Граѓанскиот сектор – конкуренција или сојузник?

Должам текст уште откако заврши втората трибина која ја организиравме како движење насловена како „Граѓански активизам, предизвици, видливост и медимите“, делумно затоа што чекав видео (кое не го дочекав), делумно зошто не извлековме некоја непосредна и итна поента која мора да се сподели.

На трибината беше начнато прашањето за статусот на граѓанскиот сектор и НВО организациите во Македонија, но некако чувствував дека има нешто повеќе позади тоа и затоа не избрзав да пишувам.

Збор-два за трибината

Гости на трибината беа Мирка Велиновска-новинар и колумнист во Н.Македонија, Оливера Трајковска-новинар, автор и водител на WIN-WIN, Мите Кузевски-New Media, социјални медиуми, блогерајство и интернет, Никола Наумовски -активистички организации.

Клик за повеќе слики

Трибината ја отвори г-ѓата Велиновска одејќи малку подалеку од темата, елаборирајќи за НВО организациите во Македонија, особено давајќи акцент на тоа дека се водени од од агендите на западните земји, односно дека нивните теми не се вклучувачки односно не доаѓаат од потребите на заедницата. Во заклучок, г-ѓата Мирка рече дека НВО секторот потфрла. Ќе ви кажам подоцна зошто во овој пасус има зацрнети букви.

Г-ѓица Трајковска беше малку поблиску до темата, рече дека „медиумите можат да го актуелизираат проблемот кој активната политика не ни знае дека го има“. Како пример го посочи „Девојчето без ајфон“ од Хрватска, за кое откако се расчуло во медиумите придонело да се донесе закон да се забранат мобилни телефони во училиштата. Целиот граѓански сектор се активирал и придонел да се направи промена.
Понатаму, г-ѓица Трајковска рече дека во Македонија нема солидарност помеѓу групите и се доживуваат како конкуренција, но и тоа дека ние сме премали, и стравот од „Големиот Брат“ лесно може да победи заради тоа.
Во дискусијата додаде и нешто што на сите ни е многу јасно: Се во Македонија е фелацио со високата политика.

Никола потсети дека „демократското општество е општество на конфликт“ и дека во идеалните услови НВО би биле активни во менувањето на политиката. Исто така, напомена и дека медиумите пропуштаат да ги актуелизираат темите кога нема шоу, со што вредни теми се пропуштаат.

Мојот омилен говорник вечерта, Мите Кузевски, најмногу се држеше до темата и зборуваше за активизмот кој се раѓа на социјалните мрежи и нашите предизвици за спроведување на промените кои се потребни. Кузевски рече дека активизмот на интернет е „симулиран активизам“ – си пишуваат блогови и мислат дека некој ги слуша (како мене еве нели :)). Понатаму, истакна дека дигиталниот активизам не е демократија и еднинствено е корисен кога ќе се пренесе во традиционалните медиуми.
Рече дека ние летоска се судривме со информациски мрак – што и беше вистина.
Рече и дека во македонското општество политиката секогаш била креирана од политичките партии. Ние со нашата желба за практицирање политика им влагаме на терен, и затоа секој политички став се сфаќа како дел од партија.
Поентата на Кузевски беше дека иако социјалните медиуми играат важна улога во првите неколку денови на ширење на пораката, потребно е преку традиционалните медиуми пораката да се донесе офлајн, и да се истурка се до парлементот.

Како заклучок од дебатата, можам да извадам неколку точки (по прашањето на насловот на истата):
– „нема шоу нема приказна“;
– приказна е само она што е во интерес на пошироката публика, односно приказната бара масовсност;
– во Македонија нема истражувачко новинарсто;
– а нема ни дебата.

НВО не е еднакво на граѓански активизам

Затоа и ја потенцирав таргет групата на г-ѓа Велиновска. Граѓанскиот активизам може, но и немора да доаѓа од страна на некоја НВО организација. Во Македонија генералното мислење за невладините организации варира од целосно незнаење за нивното постоење и акции, до нивно стигматизирање како зло и разорувачи на државата. Никола во текот на трибината истакна дека невладините организации во Македонија се несфатени, односно дека погрешно се толкуваат. Јас не би можела да не се сложам дека тоа е така, но сепак, дали НВО се запрашале дали самите придонесуваат за тоа?

Цитат од текстот на Новица Наков: Кон „Изгубената република“ од Лоренс Лесиг и некои идеи поврзани со неа по настанот „Стратегии на отпорот – од културен активизам до нови модели на општествено дејствување“. Трк да го прочитате, вреди.

…Со сето погоре кажано, мислам дека можеме да се вратиме на првичното прашање, макар преформулирано: „Што ќе (о)стане од/со македонскиот граѓански сектор кога големите донатори ќе си заминат“? Истражување веројатно би потврдило дека голем дел од тие организации ќе изумрат. Ќе изумрат бидејќи немаат изворни идеи за да работат за подобрување на оштеството во кое постојат, туку постојат бидејќи се дел од самозасилувачки систем на правање проекти што може да се прават единствено поради тоа што тие проекти се достапни за правење благодарение на позиционирањето на донаторите. Колку и непопуларно капиталистички да личи тоа, луѓето што работат во тој сектор ќе мора да се снајдат на пазарот. Не знам кои организации ќе преживеат. Се надевам дека Слободен софтвер Македонија ќе преживее бидејќи многу малку од нашите активности се зависни од донаторски пари.

Но, поважното прашање што ѕирка зад ова е: „Кои прашања се важни за граѓанското општество во Македонија, ако се изземат дисторзиите што ги создаваат големите донатори?“ Мислам дека ова е вистинската тема што треба да се дискутира.

Сепак, генералниот впечаток кој го оставаат поголемиот број од вклучените во граѓанскиот сектор – НВО е токму тој – аплицираат за странски пари кои се даваат за да се работи на теми кои се одлучени однадвор дека му требаат на ова наше општество, и граѓаните имаат потешкотии да се поврзат со тој пристап. Не дека со ова ја оправдувам мрзливоста и апатијата на моите сограѓани, но сепак, влијае на нивната желба да се вклучат.

Граѓанскиот активизам, grassroots движењата како она кое се роди летоска, доаѓаат од улиците, од маката и од итната потреба за промена. Се разликуваат од активностите на проект насочените НВО со спонтаноста и нетрпеливоста. А и со честиот неуспех. Со политички не измерените желби. Со наивните идеи🙂.

Како и да е, сметам и дека многу од НВО сосема коректно си ја работат својата работа и дека многу често тоа дискредитирање на тој сектор во целина се злоупотребува. Се злоупотребува од стравот на високата политика од граѓанскиот сектор, од стравот од нивното присуство на теренот на кој тие си играат непречено 20 години.

Граѓанскиот сектор – конкуренција или сојузник?

И пак тоа прашање. По се горе кажано, можам да констатирам дека власта го гледа граѓанскиот сектор како конкуренција. За жал. Токму власта најмногу ги злоупотребува механизмите за дискредитирање на граѓанскиот сектор. Покрај честите медиумски напади, граѓанскиот сектор се соочува и со сопки како лустрацијата. Текстот на Миша Поповиќ „Сите граѓани се еднакви освен оние што не се“, исто must read како заклучок вели:

…Но граѓанското општество, партиите, верските заедници и новинарите не се јавна власт. Тие функционираат во спрега со јавната власт – но не се јавна власт. Оттука, одлуката е политички обид да се контролира овој дел од јавната сфера. Прво, на начин што неоправдано и надвор од некоја либерална правна култура се уредува материја која неможе правно да се уредува бидејќи го ограничува правото на граѓанско, партиско и верско здружување на секој граѓанин. Второ, бидејќи ја поставува граѓанската сфера на морален отчет надвор од постоечката правна регулатива со што уште еднаш и се наметнува.

Според мене, гледањето на граѓанскиот сектор како конкуренција, е инфантилно за една држава која сака да напредува. Соработката со идеите кои се појавуваат на улиците е од клучна важност за постигнувањето на баланс помеѓу граѓаните и високата политика.

Сакав тука да настапам со цитати од некои кои ја познаваат оваа проблематика многу повеќе од мене, но едноставно немам време за да ги барам.
Затоа ако имате некое четиво на оваа тема, за борбата помеѓу граѓанскиот сектор и високата политика и неминовната потреба тие да соработуваат, а мислите дека е вредно да се прочита, оставете линк во коментар.

А и ве прашувам како да и го демистифицираме граѓанскиот сектор на власта и да ја натераме да заиграат?
Новица вели „треба да се сензибилизира јавноста“, но со ваквиот статус кво на граѓанскиот сектор тоа е малку можно.
Што мислите вие?

2 thoughts on “Граѓанскиот сектор – конкуренција или сојузник?

  1. Исто така е важно што се испревртува името и смислата на НВО што е западен лажен термин што кај нас се подразбира перење пари, нашите НВО не се „НВО“ туку ЗДРУЖЕНИЕ НА ГРАЃАНИ и со самото тоа веќе контекстот на активностите и очекувањата во врска со овие организации надвор од рамките на извршната власт имаат своја тежина. ЗГМ наместо НВО е (според мене) првиот почеток на ре-демонизација на терминот и така може да почнеме да внесуваме интегритет во врска со овие организации и нивното влијание врз граѓанскиот секрот🙂. Браво за трибината!

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s