За престојната трибина: Преку граѓански активизам и реформа на МВР до подобро општество

Во моментов трае судењето на Игор Спасов, за случајот на 06.06.2011 година. Горда сум на моите пријатели кои уште од првиот ден храбро истапија и јавно говореа за тоа што за жал имале прилика да го видат таа вечер, а уште повеќе сум горда на нив кои сега храбро стојат пред обвинетиот и целата јавност и ја повторуваат таа приказна. Тоа не е лесно да се направи како што изгледа. Макдонската страв е многу, многу длабоко вкоренета за да биде тоа едноставно како што е едноставно кога дома го тужакате братот или сестрата што ја скршиле чинијата. Тоа се обични луѓе, со обични животи кои лесно можат да бидат разнишани или уништени од раката на неправдата како и оној на несреќниот Мартин. Затоа ја заслужуваат целата наша почит. Ви благодарам.

Оние кои присувстувале на судењето, јавуваат низа нерегуларности, а една од оние кои највеќе ми се згади кога ја слушнав e “На судењето,колегите на Спасов седеа у прв ред и снимаа и сликаа со мобилни тел. дур траеше процесот,а сведокот даваше изказ!” како што вели Кирил Ефремовски кој бил на првиот ден на судењето. Што е толку лошо кој овој чин? Како прво тоа е недозволиво според закон. Ако оваа држава не сакаше да ги удостои нашите молби со месеци кои повикуваа правда, може барем да овозможи пристојно судење. Но не, изгледа и тоа е премногу да се бара. Исто така, овој чин ги исто така укажува и целата безобразност која тие личности ја демонстрираат и тоа им е дозволено, со тоа што ги сликаат и снимаат сите присутни и со тоа праќаат порака „Снимени сте, знаеме кои сте“. Откако ова излезе во јавност, знам многумина кои сакаа да присувствуваат на судењето а кои се откажаа. Машината на заплашување и мајмунски примитивни потези, сеуште работи.

Read More »

Advertisements