Елката од пластични шишиња – мисија успешна!


Клик за поголемо
Бевте ли да ја видите елката? Сеуште стои во паркот, ќе стои до Новата Година.Поминете да ја видите пред да ја снема, лична е🙂. Се наоѓа веднаш пред школка на една од канделабрите, во Градскиот Парк.

Одличното time-lapse видео најгоре е дело на @Stariot, Методија Ичев и Милан Јакшиќ. Податоците на иконграфикот ги составувавме од сеќавање, па се горе-доле точни. Секој си има малку различна перцепција па бројките можеби се малку поголеми или помали (за бројките се погрижија @NewMediaMk, a за дизајнот @banekoma).

Сите слики ќе бидат поставено ОВДЕ, @alexhris e најажурна веќе ги качи🙂. Акцијата се одвиваше два дена како што и беше планирано, со тоа што првиот ден на 24.12 на пунктовите собиравме шишиња од 12 до 14 часот, а на 25.12 ја правевме елката.

Ни требаше некое време да се собереме и да почнеме да работиме, па со вистинска работа почнавме малку пред 12, а завршивме во 17 часот. На почетокот рано наутро околу 10:30 па се до 12 часот бевме истата екипа која собиравме шишиња предходниот ден, појачани со Кристијан кој е едно многу еко расположени средношколче кое за акцијата дознало од Фејсбук, и еден дедо на своите 80 години кој за акцијата дознал од Вечер, и дојде со полни ќеси шишиња, радо дупчеше дупчиња во нив со нас, па дури ни испеа и песна!

Во текот на денот се свтеа околу 100 луѓе кои наизменично помагаа во правењето на елката, издупчија некое шише нанижаа некоја низа. Сите беа расположени за работа, секој природно си го завземаше своето место во било кој од тимовите кои се си креираа (дупчачи, сортирачи, нижачи, конструктори, сниматели, фотографи, имавме и master chef🙂 итн.). На почетокот имавме двоумење за тоа дали да продолжиме со планот и да ја конструираме хоризонтално како што беше планирано, или да одиме со вертикалната верзија, за која се одлучивме на крајот. Така дури и ни останаа шишиња кои беа уредно однсени во кантите за рециклирање.

Нова Македонија будно не пратеше во текот на акцијата, ни се јавија во живо дури да не прашаат до каде сме (текст пред елката, текст после елката). Не поддржаа и it.com.mk, Фама, Cooltura, PlusInfo, Greenbox, Кирилица, Global Voices, Курир, iLike, Утрински, eReporter, 365 и други, вклучувајќи ги и учесниците со нивните блогови: Јована, Душуца, Тоше, Дарјан, Даниел итн., се извинувам ако заборавив некој. Исто така, Алфа телевизија го пренесе правењето на елката на вестите во 20 часот, а популарната дневна емисија Backstage ја прогласи елката како „потег на неделата“.

***Update @vldmrk направи одлично кратко документарче за тоа како се правеше елката. Баш го доловува духот на денот :)!


И, што ако направивме елка?

На сите ни е јасно дека на свеста на луѓето тешко се влијае. Сите се закопани во своите сопствени приоритети и не гледаат многу лево и десно. Грижата за околината особено, се всадува во културата на детето уште додека е многу мало, чувството на одговорност и корелацијата на загаденоста околу тебе и хартивчето од мастика кое го држиш во раката мора некој да ти ја објасни. Јас се сеќавам на доста ситуации кога се мрштев кога ме тераа да се враќам по тоа што ќе го фрлам, и после да го носам така во џеб до дома. И си викав овие не се нормални. Или еден мој драг пријател, кој има одличен метод за усрамување и укажување на младите: ако се заедно и ако некој фрли нешто на земјата, се враќа се наведнува и собира по нив. Сум видела доста како се премислуваат двапати кога ќе видат дека постар собира позади нив без збор да им каже.

Јас знам дека оној на кој му недостига културата за грижа на околината нема магично да се преобрати кога ќе ја види елката. Но можеби, ова е само почеток, и многу вакви акции ќе се прават во иднина, па ако барем еден човек се подзамисли и го смени своето однесување, мисија и повеќе од успешна.

Но денот поминат во учество во акција каде учествуваат 100 луѓе, каде се прави нешто кое е добро за околината и не штети апсолутно никому, каде може да се научи нешто и да се запонзнаат нови луѓе со кои можеби еден ден во иднина пак ќе креираш нешто прекрансно е непроценлив.

Сите луѓе кои биле дел од една искрена акција, каде се работи од мерак, без притисоци, очекувања или било какви ограничувања освен волјата, ја знаат таа енергија која се споделува и која останува после во сите, чувството на споделување и чувството кога се прави нешто.

Да за креирање и правење на вакви акции затоа што:
1. E милион пати подобро од поминување на цел ден дома рефреширајќи Фејсбук.
2. Е непроценливо пати подобро од младите (а тука ќе ги нагласам средношколците кои се вклучија) да го поминат денот во градскиот парк во акција каде ќе бидет вклучени во креирање на нешто убаво од ѓубрето кое обично го расфрлаат низ истиот додека пијат алкохол или нешто слично.
3. Се развива креативноста и се создаваат нови вредности.
4. Се развиваат нови вештини.
5. Се поставува позитивен пример.
6. Се дружи.
7. Помага да си го сфатиш своето место во општеството и дека можеш да учествуваш во него и да го менуваш.
итн…

Јас како и секогаш ќе ве охрабрам да иницирате! Ако имате идеја која мислите дека би им се допаднала на другите, споделете ја, превземете акција! За средношколците, направете акција во вашето училиште, ако сакате нешто поголемо, комуницирајте со градските власти кои сигурно ќе ви стојат на располагање. За постарите кои и имаат повеќе ресурси, зошто ги имаме социјалните мрежи? Тука се за да ја искористиме нивната едиснтвена можност за вмрежување и организирање на чисти граѓански акции, каде ќе партиципираме во активно граѓанство, кое, којзнае по кој пат повторувам. е наша одговорност и наша задача.

Уште еднаш им благодарам на сите кои учествуваа, драго ми е што ве запознав и сите сте прекрасни луѓе!
И како што твитна Дарјан: Не го сменивме светот, ама дефинитивно имаме екипа да го смениме.🙂

8 thoughts on “Елката од пластични шишиња – мисија успешна!

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s