Трагичен случај, полициска бруталност, граѓанство

Јас имам 21 година. Програмер по професија, Скопјанка.
Немам некои политички предизпозиции и познавања, освен здрав разум. Растев заедно со Македонија, дете сум на нејзината транзиција. До пред некоја година бев тинејџер, нормално, тотално несвесна за тоа како функционира светот, а воедно и мојата Македонија. Последниве неколку години, поради мојата природна љубопитност, активно ги превтев сите можни аспекти од тоа како се тоа всушност оди, што е држава, како фунционира политичкиот ситем, од каде доаѓаат парите, што се всушност банките, улогата на граѓанинот во сето тоа. Некако, ми изгледаше премногу голема таа слика и страшни законите кои владеат во целата голема игра на моќници. Решив да го затворам мојот политички глас засекогаш, не слагајќи се нивните принципи. Не гласав, не гледав вести, не ме интересираше кој е на власт, не барав ништо, не добивав ништо.

Сепак, јас сум активен човек. Не можам да седам и да не правам ништо корисно. Последниве неколку години читав за неколку глобални движења и се мислев дали да се вклучам во некое. To make a difference. Не ми се најде некое кое одговара со моите можности и способности. Тоа е она чувство кога сакаш да помогнеш, а не знаеш како. Кога сакаш да го гушнеш светот а мали ти се рацете. Наречете ме како сакате, будала, иделогиста, глупа. Сметам дека не можам јас да сум среќна ако околината околу мене е дисфункционална и има такви кои патат. Има и такви, смејте ми се ако сакате.

Тоа сум јас. Можеби случајно, можеби не, на 06.06.2011 допре таа инфомација до мене. Никој освен мојата генерација и тие две-три години постари од мене не му припаѓа подобро на ова време. Јас пораснав со специјалните единици, не постоеја кога повеќето постари беа тинејџери. Оние кои растеле без нив, можеби никогаш нема да можат да ја сватат мојата детерминираност тој ден. Тоа беше капката што ја прели чашата. Не нивната бруталност, не нивната необѕирност, тоа постоеше и порано. Што вистински ме повреди, што вистински ме налути, беше тоа што државата застана на нивна страна наместо на страната на тоа кутро убиено дете, и проба да ги заштити. Сигурно не е првпат. Ама сега за првпат имав 10тина од моите блиски кои тоа го виделе со нивни очи. Не наседнувајте на вештата демагогија на властите, тоа им е работа, да ви прават убава атмосфера, дури и да е од шарени лаги. За првпат се почувствував доволно јака за да направам промена, тука, сега. Не знам ништо за граѓанство, знам само дека животот проживеан во молк, во очајна борба за подобра материјална егзистенција и без трошка љубопитност освен која агенција има најдобри комбиња за шопинг во Солун, е џабе проживеан живот. Ќе поминете оттука како гости. Јас не можам да си го дозволам тој луксуз.

Видете луѓе, до оние кои се сомневаат или не разбираат. Полициската бруталност, односно нивното „шерифување“ е застарена филозофија која се влече уште од стариот режим. Не можете да не се согласите со мене, сите вие помлади и постари. Сите сте биле сведоци на арогантното однесување на некој полициски службеник или негово самоволие. Ќе излажете ако кажете дека не сте. Ваш проблем е ако мислите дека тоа е нормално или дека тоа така треба. Вие сами си ги скратувате вашите права да бидете почитувани тогаш. Овој случај е само еден во низата овие 20 години. Не е ништо специјален, ниту пак изолиран. Досега вешто се затскривани ваквите случаи, зошто секој си гледа само за себе. Не е мое дете, не ми е гајле, на кој му се става здрава нога во трн. Револтот бликна сега затоа што за првпат имаше голем број млади сведоци кои не сакаа да молчат. Млади потенцирам, затоа што не се задоени со комунистичката стравопочит кон полицијата. Тоа што револтот ја завзема формата на протест, иако мирен, е израз на немоќ и недоверба во институциите. Јас искрено, не знаев што друго да правам.

Следните неколку дена, МВР пробуваше на помалку бедни начини да се извади од ситуацијата, за нив неочекувана, со изјави и превтувања кои на секој кој сака да ги отвори очите и види што се случува му се сосем јасни. Ние во првите неколку дена, помалку наивно, очекувавме дека всушност одговорноста ќе ја превземат. Барем јас очекував. После 3,4 дена, тоа неприфаќање ме удри по главата јако, што ми се сврте. Не бев лута, сега веќе бев разочарана. Можеби сум млада, ама не верував дека една влада, било која во светот, има толкаво непочитување кон своите граѓани. Дека нема да превземе одговорност за ова, и покрај толку докази. Знаете само што требаше, што мене ќе ме задоволеше? Признание. Од сите нив. Извинување кон граѓаните. „Се извинуваме за овој немил настан, за сите предходни, ќе превземеме се што можеме, ќе отпочнеме со реформи веднаш.“ Јас сосема го разбирам нивниот став кон оваа ситуација, тоа дека имаат опозиција која им дише во вратот, дека се не е така едноставно како што јас мислам, дека не смее да се признаваат вакви грешки. Па сепак, мислев дека сите се луѓе, дека меѓу нас нема надлуѓе и дека сите сме заедно во оваа држава. Ама тоа е, научив на потешкиот начин како функционира политичкиот систем кон граѓанинот, не само како целина. Не функционира.

Затоа што сеуште бевме во огромен број, решивме наместо да критикуваме и да викаме уа, да направиме нешто конструктивно како барања, и да покажеме како треба, барем да им дадеме патоказ за тоа што бараме. Барањата се склопуваа неколку дена. Мислам дека интернет заедницата највеќе придонесе. Стигнуваа милион предлози, сите имаа помалку различна идеја, некои беа за оставка, некои не беа, некои беа за вакви промени во закон, некои за такви, и на крај се составија тие што најчесто се повторуваа. Барањата беа гласани и дискутирани повеќе пати, додека не ја добија својата крајна форма. Помеѓу нас нормално затоа што сите се од различни профили, има и политиколози и правници, некои студенти некои не, кои го средија тоа на убав јазик прифатлив за раговор со институција.

Ако внимателно ги прочитате барањата, ќе сватите дека акцентот е на на превземањето одговорност и целосно расветлување на овој случај, што би придонело да се разоткрие и сличноста со минати и јавноста која нема толку контакт со полиција да ја свати сериозноста на оваа иницијатива. Исто така, другиот акцент е на предложени реформи во начинот на изборот и тренирање на кадарот на една одговорнa и благородна функција како полициски службеник. Значи, ние не протестираме против полицијата, не протистираме за растурање на влади, и воопшто не не интересира која партија е на власт. За овој проблем не е воопшто виновна нашата сегашна влада, овој проблем е систематски. Полицајците меѓусебе се бодрат да се однесуваат така, меѓусебе се кријат и поддржуваат. Ова и е шансата на оваа влада да покаже дека е достојна на изборот на народот. Да покаже дека може да поправи нешто толку труло и заостанато како однесувањето на нашата полиција.

Како што можев да забележам, на оние кои контрираат им паѓа во очи оставката. Зошто е тоа барање реално? Како прво, оставка е морален чин. Ако си потфрлил тотално во тоа што си го работел, морално е да го препуштиш местото на некој друг. Како што и рече екс министерот Милошоски денеска, министерите се заменливи. Ние знаеме дека кој и да ја наследи, нема да ја работи работата подобро, сеедно е кој е таму. Но со самото не давање оставка, министерката не ја признава вината и својата грешка, и тотално им го врти грбот на граѓаните, на сметка на својата суета. МВР е виновно по неколку основи: нивен службеник уби граѓанин, го криеја и лажеа на таа сметка. Мене ми е жал што оваа влада мора да се соочи со овие реформи сега и одма, ама кој и да беше на власт ова ќе се случеше. Иако политиката на владејачката партија е повеќе насочена кон националните прашања, и разбирливо зошто Македонија е млада земја, сепак мора да обрне внимание и на граѓанскиот дел кој бара итни промени. Разработувањето на институциите е макотрпна и тешка работа, особено ако се толку дисфункционални како сега, но е изводливо. Македонија има кадри, треба само да се искористат.

Со нас е секој ден братот на трагично починатото момче, Александар. Понекогаш доаѓаат и фамилиите на минати жртви на насилство. Наоѓаат утеха, нивните зборови наоѓаат уши, што порано сигурно не било случај. Ако ги изгубиле нивните мали битки, веруваат во нашата борба.

Овие луѓе кои протестираат, кои останаа мирни и достоинствени секој ден, кој доаѓаат со чисто срце и душа, спремни да го жртвуваат своето време за правдата, заслужуваат внимание. Заслужуваат да бидат слушнати. Заслужуваат нивните барања да бидат одговорени. Овие луѓе, бараат креативни начини кои не вклучуваат палење полицајци и кршење излози, смислуваат акции како оние на протестот на конститутивната седница кои се симболични. Овие луѓе, го представуваат првото вистинско граѓанско движење во Македонија.

Сосема е природно ова движење покрај борбата со застарената полициска филозофија, односно нејзината бруталност, натаму да се развива и да добива други форми. Нормално е да се бори и за други прашања кога ќе дојде повод или време за тоа. Нормално е, и сосема пријатно сознанието, дека некоја група граѓани со будно око отсега па натаму ќе ја следат секоја следна влада и нејзините дејствувања и ќе реагираат ако има потреба.

Во интерес на големината на овој текст, ќе скратам.
Што се однесува до однесувањето на полицијата, извинете ама – This shit’s got to go!

6 thoughts on “Трагичен случај, полициска бруталност, граѓанство

  1. Морална vs Политичка одговорност, т.е зошто бараме *политичка* одговорност.

    Министерот е сосема независен во управувањето со своето министерство. Тој е политички поставен и неговата одговорност за лошо функционирање на министерството е политичка одговорност.

    Во случајов имаме лошо функционирање на министерството, за кое министерот (во случајот министерката) не превзема никаква акција. Постои сериозен сомнеж за корупција (негативна солидардност) меѓу поголем број припадници на МВР, и кога за ниеден од нив не е поведена истрага и не е побарана кривична одговорност, одговорноста паѓа на нејзин грб.

    Морална одговорност би била доколку министерката ја фатиме со љубовник, па тоа да се земе како проблем во моралниот фундамент на министерот, според што не би требало да е поставен на таква (висока) позиција во општеството.

    Кривична одговорност пак, би била ако министерот биде директно вклучен во некое кривично дело (за што во случајов, колку знам, немаме докази за такво нешто).

  2. Браво и поддршка. Оние кои пливаат во политичките води знаат што значи ваквата неосетливост на легитимни барања: темните стакла на луксузните автомобили и привилегиите го менуваат процесот на размислување.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s