Гостувањето во Пресинг

Повеќето од работите за кои зборував сте ги прочитале овде, освен делот со слободниот софтвер кој не е помалку важен од било која друга локална политичка идеја.

Водителката во своето истражување дошла до моите три стари колумни кои се пишувани пред 3 години, во едно тешко време за мене, па можеби звучат малку песимистички, иако сепак не се далеку од реалната состојба во тој момент а и сега:

1. Идеологија;
2. Криенка;
3. Новогодишна резолуција.

Линкови ако сакате да дознаете повеќе што е слободен софтвер:

1. официјална страница: Слободен Софтвер Македонија, резиме по повод 10 години Слободен Софтвер Македонија;
2. Сподели знаење и хаклабот КИКА;
3. Free Software Foundation;
4. GNOME Foundation.

8 thoughts on “Гостувањето во Пресинг

  1. !Животот е прашање на слобода, а не на цена. Треба да мислиме на слободен говор не на пиво!

    .жално за позицијата, гледаме, а не видуваме тоа што треба и Браво за опозицијата, драго ми е дека нагласи дека сепак се пасивни попладневни дремачи кои знаат само да фрлат нивна сенка онаму каде што се далеку од телото. Сите заедно ќе ги промениме работите ако се слушаме и ако соработуваме. И добро е дека нагласи дека излегувањето на улиците е давање на знаење, сигнал за незадоволство а начинот да се променат работите е сосема друга система која допрва треба да дејствува со активното граѓанство!

  2. Малце повеќе домашно за како да им се објасни на обичните луѓе што е слободен софтвер некст тајм, пошо обичен човек шо седи дома и глеа телевизија нема да разбере баш шо се дешава.

    Инаку браво за иницијативата. Се глеаме у хаклаб, некад…🙂

  3. Зошто „браво“ за опозицијата Митко? Таа „кружи наоколу“ (како што рече Тамара) но не се загрижува вистински кон проблемите на луѓето, нејзина цел е да ја оцрни владата на било кој можен начин, па и на фантазиски со измислени чуда и чудесии; за да може после следните избори и таа да краде од државниот буџет. Вистинското што ни е потребно е млад екфективен и нов подвиг, обнова со млади неутрални граѓани кои ќе најдат начин да допрат до раководителите на целиот државен систем и да најдат заедничка соработка, која можеби на почетокот би имала различни цели, но верувам дека со здрави и конструктивни дискусии ќе се усогласи начинот на дејство за нешто да се промени во државата. Со „нешто“ мислам на клучните уназадувачки проблеми како образовниот систем и корумпираноста. Ако владата застане како пречка на ова тогаш, заслужува да се распушти! Граѓаните треба да го одлучат својот избор!

    Патем Тамара, браво за начинот на активно дејствување, верувам дека би се нашло начин да се појави мадомакедонска револуција која ќе допре до владиниот систем и ќе успее да промени во позитивна насока барем неколку нешта. Мада, малце се „плашам“ дека можеби ако се случат странските студии, таму некаде надвор ќе имаш многу подобри услови за следење на својата пасија, па заморувањето со Македонија и Македонците би ти изгледало како лудост, неразумност, или непотребност во најмала рака.

    Anyway, вештачката интелигенција, ех.. таа брилијантна идеја, тој главен стремеж на Роденбери, на Артур Кларк, на Филип Дик, Тимити Лири кој зборуваше за сајберпанк револуција со порастот компјутерската глобализација, и тн. Убав правец, се надевам и посакувам да успееш во него и никогаш да не ти спласне амбициозноста, бунтовноста, желбата за подобар свет.

    • Митко го кажува тоа иронично секако, ако малку нејасно изгледа🙂
      Вештачка интелегенција како дел – специфично computational neuroscience ама си викам да не претерувам на телевизија и така со слободниот софтвер малку ги збунив (ако се потрудив да објаснам)😉.

      Не ни треба револуција, ни треба само малку повеќе да држат сите до себе.

      Фала на убавите желби, и јас се надевам дека ќе се остварат, што не значи дека сакам да ја напуштам Македонија засекогаш. Плус не се секирај, многу сум упорна кога ќе се фатам за нешто, што ги нервира блиските понекогаш🙂.

  4. D. Kraljevski veli:”верувам дека би се нашло начин да се појави мадомакедонска револуција која ќе допре до владиниот систем и ќе успее да промени во позитивна насока барем неколку нешта….” Za zhal, nie vo Makedonija iskusivme i dobro “se izgorevme” od mladi i nadobudni. Eve gi, na vlast se i vidovme shto napravija, zatoa sega duvame na sekoe mlado, da ne se izgorime povtorno. Za razlika od tie mladi, Tamara me odushevuva, sekako i drushtvoto okolu nea, no sakam da kazham deka samo po sebe mladorevolucija ne sekogash nosi vo progres, mladosta sama po sebe ne e kluchot za uspeh, za progres, za neshto novo …..

    • sakam da kazham deka samo po sebe mladorevolucija ne sekogash nosi vo progres, mladosta sama po sebe ne e kluchot za uspeh, za progres, za neshto novo …..

      Граѓанин, концептот беше „малдомакедонска“ заради асоцијација со познатата „малдотурска“ која и те како ги промени нештата. Но настрана тоа, знам дека алудираш на младоста во партијата која е на власт, но таа иста младост во деведесетите беше едно друштво андерграуд интелектуалци со силна амбиција да сменат нешто во државниот систем и, го направиа тоа. Но ете после дваесетина години и самите дојдоа до дереџето на оние кои ги осудуваа за недоволно амбициозни и идејни луѓе за управување со држава. Не знам зошто, можеби сите нè очекува истата судбина, но јас не сакам да верувам во тоа. Како и да е, во право си дека младоста не е клучот за успех, но Е клуч за новост, промена, опенмајндед, а посебно во денешнината каде поради компјутеризација на општеството – повеќето млади се интелектуално и практично во многу поголема предност од од постарите кои се заглавени во навиките да го практикуваат својот конзервативен менталитет.

      Прогресот никогаш не може да биде во постарите, но тие се неопходни за да го создадат младиот човек кој треба да го поткерне прогресот. Имаше еден докторат во неколку делови постиран на еден блог, со наслов: „иднината е во родителите“ кој многу јасно и прецизно ја обработува темата за родителската одговорност кон детето, наспроти конзервативната навика која денес владее: „не е родителот крив ако детето се погодило настрано“. Напротив, токму тој е виновен, можеби потсвесно, но сепак виновен. Од тука и најјасно се гледа дека несвесноста е најголемото зло на човештвото. Но настрана тоа, зборот ми беше дека прогресот неминовно е зависен и од постарите, но оние кои треба да го направат се само младите и никој друг.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s