Созревањето и напредокот

protest
Уште изгледа така несигурно иднината

Овие неколку месеци имав можност да влетам во неочекувани настани, да поминам ни многу неверојатни ситуации, да морам да донесувам одлуки, да морам да носам на грб одговорност. Не ме обесхрабри и не ме разочара сето тоа што се случуваше, напротив ме направи посилна и направи да решам да не престанам да се борам никогаш.

Од бесен и револтиран граѓанин, овие настани ме претворија во активист. Гледајќи го острана моето созревање на полето на политичката активност, преку интензивниот бурен курс кој ме притискаше да научам се, сега и овде на улица, сеуште ми е малку неверојатно што се се случи. За вас месеци, за мене ко да се години.

А што значи тоа да си активист? Според дефиниција е „особено активен ревносен адвокат на некоја кауза, особено политичка кауза“. Како и да е, активизмот може да завземе многу облици, многу начини. Не мора ни да е толку ревносен, но и тоа како мора да е активен.

Секојдневно се опкружени со можности да извојуваме мали битки, ја имаме шансата за мали победи. Ние сите сме дел од нашата држава, од нашето микро општество овде и сега, и само ние ја имаме моќта да ја движиме напред. Малите битки се многу поважни од големите затоа што брзо се прифаќаат и можат да станат навика. Како прво и најважно за да може да се победат тие мали битки е да си ги знаете правата. На пример, следен пат кога непрописно ќе ве застане сообраќаец, можете слободно да не застанете или пак застанете и укажете му на грешката. Побарајте да се легитимира, проверете ја казната ако нешто сте згрешиле, што пишува и дали е вистинито.

Кога некоја исфрустрирана тетка на шалтер ќе сака да ве помалтретира малку затоа што и е топло, не е расположена и сл. побарајте да разговарате со надреден, спротиставете и се. Обасјнете и културно дека нема никакво право така да се однесува со вас. Следниот пат можеби ќе се подзамисли како ќе разговара со оние кои е платена да ги услужи.

Ако патот не ви е направен, барајте од општината!
Ако имате идеја, поднесете ја!
Ако знаете за неправда побарајте поддршка и не молчете!
Ако мислите дека ви е скратено некое право, барајте си го!
Барајте, барајте, барајте!

Зошто се западните и скандинавските земји толку функционални на граѓанско ниво? Зошто патиштата се мазни, јавниот превоз фунционира, а институциите на државата се достапни и услужливи? Затоа што граѓаните си бараат. Се бунат. Го притискаат ситемот кој е созаден ним да им слугува. Не е протестот единствен начин на борба. Мирната упорност е многупати појака и помоќна. Ако цело село, упорно поднесува барања за нивниот па да се асфалтира, можеби долго ќе трае, ама резултатот нема да изостане. Дури и да се проба со корупција на еден или двајца, целото село ако продолжи да испраќа барања, на крај ќе им дадат, макар и само заради тоа што се досадни.

Погледете го ова видео, каде Џулија Бача го носи нашето внимание кон палестинското село Будрус во 2003 година, каде после 10 месечни ненасилни протести извојувале да не биде поставена бариера преку нивните насади, со која ќе ја изгубеле земјата. Исто така, во видеото, Бача обрнува внимание и го покренува прашањето зошто се обрнува внимание само на насилните протести, на сметка на водачите на ненасилните протести, кој може еден ден да донесат мир во Израелско-Палестинскиот конфликт, што важи и за сите глобални тенденции.

Вие сте клучните играчи во вашиот мал свет во кој живеете. Светот не е таков каков што е, сите ние го правиме да биде тоа што е. Нема јаз помеѓу нас и политичарите. Тие се луѓе од нас, ние ги гласаме, и damn right дека ќе си бараме работи од нив. Не знам која беше тактиката на предходната влада, но оваа влада успева да го држи народот хипнотизиран во лавиринтите безизлезни во кои се наоѓа со кичасти прослави, национализам и сеење страв. Мафтаат со часовникот со споменици наместо бројки пред очите на оние кои се мачат и сакаат да видат само доказ дека постоењето има смисла, данокот има смисла, ене го, стои на проштад.

За да не ни виси над главите она „Насмевни се, утре ќе биде бетер“ мора да ја спознаеме и практицираме нашата граѓанска должност и нашето граѓанско право.

Направете си за задача да извојувате барем една мала битка, колку почесто можете. Чувствувајте се горди кога позади себе ќе оставите институција со кисело лице а вие ќе го имате вашето ливче во раце. Можеби токму вие ќе ги натерате да сменат нешто.

Знам дека се ова го знаете. Знам дека не споделувам нешто ново. Зошто тогаш не го правиме? Единствено нешто на кое повикувам е храброст да ја направиме Македонија удобна за сите нас. Мака ми е, затоа си пишувам.

p.s. Ако не ја прочитавте оваа статија досега, срдечно ви препорачувам да го направите тоа, адресира многу важни аспекти за изминатите протести: Полициската бруталност и општествената класа линк.

p.p.s. Секогаш, апсолутно секогаш кога се наоѓате во сомнителна ситуација, спремен телефонот за снимање. Никогаш не се знае.

3 thoughts on “Созревањето и напредокот

  1. Одамна решив: се борам и барам, барам, барам…во малите работи, тешко оди но јас сум упорна. Јас сум граѓанин, не поданик! Драго ми е што го напиша постот затоа што гледам дека има и други кои размислуваат како мене. Јас сум доста постара од тебе, навинката да живеам во општество во кое главната девиза беше/е, “снајди се!“ , “ шо ќе праиш, ќути, оти може и да не завршиш работа!“ или “ не се спротивставувај на полицаец оти може УШТЕ ПОЛОШО да поминеш“ и сл. Тешко дека ке се ослободиме од овој заробен ум. Затоа , овој пост ми дава надеж дека поединци со интегритет ќе има се’ повеќе! голем поздрав

    • Сеуште се провлекуваат тие ставови. Да сфатат сите дека се „граѓани, не поданици“ како што велиш, би отишле многу, многу напред. Има време, мали чекори до целта, ги делиме истите надежи. Поздрав и благодарам.

  2. Супер пост! Одамна им го зборувам ова на сите, а од најблиските наместо поддршка, добивам квалификации „бунтовник без причина“ и веднаш контра: Ведната глава сабја не ја сече.

    Аман од премолчување, аман од апатија, аман од немотивираност!
    Бар младите да се разбудат, ако веќе нашите родители се изгубена кауза!

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s