Да не останам покуса…

…и да останете лишени од мојата годишна рекапитулација еве ќе побрзам да го фатам овој претпоследен ден кој во голема мера веќе ми избега, и нели, да си кажам што имам🙂.

Не сум на оскари и не мора да ми биде совршен говорот, ама 1000 пати избришав што пишав. Тешка година оваа за ставање во неколку збора. Може зошто вака кога ќе почнам да мислам наназад ми текнува на некои работи кои сум ги заборавила намерно или ненамерно.

Годинава научив повеќе сурови вистини отколку што мислам дека ми се потребни да знам на 22 години; научив дека луѓето можат да ја вртат главата на другата страна и пред крвта, научив дека државата не е тука за тебе и дека не ти е пријател ако и укажуваш на нејзините грешки, научив дека стравот е многу помоќен од вистината, научив дека на крај е секој човек сам за себе.

Од друга страна пак, почувствував колку моќни можат да бидат 150 луѓе без пушки и пиштоли во рацете, луѓе кои се спремни да се борат за вистина. Научив дека иако вредноста на човековиот живот е доведена на нула, сепак има луѓе кои се спремни да се борат за животот на тој до себе. Запознав луѓе до кои чекорев 2 месеци кои ќе ми бидат пријатели за цел живот. Почувствував како е да си на вистинското место во вистинското време, и дека за такви моменти вреди да се живее.

Што е најважно, научив дека искрената намера поместува планини, и дека тоа „биди промената која сакаш да ја видиш во светот“ ако го сфатиш буквално, се е можно. Ако се затвараш упорно во своите ограничувања и очекуваш светот надвор од тебе да те спаси, тогаш никогаш нема да бидеш слободен. Ако во грло ти стои да викнеш „Убијци!“ на оние кои знаеш дека убиле а го стискаш јазикот, тогаш никогаш нема да бидеш слободен. Ако дозволуваш стравот да ја креира твојата сегашност, тогаш никогаш нема да бидеш слободен.

Годинава меѓу другото бев дел од Google Summer of Code програмата, ги запознав дечките и сега веќе и девојките од #skopjehacklab КИКА, патував до Берлин за Desktop Summit и CCCamp, до Сплит за НСНД, станав дипломиран инженер и се запишав на магистерски, протестирав неуморно и на крајот на годината дури направивме и елка🙂.

И покрај сите падови и подеми, мои и на оваа држава заедно со мене, мислам дека може да биде само подобро. Наивно верувам дека добрата волја на неколку луѓе може да им го осветли патот на повеќе.

Среќни празници, се гледаме на другата страна.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s