Среќниот човек

Мора да го погледнете видеото. Едноставно мора. Голема гушка до Дафина која ми го прати*.

Видеото е всушност кратко филмче за едно 88 годишно деде, кое секој ден, од 20 до 4 па до 10 часот наутро стои на кружниот тек во Хамилтон, Бермуда и ги испраќа зафатените граѓани кои одат на работа со насмевка, им мафта и им праќа бакнежи велејќи дека ги сака.

Вели дека „ги поздравува луѓето да ги потсети дека животот е убав, дека без разлика на тоа што се случува во животот, секогаш e слатко да си жив“.

И да врнее и да вее, Џони Барнс е тука. Тука е за да ја сподели братската љубов со секој кој ќе помине.

Секое утро ги потсетува граѓаните дека имаат избор како ќе го поминат нивниот ден, избор да се смеат и да бидат среќни или да носат тежок товар. Барем така вели една госпоѓа која раскажува за едно утро кога била нерасположена и не сакала да го погледне Џони за да остане во тоа расположение, но по неговиот поздрав не можела да не се сети на изборот кој го има.

Не може да не ја забележите искрената насмевка, добродушност и едноставност на неговото лице. Не можете да останете рамнодушни на начинот на кој вели: I enjoy, I enjoy making people happy.

Сигурно има луѓе кои ќе го отфрлат неговиот начин на живот како бескорисен, можеби луд или пак и двете. Мене пак, ми е пример за наоѓање на местото во светот, за едноставноста кон која тежи секој човек и каде е среќен. Зошто би бил мојот или твојот начин на живот покорисен и понормален?

Џони Барнс вели дека „една од најголемите радости кои може да и се случат на една индивидуа е кога правите нешто да ја видите реакцијата на лицето на другиот.“

Драгиот Џони го наоѓа своето задоволство од тоа да им помага на луѓето, насмевката ја црпи од стотиците кои ги предизвикува дневно и верува дека животот е убав. Драгиот Џони ја сфатил тајната на животот, содржана во мојот омилен цитат: Happiness is real only when shared (Into the Wild).


п.с Мало потсетување. Да беше АКТА на сила, немаше да може да ја споделам со вас оваа приказна. Информирај се.

2 thoughts on “Среќниот човек

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s