Слобода

Во овие времиња кога се е тишина, ти велам слобода…

Мајка ми е мојот херој. Низ што не помина нашата фамилија сите овие години, таа храбро ја носеше на својот грб. Секогаш тука за нас. Треба да добие орден само што ги издржа моите тинејџерски бубачки. Нејзиното трпеливо демистифицирање на светот додека растев, ме научи на многу работи кои го олеснија моето постоење. Се два, три збора ми го објасни тој лош чад од дневната за јас никогаш да не запалам цигара. Ми објасни зошто некои луѓе се злобни. Зошто некои имаат толку многу повеќе од нас. Ми објасни зошто да му помогнам на детенцето кое пита во аголот. Зошто да не фрлам ѓубре на улиците. Најважно од се, ми објасни дека јас сум одговорна за овој свет од кој сум дел, и дека јас сум креатор на својата судбина.

Мамо, ти благодарам за мојата слобода.
Се надевам и вие ќе ја најдете вашата.

Advertisements