013).

Причините заради граѓанската пасивност се бројни. Сиромаштијата, односно мачното преживување ден за ден и несигурното утре е еден од поголемите фактори. Стапката на сиромаштија изнесува 30.9%  Во 2011, секое четврто семејство (19.6%) се произнело дека месечните приходи во целост не ги задоволуваат нивните потреби, а 6.6% од домаќинствата во Македонија живеат под 2$ дневно, по член на домаќинство. Од 1994та година стапката на невработеност не е симната по 30%. Младите, оние кои треба да се најгласни, нивната невработеност во 2011 изнесувала 55.3%(од студијата “Богатството и сиромаштијата во Македонија 2008-2011”, Солидарност)

Општеството е целосно поларизирано. Партиите, поголемите, имаат навлезено во сржта на животите на граѓаните, особено оние кои се во помалку привилегирана положба. Бројките на нашата социјална ситуација добро илустрираат зошто е ова заложништво можно – транзицијата и привацизацијата на почетокот на 90тите го турнале населението кон невработеност и сиромаштија, што овозможило партиите да се однесуваат како агенции за вработување, однос кој е задржан и се практикува и денес, верувам на голема среќна на оние кои настапуваат од положба на моќ.

Затоа и не треба да не изненадуваат, ни чудат бројките погоре најдени од Реактор – гласноста е привилегија, а деполитизацијата свесна стратегија на оние кои би да се задржат што повеќе во столчињата кои не жуљаат.

Граѓанскиот активизам и покрај ова, живурка во Македонија. Условите во кои се развива низ годините се многу помалку од наклонети кон тој развој – многу лекции треба да се учат од почеток, треба да се водат битки за заживување демократските механизми кои не функционираат ни на хартија, а не да се користат, има многу скромна историја на граѓански движења од која можат да се земат примери, да не зборуваме за традиција на отпор која е многу важна. Граѓански отпор, не националистички.

Сепак, јас сум оптимист. Бидувајќи вклучена во повеќето поголеми граѓански движења во последните години, гледав како се организира, омасовува и како една иницијатива прегорува и се губи, многу пати. Не само набљудувајќи, туку и активно правејќи грешки во истите, во исто време учејќи од себе, учејќи од другите. Големиот број на grass-root движења кои изникнаа последниве неколку години им овозможија на многу млади луѓе политичко освестување и ги турнаа во вистинскиот политички свет (надвор од оној кој им се сервира на малите екрани), а и многу луѓе не се откажаа и ја задржаа својата позиција на активни граѓани низ движењата, собирајќи вештини, знаења, разбирајќи се повеќе и повеќе.

Најчесто се реагира реактивно, се пишуваат реакции, петиции, наместо проактивно, во чиј случај би можело да се каже дека навистина е пресретната некоја потреба на граѓаните. Слабоста на реакциите не остава само како демократски декор, односно помага за одржување на привидната демократија во нашата држава (Ене ги, протестираат). За проактивното делување ни недостига зрелост како граѓанско општество, но секоја нова пропадната реактивна иницијатива не приближува до тој момент на созревање.

Затоа драго ми е што имам текст кој ќе ја отвори годината. Во 2014 ни посакувам конечно:

1. Да се ослободиме од присокот да се држиме настрана од колективното.

Постојаното етикетирање, полизирањето, таборизирањето, деполитизацијата секако, не држат распрскани како небитни мали гласчиња на сите страни. Успешната стратегија на претставувањето на „групата“ како Баба-Рога заради тоа што да се биде дел од било каква е полесно за дискредитација го обезвреднуваат нашиот глас до бескрај. Еве, самата сум жртва на таа пропаганда, никогаш не сум била дел од ниеден колектив. Главните шушкања кога се спрема некоја иницијатива секогаш се – а овој/оваа од кај е? Време да ја пребродиме детската болест на активизмот и да почнеме да се групираме, за да сме погласни.

2. Нема ништо лошо во новите струи. Да ги пресретнеме.

„Изборот помеѓу понудените политички партии не е единатвен начин на изразувањето политичка волја“ – рече Артан Садику на дебатата „Аргумент“ пред извесно време, а јас се сложувам целосно. Зошто да одбереме страна? Оние кои не им се допаѓаат политиките на владеачката партија постојано се под притисок да ги прифатат политиките на најголемата опозициона партија, само затоа што така промената би била најбрза. Да, ама каква промена? По која цена? Зошто да го бираме помалото зло кога имаме друг избор? Клучното прашање е дали ние се залагаме за структурни и суштински промени, дали сакаме да градиме на трули темели и сите надежи да ги ставиме во таа куќа.

Валидни аргументи се дека нашиот политички систем не е благонаклонет кон новите политички струи и дека е направен така за да се изгубат уште на самиот почеток.
Јас велам, немаме што да изгубиме. Кога ќе сфатиме дека намерно не плашат од групирањето, следниот чекор е да сфатиме дека можеме, и треба да ја конкретизираме нашата политичка намера. И иако на сите ни се вртат тендерски пари, и лесен живот за следните три генерации како мотивација за сериозно занимавање со политика, треба да се освестиме дека како и се друго, и ова е кострукција на матрицата со која сакаат да се држиме настрана од таа „валкана работа“.

3. Ништо нема да се случи преку ноќ. Да истраеме.

Може нема никој од нас да е херојот на денот, ама нема зошто да би се чувствувале помалку среќни со камче во ѕидот? Работата кон општествена промена е неблагодарна, исцрпувачка и тотално фрустрирачка. Работите се движат толку споро што не се ни чувствува. Исто како да се удираме во некој ѕид со намера да го скршиме а успеваме само да го изгребеме. Нема ништо лошо во тоа.

Иако моменталната состојба е очајна и крајно песимистична како што видовме од бројките на почетокот, нема зошто да не бараме активно нејзино подобрување. Само треба да поминеме преку тоа дека „политиката е работа на некој друг“. Скоро целосната граѓанска пасивност поради крајно неповолните услови не треба да го задржува нашето активирање, а оние кои веќе се активирале да се ослободат од границите на делувањето кои им ги имаат поставено оние против кои се борат. Не ни треба среќа во новата година, туку многу работа.

Само слободните луѓе се убави | Bernays Propaganda

28 септември 2013, сабота, убав ден. Веќе студи во Берлин, свежо е. Им вртам доста време, не ми креваат. Се мислам што да правам. Во 10 негде се решавам да тргнам. Сама. Возбудена. Метро станицата на 10 минути, поттрчнувам по пат, мислам доцнам. Не знам баш каде е местото, ама пред мене забележувам еден дечко што е облечен како панкер/алтернеативец и решавам да го следам. Одиме, одиме, т.е тој си оди без да ме забележи, скршнува десно и ете сум. Стигнав во Копи. Еден од најстарите сквотови во Берлин. Ми текнува дека две недели пред тоа бев на роденден на кровот на напуштената фабрика за сладолед на другата страна. Зачекорувам внатре.

koepi

Дворот полн луѓе. Ни моиве ги нема со поглед, ни некој што бар прибижно го знам. Личи топло, расположено. Малку сум нервозна дека ептен никој не знам. Гледам сите излегуваат од едно мало вратиче, си викам да се пробам. Се симнувам по скаличките гласна музика вришти, гласни гитари, темно, полно и фуче со енергија. Добро е, не доцнам, не се тие. Застанувам на врата да дадам донација и да ми стават печатче и оп ете ги – се појавуваат позади мене. Се успале. Одлично. Се качуваме горе да пивнеме малку пиво пред да се симене пак, ќе ни треба. Ја у златно фустанче после у фенси диско треба да идам🙂.

Ние веќе тројца македонци, ете горе уште двајца што дошле. Здраво, здраво, уште пиво, паралелни муабети на сите страни. По малку, го слушаме Васко како се зеза со еден дечко на англиски, се појавува Трипе и ете ни ги ѕвездите заради кои сме дошле. Се скаруваме со Васко за системот еднаш, пиеме уште по некое пиво и им дојде ред да свират. Се симнуваме доле.

Први редови. Спремни за песна. Почнуваат, помоќни од кога и да сум ги слушала во Скопје. Германците веднаш полудуваат, иако не ги разбираат што пеат, пораката стига до сите! Тина убедлива, посветена, жестока. Бендот на исто ниво со публиката, Тина шета низ нив со микрофонот. Еден дечко до мене очигледно му е маку чудно и у исто време симпатично што пееме со Дафина. Од време на време преведувам некој збор. Ах, многу беше добро. Го сметам за привиегија што имав шанса да ги слушам Bernays во сквот, во Берлин и со таква публика. Тотално различно искуство.

Bernays Propaganda се сериозен бенд, со 4 европски турнеи зад себе, 3 албуми, а свиреле буквално сегде во Европа. Да не набројувам градови, подоле вклучив мапа од вториот дел на европската турнеја (првите 70 ги прошетале пролетоска) на која имав среќа да се погодиме во ист град. Ако ги сретнете напрајте им муабет како шетаат, многу е интересно и различно, свират скоро исклучиво по многу андерграунд места и сквотови, таму се дружат, разменуваат искуства идеи, спијат по сквотовите, шират мрежа на луѓе со исти убедувања. Всушност they practice what they preach🙂

tura

Нивната музика ги отсликува нивните идеолошки убедувања, ставовите, нивното доживување на светот. Пробуваат да демаскираат разни општествени и социјални појави а во исто време свират берспрекорно. Дечките и девојката не го прават тоа декларативно – тие навистина веруваат во тоа што го зборуваат и веруваат во својата работа.

Еве едно клипче што го најдов како Тина разговара во Загреб со еден дечко од публика – му посветува време и му дава шанса, сака да влијае и и е грижа за тоа што тој мисли:

Мене сосема себично ќе кажам дека ми е омилен нивниот втор албум🙂 Што не значи дека другите не се одлични. Еве ми некои од фаворитите:

Ете еден твит од летоска, се срчав сама себе, сигурно не е единствен. Често ме брка скопската депресија, сигурно и вас. Многу често ме фрустираат политичките случувања и социјалните неправди, нивната сериозност, мојата (најчесто) немоќ, сето тоа. Јас не сум гневен човек, ама некогаш ми се вришти🙂. Бернајс летоска пред да отидам во Берлин ми беа саундтракот до работа и назад, ја оставав Тина да ми го канализира гневот🙂.

Музиката и политиката од секогаш биле поврзани. Музиката може да мотивира, да буди, да дава перспектива, да ни долови некоја поента за која зброр не е доволен, може да ни помогне да истраеме, да не бодри, да го канализира тоа од нас кое ние не знаеме ни дека е таму, да не донесе сите на иста бранова должина за да делуваме заедно.

Во Македонија не се пишува и пласира многу социјално ангажирана музика, баш штета.

Имам уште многу да зборам, би сакала и нив да ги чуете што имаат да кажат. Текстов го пишувам зошто многу луѓе ми рекле дека никогаш не ги чуле. Не толку ретко ама и не толку често ни се случуваат големи настани како Таксират во Скопје, а многу луѓе и ќе одат, па потрудете се да не ги пропуштите ако сте веќе таму.

А сега пак е многу доцна, како и секогаш кога заглавувам да напишам нешто, и многу ми се спие.

Се гледаме заедно да се потиме, играме и мислиме, и не заборавајте, само слободните луѓе се убави (така велат Бернајс).

Што ме научи Јасна Котеска

Многу малку време ми останува да читам. Признавам, многу малку читам цели книги, знајчајни работи. Во денот, ми поминуваат пред очите многу написи, многу кратки информации, бројки, стручни технички четива кои ми требаат или не ми требаат за работата на која сум фокусирана во моментот, македонски колумни, по некоја политичка вест од светот, неизбежните тед видеа. Твитер. Ако го важиме. Ама го читам🙂.

„Комунистичка интима“ на Јасна Котеска ја влечкав со месеци – ја купив на саемот на книгата во Скопје ама ја читав дури по тукашните паркови, од викенд за викенд. Полека. Не дека така сакав, толку е времето. Упорна бев, и вредеше. Би ви ја купила на сите за роденден да можам. На некои најверојатно и ќе им ја купам🙂.

Јасна Котеска поминува преку многу теми, низ многу мали делчиња кои ја прават големата слика на нашата сегашност, во нераскинлива врска со нашето минато. Мене како дете од ’89 ми недостигаат многу информации, има многу нишки кои не можам да си ги поврзам, многу работи не ми се јасни. За многу работи често грешам. За многу тоа сум погрешно задоена од фрустрациите, неинформираноста, потклекнувањето на тогашната пропаганда на моите родители и блиските, па многу од она во кое верувам треба да се преиспита и да се деконструира за да оформам свој нов, потточен став. „Комунистичка интима“ доста ми помогна во тоа.

И доста вовед, што напиша Јасна Котеска?

Времето

Во 3тата глава наречена „Чекалница“, Котевска дава преглед на времето, времето како диктираниот ритам на нашето живеење, времето како почеток, времето како заборав. Времето како орудие за манипулација.

Во подглавјето „Психологијата на редовите и имобилизираното тело“ пишува времето украдено од нас, намерно и смислено, за ритамот кој е направен за нас да играме по него, за сите оние мали секојдневни работи кои ја црпат енергијата, таа многу потребна енергија за мислење, за дејствување, за креирање надвор од циклусот на преживување.

Споменати се социјалистичките производни рестрикции, рестрикциите за струја и вода, недостапноста на контрацепцијата, претрупаниот јавен превоз, шалтерите кои не работат, како примери за начини на крадење време и одземање на слободната волја.

Зошто социјализмот создава ваква временска аритмија? Еден од одговорите е – за да се држат луѓето во покорност. Аритмијата на времето предизвикувала социјална несигурност. Временската превилност го ситуира нашето чувство за „нормалност“, во комунизмот неизвесноста станува правило. Човекот е натеран на немобилност, времето му е украдено и тој не може ништо да преземе. Кражбата на времето создава имобилизирани тела. Од имобилизираното тело не може ништо да се планира и не може да се презема никаква иницијатива. Освен најфлексибилните и најспонтаните работи, сите други…()…ништо не може да се испланира, па телото чека според инцидентноста.“

Иако примерите се од социјалистичкото време на Македонија, додека ја читав главата не можев да престанам да мислам да одвратните турканици за пасош без никаков ред, каде мораш да изгубиш цел ден, на тоа дека сеуште мораш да одиш до МАРНЕТ за да си регистрираш домеин, за многу едношалтерски системи насекаде во нашата администрација задржани, на скорешното менување на законот за абортус каде мораш да чекаш три дена и да поднесува барања, недостатокот на јавно достапни многу потребни информации кои треба да се мачиш да ги добиеш (ако ги добиеш!), за тоа што скоро никогаш не се знае кои се точните документи за да добиеш некоја државна бенефиција и услуга и те тераат да се вртиш во круг и да чекаш, за прегледите за магнетна резонанса кои мораш да ги закажеш неколку месеци однапред, за вработувањата ветени на стечајците, на сиромавите, на оние со партиска книшка, на лотариите за вработување, на сите механизми кои не смрзнуваат и не прават имобилизирано тело, не трошат и пасивизираат.

Ќе да не е напуштена оваа практика, што мислите? Очигледно и на пост-комунистичките власти многу им се допаѓа.

Новото

Мене отсекогаш ме фасцинирало инсистирањето на сегашната власт на новото. Инсистирањето на рестартирање на времето, на поставување на нулто-ДПМНЕ време, време од кое натаму се ќе биде друго, се ќе биде „по нивно“. Иако, тоа рестартирање на времето, тоа бришење на колективната меморија, отсекогаш ми бил најголемиот криминал кој можеш да му го направиш на еден народ.

Опсесијата со целосната ре-изградба и узурпација на јавните простори во нашиот град како чин на бришење на старото мене ме асоцира на двете комунистички чистки на историјата за кои зборува Котевска во главата „Нова форма“ – Колишевски кој ги ретчел козите низ Македонија и Татљин во Русија кој ги вадел плочките од плочникот пред Академијата на уметностите во Ленинград и на нивно место садел компири.

„Генералната логика зад двете операции гласи дека ако некоја супстанција била тука од порано, сега треба да се уништо за да настапи НОВАТА“.

Нова историја, нов град, нова култура, ново се за вас граѓани на Македонија! Заборавете! Нултото време, почнува сега.

Цинизам и коментаторство

Често зборуваме за политичкото коментаторство, потточно цинизмот, хуморот и сличните начини на коментирање. Или сме на страната на нивната апсолутна штетност покрај нивната бесмисленост, или сме дел од оние кои тоа го прават и кои ја бранат таквата практика.

Често имаме и проблеми со самиот термин политика. Иако веќе многу пати сите сме пишувале за тоа. Мислата како основно политичко дејство, и целосното потценување на слободата на нејзиното изразување:

„Политиката не е само дејствување, туку и мисла. Кому е наменета мислата на политиката, кој ја прима? Логичен одговор е – сите, она што го нарекуваме јавност, маса, народ. „Политиката е јавно вежбање на судови“ – вели Бадју. „Јас мислам вака“ – тоа е најкратко политика и во демократијата сметаме дека тоа право е подразбирливо, но тоа е скапоцено право, извојувано низ многу векови, а денес гарантирано со уставите.“…

…„Навистина, тоа скапоцено право не значи ништо за вистината на нештата, дури вистината се губи во мноштвото индивидуални судови (познатиот Окамов бич), што од политиката прави коментаторство, вели Бадју.

Котевска пишува дека кога започнале да работат „Монти Пајтон“, веднаш биле откупени од BBC. И, станале меинстрим. Па вели:

„Капитализмот не само што ги толерира, туку напротив ги експлоатира алтернативните форми на хумор, политика, идеологија, сексуалност…Што не е знак дека капитализмот има бескрајна толеранција кон субверзивноста, напротив, ама има само добра идеја за тајмингот (Жижек). “

Значи да не заборавиме со следната шега што ќе ја направиме – го правиме точно тоа што го замислиле за нас. Дури и нашиот сарказам не е приватен. Да, пак, за жал, како и во секој пост, да си кажам еднаш: се што правиме има многу големо значење, ако сакаме да се ослободиме од таа договорност.

Покрај смешките на твитер во кои не учествувам, сопствената вина овде можам да ја најдам во млаките, коментаторски форми на отпор – на безживотните протести (кои добро е што постојат воопшто во вакви услови), во нашата (мојата и на другите како мене) удобна улога на демократски декор. Да, и ние сме експлотирани. Нашиот отпор, сосема во рамките на предвиденото и употребен од сите страни како политички поени кои никогаш не се во корист на нашата кауза.

Или:

„Очајот од грубоста на системот се премавнува со сарказам, истовремено човек се става и на позицијата на жртва, но и на позиција на „вклучен во играта“, дури и некаква номенклатура.“…

…„Парадоксотм меѓутоа, е дека изборот да бидеш итар и да се смееш на системот не е твој, тој избор е веќе направен.“

Слободата 

„Се чувствуваме слободни само затоа што ни недостасува речник со кој ќе ја изразиме својата неслобода.“

Кога медиумите ќе пишуваат за нашата добросостојба затоа што нема да можат да пишуваат за нашата мака, дали тоа значи дека нам ни е добро? (и не е ли веќе така?!)

Индивидуалноста и лидерот

Во подглавјето „Кодните имиња на УДБА“ Котевска има една интересна реченица реченица со која го објаснува култот на Тито:

„Само во култура без индивидуалност е можно најбрзо да се развие култот кон личноста – ако нема личности, тогаш позицијата на Личност ја добива лидерот и тој станува личност, за сите други.“

Во Македонија отворено се напаѓа, со сите можни пропагандни средства секое индивидуално мислење. Сите оние кои имаат различно мислење се претставени, етикетирани и неутрализирани со означувањето на истите како „непријатели на народот“ односно „непријатели на мнозинството, на колективот“. Секој кој ќе се дрзне да мисли поинаку од „легитимното мнозинство“ е непријател, има задни намери за нарушување на удобноста на мнозинството и треба да се ексомуницира. Ова е особено впечатливо кога се работи за било каков вид на политички отпор, или пак, било каков вид на девијација, како на пример, хомосексуалност. Се помалку и помалку има различност, и тоа е евидентно, и колективот се омоќува. Во ваква атмосфера, се случуваат вакви работи:

Песна за Никола Груевски, Тетоважи со ликот на Никола Груевски… и уште многу слични примери. Ова не е нималку наивно. Напротив.

Знаците, молчењето и празните зборови

Само ќе линкам до еден многу скорешен настан: #насвојначин и ќе потсетам како се опседнавме со знаците. Истото го правиме кога ќе има некоја информација во медиумите за некоја апсурдна акција на владата веднаш се прашуваме што се крие зад тоа и што пробуваат да скријат со тој скандал, или пак многу слични такви ситуации. исто така, ова се забележува и кога секогаш бараме скриена намера во добронамерните политички акции, во луѓето кои прават нешто спонтано итн. Интересно ми беше затоа што Котевска дава објаснување за ваквото однесување:

„Македонскиот менталитет, наследен од југословенската комунистичка матрица, денес се заснова на напорот да се „чита меѓу редови“, Тој менталитет значи дека под никакви услови и никогаш не треба да веруваш во тоа што некој ти го зборува, барај скриено значење. Ако твоите семејни пријатели те канат на вечера, обиди се да разбереш дали сакаш да ти побараат пари; ако твојот шеф те прераспредели во друга канцеларија заради кадровска соодветност, паметно е веднаш да се прашаш дали ќе добиеш отказ, и слично. Една од големите маки што произлегуваат од оваа операција е дека никогаш не си докрај сигурен што другиот точно сака да ти каже. Сечиј говор е хиреоглиф,  но ти не знаеш во кој правец да ја водиш суптилната лепеза од можности за негово толкување.“

Заебано, а?

„Се е решено од горе“

Исто така, Котевска зборува и за од каде ова наше мислење – вели дека гласањето масовно за еден кандидат во минатото, комунистичкото минато, обновувањето на демократијата што значело – никако да не се обнови демократијата, создавало апатичност, која ја имаме и денес:

„Тоа создавало апатична дистанца – што има да се трудиме кога се е решено од горе?“

А да се ослободиме конечно од ова комунистичко наследство пред да е предоцна?

И за крај секако:

Неутралниот граѓанин

Во 4тата глава наречена „Протеза“ (како метафора за дистанцираноста и неживоста на граѓанинот), во подглавјето „Берлин, две протетички сцени”, Котевска зборува за сликата која на 20.11.2007 ја објавил ТВ-каналот „Discovery”, на која е прикажан маж како стои на едната страна на поделениот Берлин и на стапче го држи својот шешир за да може да биде виден од човек на другата страна на реката.

Во однос на тоа вели:

„Оваа фотографија покажува каква станува главата на т.н. политички „неутрален“ граѓанин. Тоа е глава што повеќе не чувствува болка и не чувствува екстаза. Неутралниот граѓанин станува оној што главата ја дигнал на стапче – и како чин на снаодливост (нека градат ѕидови, јас пак ќе се еректирам протетитчки за да ги гледам моите најблиски, конечно тоа и е некако отпор), но истовремено е и чин на снисходливост(попустливост) на главата под политичката анестезија.“

Тука можеби можеме да го препознаеме ставот кој често го слушам како тоа дека еве се наоѓа начини и покрај тоа што има многу препреки, се наоѓаат мали задоволства, можеби мали моменти на заборав и бегање од реалноста и како тоа е доволно, дека всушност вистинскиот отпор е премногу замарање и е погрешен и дека и во целосно рестриктивни услови можеме да им се радувме на малите нешта, иако за тоа треба шеширот да си го кренеме на стапче и така да се ампутираме од самите себе.

Секако, тука е и неизбежната димензија на „неутралноста“ а тоа е омоќувањето на злото.

„Кога во јануари 2008 Џорџ Буш при посета на израелскиот меморијален центар посветен на холокаустот, и рекол на Кондолиза Рајс: „Зошто не го бомбардиравме ова?“,  мислејќи на железничките пруги што воделе до Аушвиц, каде што се убиени меѓу 1.2 и 1.5 милиони Евреи, прашањето воопшто не е наивно. Со години експертите по еврејски прашања ја тематизираат проблематичноста на политичката „неутралност“ – доколку САД (кои се до Перл Харбор водеа т.н. политика на неутралноста“) интервенирале – целиот холокауст нема да се случел, особено во такви размери. Оттука, неутралноста секогаш значи дека всушност ја бираш удобната позиција, премолчено да бидеш „на страната на појакиот“, барем додека не бидеш лично засегнат.

Не поминав ни мал дел…

…од тоа што има во целата книга.  Има 436 страници, и зборува за капитализмот и комунизмот како системи, алтернативите, зборува за доста итересната за мене идеја за „паланката“ и „градот“, за надгледувањето, за суровоста, за луѓето. Запознавајќи го минатото можеме подобро да се запознаеме себе денес.

Како што вели во последната глава:

„Подоцна се сетив на Фројд: „Што не може со летање, мора со куцање.““

а ние не знам со која брзина ќе се движиме кон пропаст или напредок. Наше си е.

Со лесно читање!🙂

„Твитер и cyber-bullying“ или „не твитај ако не можеш истото да му го кажеш на некој у фаца“

Мислам, можеме да го наречеме како сакаме. Насловот и не е толку важен. Зборовите од друга страна се, многу. Преку зборовите ја комуницираме нашата личност, му се објавубваме на светот. Можеме да ги користиме за се што сакаме, за на пример, да му го разубавиме на некој денот, или да повредиме некој. Изборот е наш и индивидуален. Последиците се големи и општествени.

Друштвените мрежи и интернетот ни овозможуваат удобна дистанца – можеме да комуницираме со светот без директно да се изложуваме и сме послободни – можеме да кажеме повеќе од што би кажале кога ќе гледаме некој во очи, ослободени од социјалните бариери на реалноста. На друштвените мрежи сме сепак ние – не се некои безживотни аватари (иако руските ботови би имале тука забелешка :)), нашето онлајн егзистирање е само слика на она што сме ние офлајн. Општеството, со сите негови маани и добри особини го пренесуваме онлајн, во мали, поконцентрирани групи. Ги пренесуваме и личните маани и добри особини. Се здружуваме. Луѓето сакаат да се здружуваат. Се чувствуваат поудобно во групи. Некогаш, овие аватари се здружуваат вадејќи ги во прв план добрите особини на општеството и прават хумани акции, шират информации, се забавуваат, па дури и мали работи како тоа да си честитаат родендени. Но многу често, аватарите се здружуваат и ги откриваат гадните особини на општеството кои остануваат потскриени во реалноста – како на пример групното малтретирање(bullying). Сега повеќе не каменуваме луѓе на улица, но затоа го имаме интернетот како свое место за таков тип на здружување. А зборовите се баш како камења – или на човек ќе му изградиме покрив над глава со нив, или ќе му пуштиме крв. Ги имаме на располагање до бесконечност, а изборот е наш.

И во реалноста постојат малтретирачи. Сетете се на лошото дете од школо. На неговите другари. Фина бандица. Во реалноста е малку потешко да си таков човек и носи многу големи последици, па не сите одат по тој пат. Затоа онлајн, тоа е лесно. Можете кога сакате да станете дел од бандицата на лошото дете. Само 140 карактери! Навредлива смешка и досетка. Фејворитс. РЕТВИТС! Се повеќе луѓе ти се приклучуваат на исмевањето. Затоа што се натпреварувате, хаштагот станува се побрутален. Се поише крв. Уживате во каменувањето. Досадно. Се едно исто. Ај спиење. Хит беше нели. Ај утре пак, сеа знаеш како треба.

Уште поголемиот проблем со ваквиот начин на малтретирање е тоа што многу повеќе луѓе можат да го видат. А да не се лажеме до кај сме со еволуцијата, сеуште важи monkey see, monkey do, тоа е човечка работа. Можеби си мислиме дека еден твит кој ќе го твитмеме нема големо значење и се губи, но твит по твит, градиме правила на однесување, норми, градиме култура. Во случајов, градиме култура на малтретирање. Го поставуваме тоа за нормално, прифатливо. Секој твит што ќе го твитнеме придонесува за тоа. А кога нешто станува норма и култура, тоа не е повеќе резервирано само за одбраните – тоа станува дел од однесувањето на сите, и може да им се случи на сите. Еден ден, нема да помислиш дватати пред да твитнеш нешто (на сите ни се вртат милијарда глупости во главите, а некогаш само сакаме внимание) и оп – луѓето на хаштаг викаат дека си глуп, грд, неморален, невреден, дека не си доволно добар човек, секакви гадости.

Покрај градењето на одвратна култура на малтретирање, да не заборивиме уште еден од аспектите на сериозноста на ова однесување. Кога едно дете е малтретирано во училиште, може само тоа и уште неколку деца ќе знаат за ластиците што ги јаде, може ќе знае неговото училиште и роднините, ама толку. Со твитер, тие ластици можат да ги видат сите. Во Македонија нема некои посериозни случаи затоа што сеуште се гради (браво јеи нели) таа култура на чопоративно срамување на луѓе на друштвени мрежи, но во другите земји, како на пример САД, веќе има неколку случаи на самоубиства предизвикани од вакво однесување. И пред да помислите дека одам предалеку, да резонираме вака – тоа што ние сме возрасни и свесни веќе и можеби дури и да ни направат хаштаг ќе се собереме и ќе продолжиме понатаму со сеќавање на неколку лоши денови и повредена самодоверба можеби не е толку страшно, но со тоа што ќе изградиме таква култура и ќе ги научиме наредните генерации на истото, кои нема да се изградени личности и нив имиџот кој тогаш ќе почнат да го градат ќе им е се, оставаме простор за такви случаи каде некое тинејџерче на кое 1000 твитерџии ќе му викаат дека треба да се убие пошто е глупо и постирало некој dorky статус нема да знае баш како да се снајде.

„Од играчка – плачка“ велат, ама ова се сериозни работи.
Твитер е многу непосредна, брза, структуирана комуникација која е одлична платформа за вакво однесување. Македонскиот твитер гледам добро го користи тоа – #анавасилева, #блонди, #кико, #штангла и многу други на кои не ми текнува во 4 сабајле. Многу и не сум видела сигурно, не ми поминале низ тајмлајн.

Зборовите се твојот начин на кој што комуницираш со светот. Твитер е товојот медиум, и твојот збор, огледалото на твојата мисла го пренесува до многу поголема публика. Имаш одговорност пред тоа што му претставуваш на светот, зошто учествуваш во неговото креирање.

И за крај, да се навратиме на едно просто правило кое е златно – „Ако не можеш да се чуеш како гласно го кажуваш твитот пред сите тие луѓе, не го твитај!

protest-bristol-11

Dear international community…

protest-bristol-11

Dear international community,

I hope you had a fine day. In fact, I am pretty sure you did. I myself, did not.
You see, today, in the city named Skopje, from where I come from, in front of the building in which I grew up, there are currently 400 policemen surrounding it. Peaceful protesters were arrested during the night, with the noble cause of saving one of the last remaining parks in Skopje, as the city is clogged with dust, dangerous particles and environment that sparks health problems.

This is not the first time. I’ve been woken up one night, some time ago, with the sound of the chainsaws. It was 4 a.m.. I cried as the old and big trees fell as the angry citizens were clashing with the police. Many, many of policemen, for just 30 citizens. Yes, we are not Gezi. But we are not the Turkish. Macedonia has not still recovered from the communist mentality. We had no resources for that. The governments after exploited that to the highest extent, killing all hope for citizen initiatives.

You see, international community, our parks are cut at 4 a.m.. People fall asleep and wake up in the ruins of what once was their favorite place. They feel sorry, they shrug, but anyway, they pack their things and set off to work, anyway, because they know that later in the day, something worse is coming. Forgetfulness and blindness are the only ways to survive this schizophrenic environment.

We are not Syria. Our children are not dying on the street, gassed to death. But my country is dying in another way. For the first time after going out of Yugoslavia, my people got a country, to build, to grow, to develop, to evolve. As the years passed, those dreams of democracy, prosperity and future of any kind are less and less, as we are going rapidly down on all measured markers. This has a huge toll on young people. We try to keep our heads up from the gutter, but it’s quick sand under our feet.

So what about us? What about all the young, ambitious people, all of that potential (and believe me there is), what about all of those future leaders and people that can change the world to be a better place if only they’re everyday life would not be tied to this fallen dreams? What is there to hope, what kind of future can these people imagine in front of them? As the current government is totally uncooperative, not letting any alternative thinking to take place, or any alternative action or movement to grow except their nationalistic, right-wing ideologies, how do we strive to build something anew here and become better people?

And yet, I hear today, I read in the western Internet portals, laws about “restrictions of movement of the citizens” coming from countries including Western Balkans are being voted. And I understand that very well. I understand where you come from, what backs your ideas, what is you point. And as much as I don’t like it, I agree. But I am writing this, you have to note – with enforcing the visas, you are sentencing a death note to all the potential here, that will be washed away together with the ruins of the fallen trees. And of course, I don’t mean emigration. The liberty of movement is very important so that young people like me can travel, visit, see, and come home to make the place they live in a better one. To at least, see that where they live, something is wrong. You are doing this tyrants that rule us a favor with these laws, and having the enormous capacity to help us, you’re denying it.

So send us your experts, let them come see how we live, talk to the bright here, but talk also to the hungry ones. And than, think again about restricting our mobility.

I wish you a great rest of the day, and I hope we speak soon,
Tamara

park-skopje

(You Gotta) Fight for Your Right (To Party!)

Утрово се разбудив доцна (под доцнам мислам 11 часот) се истегнав, и решив да го искористам ретко убавото време во големиов град во кој не познавам никој за да се легачам во некој парк, читајќи ја Јасна Котеска.

Се упатив кон Mauerpark, еден огромен парк кој ми е блиску до дома. Улиците до таму, полни луѓе. Како и навечер, така и преку ден, луѓето комотно се шетаат со пива во рацете, помлади и постари, дотерани и тотално опуштено облечени, затоа што пиво можат да си купат во кое сакаат време, а продавници каде можат да го напрат тоа има на секој чекор.

На влезот на паркот, брдо точаци. Сите возат велосипеди. Дури и навечер излегуваат по своите велосипеди. Мојата омилена слика ја гледам и на овие улици, која ја видов и во Стокхолм – мажи, облечени во up-tight костуми, одат на работа на велосипеди. Немаат непотребен наметнат притисок од околината дека треба да одржуваат и да го докажуваат својот статус во општеството со тоа што ќе возат автомобил до работа.

Кога влегов во огрмониот парк, од едната страна ме дочека огромен flea market, или пазар како во Скопје што има кај полигонот, секакви дребулии начичкани на едно место, изделен од паркот. Вриеше од луѓе. Набрзина излегов од таму затоа што уште не можам да се навикнам како да се облекувам кога излегувам овде и ми стана премогу жешко од гужвата. Само што излегов на другата страна, на полјаната пред мене имаше наместено бина (која верувам таму стои постојано во летниот период) свртена кон еден мал амфитеатар, кој беше целосно исполнет, со многу луѓе седејќи и по страните, правејќи огромна публика. Всушност, коа се мушнав во гужвата забележав дека тоа е караоке, каде секој кој сака, може да си дојде, и со бенд кој ќе ја свири неговата песна во живо, пред навистина голема публика, може да ги има своите пет минути, да се забавува да се качи и да пее (патем, мора ова да го направиме во Скопје). Луѓето ги бодрат и добрите и лошите пеачи, а заедно се опуштаат во топлото неделно попладне.

Останав таму малку, ме расположија (јас сум најголем скептик кон караоке, ама забавно ми беше колку се луѓето отворени и бесрамни и како тоа на крај се симпатично изгледа), па продолжив понатаму да го истражам паркот. Поминав покрај голема полјана на која од страните, да не сметаат беа наредени фамилии кои си правеа скара, на средината трчаа пуштени кучиња и дечиња заедно, луѓе во ќошевите да не сметааат по дома учеа да свират инструменти. Малку понатаму, во дел кој од претходниот го делеше едно огромно детско игралиште полно деца, на дрвата висеа хамоци, и имаше вистинска дневна опуштена psytrance забава, со вистинско озвучување и фестивалски расположени луѓе. Околу, на полјаната која ја имаа запоседнато со одговорно гласната музика, седеа луѓе со сино исфарбани коси, мајки кои играа со своите бепчиња во рака, млади муслиманки кои си правеа пикник со бурки, деца и родители кои трчаа наваму натаму, од време на време придружувајќи им се на трансерите. Се мешаше мирис на марихуана со мирис на скара во воздухот, ама тоа на никој не му сметаше. Кога ги имам прашувано тукашните пријатели зошто е тоа така, велеа дека полицијата си има попаметна работа. И во право се. Тука го поминав остатокот од времето.

На враќање кон дома, направив уште еден круг, каде открив уште многу помали групи кои си правеа забава или се забавуваа на начинот на кој нив им одговара, не сметајќи си една на друга, сите користејќи го јавниот простор на нивната држава.

Ова беше малку долго, но сакав да ја дадам комплетната слика која ја доживеав, за да ме разберете за тоа што следно сакам да го кажам, во недостаток на технологија за да сликнам🙂.

Клучниот збор овде е, јавен простор. Овие луѓе, ефективно го користат јавниот простор кој ИМ Е ОВОЗМОЖЕН од страна на државата. Го користат сосема слободно, поседувајќи го, слободни да го направат тоа на начинот на кој нив им одговора, затоа што е нивен. Можат да се качат на бина, да си попеат, можат да дојдат да си се изнаиграат на музиката која им се допаѓа. Можат да лежат на сонцето, или како на плажата на која бев вчера, да се шетаат голи. Зошто им се шета. Можат да си купат пиво во било кое време и со истото слободно да се шетаат по град, затоа што не прават ништо лошо.

Ние често не сме свесни за тоа во колку затворено, во исто време и ограничувачко и репресирачко општество живееме. И да ни текне во некој момент, забораваме. Животот е преголем, прекомплциран. Во Македонија со градации се носат „мали“ закончиња кои навидум не прават голема штета, но се само еден чекор кон помалку слобода.

Ни е ограничена слободата на користење на јавните простори со тоа што ги нема. Фонтаните, спомениците, обезбедувањето, означените простори се всушност узурпација на јавниот простор кој ние го поседуваме, наш е, како што е наша републиката. Делегираните простори, уште полошо, просторите пренатрупани со свашта е немо одземање на правото на граѓаните да си ги користат јавните простори како тие сакаат: да се дружат, забавуваат, да размислуваат како тие сакаат, не како што ќе им кажат. Намалувањето на зелениот простор, на парковите, на дрвјата во Скопје е исто израз на тоа дека нема слобода во тој смисол на избор на граѓаните – јавните простори веќе не се ваши, тие се на државата. И крикот на граѓаните кој изгледа смешно од страна, плач или борба за неколку дрва, тоа е таа борба за јавниот простор, борбата за последните места каде можеш да седиш ти како што сакаш, на слободата на тоа да одлучуваш како и што со себе во оваа околина. Некогаш, слободата не исчезнува со тоа што некој експлицитно ќе назначи или ќе ти одземе некое право – некогаш злободата исчезнува со тоа што некој ќе ги земе сите опции со кои ќе можеш да го користиш тоа право, па иако го имаш, нема да можеш повеќе да го практикуваш.

Со тоа што на секое собиралиште изградија споменик на својата идеологија, со тоа што ја забранија слободната работа (времетраењето) на местата за забава, дури се осудија да се вмешаат во изборот на музика (укунувањето на турбофолкот што е ако не директно мешање во нечиј избори и волја?!), со тоа што го ограничија купувањето на пиво како ете, еден симбол на социјализација ма и едноставно волја на тој што сака да го пие, со тоа што ги скратија парковите, ги дигнаа зданијата – со тоа не пикнаа по домовите, да ги случаме нивните небулози, нивните отрови на телевизијата, со тоа што не оставија дома без слободни простори да се мешаме како примерот со младите муслиманки, трансерите, дечињата и кучињата, не делат, не делат и полнат со огорченост, затоа што немаме каде ДА СЕ ОПУШТИМЕ. Значи луѓе сме, мора негде да го издуваме својот вентил од напорната работа, од секојдневните маки. Со тоа што не ни даваат да се опуштиме, или со тоа што можеме да се опуштиме само на начинот на кој НИВ ИМ ОДГОВАРА, КАДЕ НИВ ИМ ОДГОВАРА, не оставаат нервозни, изгубени и сами.

Иако малите групи активисти кои се борат низ годините против оваа појава никако не се сфатени сериозно, се надевам дека сите ќе увидат дека еве, ако не на Македонија, на Скопје му е потребна културна револуција – на Скопје му треба алтернатива и од почеток да си ги освои јавните простори кои се негови, а со тоа да освои и право на своја мисла и право на свој избор.

***насловот е зошто еден дечко на караокето ја пееше песнава, а мене не можеше да ми излезе од глава дека тоа е совршен за ситуацијата која сакам да ја раскажам.