(Не)зависна идеологија


Некој друг разочаран, малку покосен од она кое денеска се случи? Пред моите очи ми беше демонстрирана сила, силата која никогаш не ја чувствувам врз себе и заборавам дека ја има оној кој е на власт.
Бе, нема потреба ни да ги хипнотизираш. Се даваат некупени.
Се прашувам, што мојата мајка згреши во производството, што јас не можам да сум таму?
И се прашувам и се думам вечерва: За што живеат тие луѓе, и која е мислата која ги заспива и буди?

Advertisements

Созревањето и напредокот

protest
Уште изгледа така несигурно иднината

Овие неколку месеци имав можност да влетам во неочекувани настани, да поминам ни многу неверојатни ситуации, да морам да донесувам одлуки, да морам да носам на грб одговорност. Не ме обесхрабри и не ме разочара сето тоа што се случуваше, напротив ме направи посилна и направи да решам да не престанам да се борам никогаш.

Од бесен и револтиран граѓанин, овие настани ме претворија во активист. Гледајќи го острана моето созревање на полето на политичката активност, преку интензивниот бурен курс кој ме притискаше да научам се, сега и овде на улица, сеуште ми е малку неверојатно што се се случи. За вас месеци, за мене ко да се години.

А што значи тоа да си активист? Според дефиниција е „особено активен ревносен адвокат на некоја кауза, особено политичка кауза“. Како и да е, активизмот може да завземе многу облици, многу начини. Не мора ни да е толку ревносен, но и тоа како мора да е активен.

Read More »