Да не останам покуса…

…и да останете лишени од мојата годишна рекапитулација еве ќе побрзам да го фатам овој претпоследен ден кој во голема мера веќе ми избега, и нели, да си кажам што имам :).

Не сум на оскари и не мора да ми биде совршен говорот, ама 1000 пати избришав што пишав. Тешка година оваа за ставање во неколку збора. Може зошто вака кога ќе почнам да мислам наназад ми текнува на некои работи кои сум ги заборавила намерно или ненамерно.

Годинава научив повеќе сурови вистини отколку што мислам дека ми се потребни да знам на 22 години; научив дека луѓето можат да ја вртат главата на другата страна и пред крвта, научив дека државата не е тука за тебе и дека не ти е пријател ако и укажуваш на нејзините грешки, научив дека стравот е многу помоќен од вистината, научив дека на крај е секој човек сам за себе.

Од друга страна пак, почувствував колку моќни можат да бидат 150 луѓе без пушки и пиштоли во рацете, луѓе кои се спремни да се борат за вистина. Научив дека иако вредноста на човековиот живот е доведена на нула, сепак има луѓе кои се спремни да се борат за животот на тој до себе. Запознав луѓе до кои чекорев 2 месеци кои ќе ми бидат пријатели за цел живот. Почувствував како е да си на вистинското место во вистинското време, и дека за такви моменти вреди да се живее.

Read More »

Advertisements

Елката од пластични шишиња – мисија успешна!


Клик за поголемо
Бевте ли да ја видите елката? Сеуште стои во паркот, ќе стои до Новата Година.Поминете да ја видите пред да ја снема, лична е :). Се наоѓа веднаш пред школка на една од канделабрите, во Градскиот Парк.

Одличното time-lapse видео најгоре е дело на @Stariot, Методија Ичев и Милан Јакшиќ. Податоците на иконграфикот ги составувавме од сеќавање, па се горе-доле точни. Секој си има малку различна перцепција па бројките можеби се малку поголеми или помали (за бројките се погрижија @NewMediaMk, a за дизајнот @banekoma).

Сите слики ќе бидат поставено ОВДЕ, @alexhris e најажурна веќе ги качи :). Акцијата се одвиваше два дена како што и беше планирано, со тоа што првиот ден на 24.12 на пунктовите собиравме шишиња од 12 до 14 часот, а на 25.12 ја правевме елката.

Ни требаше некое време да се собереме и да почнеме да работиме, па со вистинска работа почнавме малку пред 12, а завршивме во 17 часот. На почетокот рано наутро околу 10:30 па се до 12 часот бевме истата екипа која собиравме шишиња предходниот ден, појачани со Кристијан кој е едно многу еко расположени средношколче кое за акцијата дознало од Фејсбук, и еден дедо на своите 80 години кој за акцијата дознал од Вечер, и дојде со полни ќеси шишиња, радо дупчеше дупчиња во нив со нас, па дури ни испеа и песна!

Read More »

Граѓанскиот сектор – конкуренција или сојузник?

Должам текст уште откако заврши втората трибина која ја организиравме како движење насловена како „Граѓански активизам, предизвици, видливост и медимите“, делумно затоа што чекав видео (кое не го дочекав), делумно зошто не извлековме некоја непосредна и итна поента која мора да се сподели.

На трибината беше начнато прашањето за статусот на граѓанскиот сектор и НВО организациите во Македонија, но некако чувствував дека има нешто повеќе позади тоа и затоа не избрзав да пишувам.

Збор-два за трибината

Гости на трибината беа Мирка Велиновска-новинар и колумнист во Н.Македонија, Оливера Трајковска-новинар, автор и водител на WIN-WIN, Мите Кузевски-New Media, социјални медиуми, блогерајство и интернет, Никола Наумовски -активистички организации.

Клик за повеќе слики

Трибината ја отвори г-ѓата Велиновска одејќи малку подалеку од темата, елаборирајќи за НВО организациите во Македонија, особено давајќи акцент на тоа дека се водени од од агендите на западните земји, односно дека нивните теми не се вклучувачки односно не доаѓаат од потребите на заедницата. Во заклучок, г-ѓата Мирка рече дека НВО секторот потфрла. Ќе ви кажам подоцна зошто во овој пасус има зацрнети букви.

Read More »

Новогодишна елка од пластични шишиња

Среќна Зелена Нова Година

Иако должам неколку блогови незавршени на вечната тема на мојот блог, оваа акција едноставно не може да чека и носи така добра порака што има неоспорлива предност. Јована на својот блог веќе објасни како се случи оваа идеја и како почнавме да се организираме.

Сите кои живеат во Скопје овие неколку недели се сведоци на нивото на неговото загадување. Наместо веднаш да почнеме да покажуваме со прсти и да ја бараме вината во други, прво треба да погледнеме кон себе: Со што јас придонесувам кон или против загадувањето?

Како една симболична акција која има за цел да ја подигне свеста и личната одговорност кон средината во која живееме, а и да ги искористиме материјалите како шишињата кои не ни се потребни за нешто убаво и корисно, елката од пластични шишиња ја представува нашата заедничка желба за почист град.

Со некои од луѓето кои се пријавија овде се сретнавме за да направиме некаков план пред да почнеме да ја правиме елката.

Главниот настан на спојување на елката и нејзино конструирање ќе се случува на 25ти декември во Градскиот Парк. До тогаш треба да собереме што можеме повеќе шишиња!

За полесно собирање на шишињата решивме да ги собираме еден ден порано, на 24.12 од 12 до 14 часот на неколку пунктови во Скопје. Читајте внимателно и учествувајте!

Read More »