Гостувањето во Пресинг

Повеќето од работите за кои зборував сте ги прочитале овде, освен делот со слободниот софтвер кој не е помалку важен од било која друга локална политичка идеја.

Водителката во своето истражување дошла до моите три стари колумни кои се пишувани пред 3 години, во едно тешко време за мене, па можеби звучат малку песимистички, иако сепак не се далеку од реалната состојба во тој момент а и сега:

1. Идеологија;
2. Криенка;
3. Новогодишна резолуција.

Линкови ако сакате да дознаете повеќе што е слободен софтвер:

1. официјална страница: Слободен Софтвер Македонија, резиме по повод 10 години Слободен Софтвер Македонија;
2. Сподели знаење и хаклабот КИКА;
3. Free Software Foundation;
4. GNOME Foundation.

Advertisements

Ние, граѓаните

*Оригинално објавено на Радио Слободна Европа на 21.01.2012*

За разлика од повеќето од другите нови млади колумнисти на Радио Слободна Европа, јас не сум член на никаква организација чии ставови морам да ги застапувам и нема никој позади мене кој би ги мерел моите зборови, освен секако читателите. Драго ми е што и покрај тоа ми е даден простор каде можам да ги изразам своето мислење и своите перцепции на општеството од кое сум дел како млад човек. Сепак, иако не сум дел од ниедна организација, јас сум граѓанин, жител на Република Македонија.

Важно ми беше да ви го кажам тоа пред се друго, од причината што денеска сакам да зборувам токму за тоа – граѓанството. Повеќето млади луѓе ја одбегнуваат политиката гледајќи ја како нешто кое се случува надвор од нив, односно сметаат дека не е нивна одговорност да се занимаваат со истата. Постарите пак, натежнати од своите обврски и проблеми кои ги спречуваат да се борат активно за своето подобро утре, го изразуваат своето незадоволство и критикуваат од своето меко столче; чекаат милост од своите политички избраници.

Долгите години на неучество и чекањето на граѓаните на готово сервираната политика, или подобро кажано недостигот на актвино граѓанство, имаат огромен придонес кон политичката и општествената ситуација во која се наоѓаме. Не ангажирањето на граѓаните во поглед на подобрувањето на својата состојба, придонело за дегенерирање на институциите во општеството, и не поминување низ задолжителниот процес на креирање на механизми и ограни на власта со слух за граѓанскиот сектор, кој пак е клучен за развивањето на здрава политика.

Read More »