За престојната трибина: Преку граѓански активизам и реформа на МВР до подобро општество

Во моментов трае судењето на Игор Спасов, за случајот на 06.06.2011 година. Горда сум на моите пријатели кои уште од првиот ден храбро истапија и јавно говореа за тоа што за жал имале прилика да го видат таа вечер, а уште повеќе сум горда на нив кои сега храбро стојат пред обвинетиот и целата јавност и ја повторуваат таа приказна. Тоа не е лесно да се направи како што изгледа. Макдонската страв е многу, многу длабоко вкоренета за да биде тоа едноставно како што е едноставно кога дома го тужакате братот или сестрата што ја скршиле чинијата. Тоа се обични луѓе, со обични животи кои лесно можат да бидат разнишани или уништени од раката на неправдата како и оној на несреќниот Мартин. Затоа ја заслужуваат целата наша почит. Ви благодарам.

Оние кои присувстувале на судењето, јавуваат низа нерегуларности, а една од оние кои највеќе ми се згади кога ја слушнав e “На судењето,колегите на Спасов седеа у прв ред и снимаа и сликаа со мобилни тел. дур траеше процесот,а сведокот даваше изказ!” како што вели Кирил Ефремовски кој бил на првиот ден на судењето. Што е толку лошо кој овој чин? Како прво тоа е недозволиво според закон. Ако оваа држава не сакаше да ги удостои нашите молби со месеци кои повикуваа правда, може барем да овозможи пристојно судење. Но не, изгледа и тоа е премногу да се бара. Исто така, овој чин ги исто така укажува и целата безобразност која тие личности ја демонстрираат и тоа им е дозволено, со тоа што ги сликаат и снимаат сите присутни и со тоа праќаат порака „Снимени сте, знаеме кои сте“. Откако ова излезе во јавност, знам многумина кои сакаа да присувствуваат на судењето а кои се откажаа. Машината на заплашување и мајмунски примитивни потези, сеуште работи.

За скоро сите други аспекти од овој случај веќе пишував. Поради козистентноста и јасноста на податоците на блогот низ овие месеци, се воздржав од пишување на други теми кои ме интересираа и на кои имав што да кажам.

Од 06ти јуни поминаа 5 месеци и борбата за правда иако еволуираше не стивнува. По активните протести кои траеја повеќе од месец и стивнувањата на истите од повеќе причини, една од која потребата институционално да се реши ова иако институциите не престануваат да потфрлаат, заврши истрагата и почна судењето за кое коментирав погоре. Сега ни останува да чекаме и да видиме како македонското судство а со тоа и македонската власт ќе покаже дека има барем трошка достоинство и интегритет и дека ќе постапи како што треба во овој случај, иако знам, не им е многи по волја.

Сега во моментов, според моето мислење, додека трае судењето и борбата се води и институционално, нема потреба од протести на улица. Тие почнаа и се одржаа додека траеше иницијалната лутина и немоќ, која е сосем нормално дека неможе да се оддржи засекогаш, зошто се што трае толку многу време почнува да вклучува многу фактори и работите се комплицираат. Засега во овој период на чекање, е доволно да се информира јавноста за поголемата слика и за тоа што овој случај значи, и што тоа тие кои протестираа сакаат да постигнат. Еден од сосема прикладните начини тоа да се направи е преку трибини каде повеќе говорници можат да го истакнат своето мислење на оваа тема.

Првата трибина која ќе и служи на оваа цел е со тема: Преку граѓански активизам и реформа на МВР до подобро општество.

Важно е да се забележи дека не сме сами на светот со полициската бруталност. Тоа е глобален проблем. Општеството какво што е во моментот, системот кој така е конструиран, ја поддржува и овозможува бруталноста.

Македонија за разлика од некои други држави како Грција, Шпанија, В.Британија, се соочува првпат со отпорот кон оваа „маана“ на системот и затоа овие протести предизвикаа толку контраверзии, и сеуште предизвикуваат (барем локално).

Реформите на МВР не би требало да им предствуваат толкав проблем на властите, но ете сепак, од таму се наидува на најмногу отпор. Секој граѓанин е свесен дека се потребни и може да посочи барем еден пример каде подобрувања би можеле да се направат. Истото ни го советува и Европската Унија, кон која за жал во послениве неколку недели се катализира негативен набој.

Надворешната контрола на МВР може да донесе многу бенефити во правилното работење, но исто така и да скрати многу од омилените скриени внатрешни криминални активности на секоја македонска администрација, а тоа се корупцијата, прикривањето и штитењето на грбот на колегите на сметка на граѓаните, служењето на власта многу повеќе од на граѓаните итн.

За ова повеќе ќе зборуваме на трибината, каде со нетрпение чекам да видам што поискусните и постарите имаат да кажат на овие прашања. Позитивниот одговор од министерката иако многу пожелен, би ме изненадил искрено. Поголемиот број од македонските политичари не се впуштаат често во отворени дебати, каде немаат идеални услови и спремен текст. Самите пресудете зошто.

И за крај: Ајде заедно да разговараме за промените и заедно да ги овозможиме!

Се гледаме во четврток.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s