Трагичен случај, полициска бруталност, граѓанство

Јас имам 21 година. Програмер по професија, Скопјанка.
Немам некои политички предизпозиции и познавања, освен здрав разум. Растев заедно со Македонија, дете сум на нејзината транзиција. До пред некоја година бев тинејџер, нормално, тотално несвесна за тоа како функционира светот, а воедно и мојата Македонија. Последниве неколку години, поради мојата природна љубопитност, активно ги превтев сите можни аспекти од тоа како се тоа всушност оди, што е држава, како фунционира политичкиот ситем, од каде доаѓаат парите, што се всушност банките, улогата на граѓанинот во сето тоа. Некако, ми изгледаше премногу голема таа слика и страшни законите кои владеат во целата голема игра на моќници. Решив да го затворам мојот политички глас засекогаш, не слагајќи се нивните принципи. Не гласав, не гледав вести, не ме интересираше кој е на власт, не барав ништо, не добивав ништо.

Сепак, јас сум активен човек. Не можам да седам и да не правам ништо корисно. Последниве неколку години читав за неколку глобални движења и се мислев дали да се вклучам во некое. To make a difference. Не ми се најде некое кое одговара со моите можности и способности. Тоа е она чувство кога сакаш да помогнеш, а не знаеш како. Кога сакаш да го гушнеш светот а мали ти се рацете. Наречете ме како сакате, будала, иделогиста, глупа. Сметам дека не можам јас да сум среќна ако околината околу мене е дисфункционална и има такви кои патат. Има и такви, смејте ми се ако сакате.

Read More »

Advertisements

Во сабота во 10, да го гушнеме собранието!

Кој можеше да предпостави дека се ова ќе трае толку долго? 19 дена надеж за сите, 19 борба и упорност. 19 дена верба во подобра иднина. 19 дена со главата горе, високо.

19 дена, а јас оставив многу од себе по улиците. Не сум само јас, со мене се секој ден таму моите нови браќа и сестри. Доаѓаме од различни фамилии, веруваме во спротивни идеали, генерациски многу се разликуваме. Скоро сите се вработени, а го жртвуваат своето слободно време. Па сепак, не држи секој ден да се враќаме на нашето симболично место, спомен куќата на Мајка Тереза, не држи една заедничка мисла за подобра Македонија, каде можеме да живееме без страв дека за момент лудост, ќе завршиме како Мартин.

Првите денови, чекоревме и викавме, некогаш помасовно, некогаш помалку. Потоа си формиравме свое мало неофицијално собрание кое жубореше од идеи. Се формираа барања (помогна и големата интернет заедница), се поставија груби патокази како ќе продолжиме во иднина, се донираа по 10 денари. Јас уште не можам да се изначудам дека од нешто толку хаотично, излезе нешто волку прецизно. Никој од нас не знаеше што треба да прави. Сите првпат се соочивме со вакво нешто.

Пробаа да не угушат на разни начини. Прво сме опозиција, па украден пиштол – слабо конципирана лага со погрешно место и време, понатаму „нашата“ представничка Биљана која никогаш не дошла на протест и која читаше како прваче од текстот што некој и го напишал, контрапротести од луѓе на кои кога ги прашавме зошто сте дошле, рекоа дека им се јавиле и дека поима немаат. Којзнае што се може уште да се очекува. Власта, наместо да ја прифати одговорноста и да превземе чекори во таа насока како би им дала отчет на граѓаните пред кои одговара, ја игнорира оваа наша борба за правда, прибегнувајќи кон детски методи како споменатите погоре.

Read More »

How did it all start ( Protest against police brutality )

When something starts completely honestly, like a conscience that pressures you and disrupts your sleep and it expands so far as to reach and provoke the change in asleep Macedonian citizens consciousness, the story looks unbelievable. No man at this time, believes in human values, specially in Macedonia, where everybody walk with their head down. It is easy to add to that story, if you don’t know the beginning, any kind of a judgement, for whatever reason suits you.

The night on the 5th of June, everybody was at Basker Fest. I had work to do, I stayed home. Because I work at night, I was awake when a friend went online on Facebook. He was very distressed, he said that he has to tell something, he then went on by describing the murder that happened right in front of his eyes; he said that what shook him the most was that he saw the young body, covered with plastic bags, lying there alone, and nobody taking care of it. He was not alone. He was with about 10 of my other acquaintances. My friend is one of the main witnesses of this murder and maybe you have seen him on television giving statements, although with identity hidden, bravely from the first day. As I remember, he didn’t explain the murder in details, he just said that the young boy was brutally beaten, with a leg in the head, and the head hit from a bench by a “Alfa” special unit member.

Read More »

Како почна се ова ( Протест против полициска бруталност )

Кога нешто ќе почне сосема искрено, како совест која притиска и не те остава да спиеш, а ќе се прошири до размери кои се простираат до менување на свеста на успаните македонски граѓани, приказната личи неверојатна. Никој во ова време не верува во вистинските човечки вредности, осебено во Македонија, каде сите чекорат со наведната глава. Лесно е на таа приказна, ако вистински не го знаеш почетокот да и залепиш разни придавки, да ја осудиш, од било кои причини кои ти одговараат.

Вечерта на 5ти сите си беа на Баскер Фест. Јас имав работа, седев дома. Зошто работам навечер, бев будна кога се уклучи онлајн еден другар на Фејсбук. Беше видно потресен, рече дека има да каже нешто, раскажа за убиство кое се случило пред неговите очи; како што рече, најмногу го потресло тоа што го гледал младото тело покриено со ќеси како седи само а никој не се грижи за него. Не бил сам. Со него биле околу 10тина мои други познаници. Мојот пријател е еден од главните сведоци во случајов и можеби сте го виделе некаде по телевизии како дава изјави, иако не му се гледа идентитетот, храбро уште од првиот ден. Како што се сеќавам, не го обасјни до детали убиството, само рече дека младиот дечко бил брутално претепан, со ногата во глава, а главата во клупа, од страна на припадник на Алфите. За оние кои не им се верува како препознал, извинете ама сите знаеме како изгледаат нашите специајални единици.

Read More »