Во сабота во 10, да го гушнеме собранието!

Кој можеше да предпостави дека се ова ќе трае толку долго? 19 дена надеж за сите, 19 борба и упорност. 19 дена верба во подобра иднина. 19 дена со главата горе, високо.

19 дена, а јас оставив многу од себе по улиците. Не сум само јас, со мене се секој ден таму моите нови браќа и сестри. Доаѓаме од различни фамилии, веруваме во спротивни идеали, генерациски многу се разликуваме. Скоро сите се вработени, а го жртвуваат своето слободно време. Па сепак, не држи секој ден да се враќаме на нашето симболично место, спомен куќата на Мајка Тереза, не држи една заедничка мисла за подобра Македонија, каде можеме да живееме без страв дека за момент лудост, ќе завршиме како Мартин.

Првите денови, чекоревме и викавме, некогаш помасовно, некогаш помалку. Потоа си формиравме свое мало неофицијално собрание кое жубореше од идеи. Се формираа барања (помогна и големата интернет заедница), се поставија груби патокази како ќе продолжиме во иднина, се донираа по 10 денари. Јас уште не можам да се изначудам дека од нешто толку хаотично, излезе нешто волку прецизно. Никој од нас не знаеше што треба да прави. Сите првпат се соочивме со вакво нешто.

Пробаа да не угушат на разни начини. Прво сме опозиција, па украден пиштол – слабо конципирана лага со погрешно место и време, понатаму „нашата“ представничка Биљана која никогаш не дошла на протест и која читаше како прваче од текстот што некој и го напишал, контрапротести од луѓе на кои кога ги прашавме зошто сте дошле, рекоа дека им се јавиле и дека поима немаат. Којзнае што се може уште да се очекува. Власта, наместо да ја прифати одговорноста и да превземе чекори во таа насока како би им дала отчет на граѓаните пред кои одговара, ја игнорира оваа наша борба за правда, прибегнувајќи кон детски методи како споменатите погоре.

Најтешко ми паѓа овие денови, што нашите сограѓани на нашата убава држава, угушени од црно-белиот свет во кој живеат, не ни се приклучуваат во нашата иницијатива. Еве можеби, би ги разбрала постарите, имаат многу минато, но што е со младите кои растеле во исто време со нас? Дали ќе продолжат да чекорат по истиот пат како нивните родители, бирајќи ја црната или белата стаза, слепи за се околу? Зошто тие млади луѓе сакаат да станат 50годишници на кои ништо нема да им чини, односно да се претворат во просечен средовечен македонец? Неодговорно е да не превземаш ништо за да ти биде поубаво. Неодговорно е да гледаш само за себе, додека твои врсници гинат од рацете на оние кои ги плаќаме со нашите даноци. Ако една ваква причина не ве извади од дома и не ве понесе да викнете „Доста е!“, тогаш ги заслужувате сите негодности на кои ќе се жалите во текот на вашиот живот.

За првпат во животот престанав да барам начин да се отселам на некое поубаво место. За првпат во животот со гордост го веам секој ден знамето на Македонија. Горда сум на сите оние кои ја донираат својата енергија, секој ден во 6!

Затоа, дојдете со нас во сабота, да застанеме во одбрана на достоинственото живеење и да побараме правда за сите нас подеднакво. Дојдете кои и да сте, од каде и да доаѓате, било дали сте црни, бели и сиви. Дојдете за вашите деца, дојдете за самите вас.

5 thoughts on “Во сабота во 10, да го гушнеме собранието!

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s