Твои потреби, твој живот

*Оригинално објавено на Радио Слободна Европа на 18.02.2012*

Враќање на стравот од старите но не и заборавени проблеми, собирањето на топло кон поголемите партии но не од снегот, активно развивање нови стратегии, прегрупирање, почеток на тивки кампањи – во Македонија освен на зима мириса и на избори. Избори значат и големи ветувања, долги зборови, насмеани говори и понекоја тупаница во вис.

Додека времето се тркала, а ние слушаме за светла иднина полна инвестиции, евро-интеграции и некое процентче пораст на економијата сепак сме затворени во сопственото секојневие – мора да го изживееме својот ден.
Ние сме тие што сме. <a href="Можеби сме млад дечко кој и покрај своите пречки во развојот сака на својот роденден да влезе и да се забавува како рамноправен член на општеството во клубот од кој е одбиен само затоа што е различен. Можеи мораме да се соочуваме со дискриминацијата секој ден. Нам нема да ни смени многу ветувањето за порастот на економијата, но и тоа како би ни сменила едукацијата на населението за нашиот проблем и јасна законска регулатива која ќе се применува во пракса и ќе не штити од идни такви несакани ситуации.

Можеби сме дел од маргинилизираните групи на граѓани кои често имаат непријатни средби со полицијата, особено со специјалните сили кои знаат да употребат прекумерна сила и кога не е потребна. Нам нема да ни смени многу ветувањето за инвестиции, но и тоа како би ни сменила а можеби и живот спасила законска регулатива со која на овој кадар ќе мора да му се пружи потребната едукација за хуманост и регулатива која би ги контролирала и санкционирала таквите немили настани кои се случуваат.

Можеби сме жител на Струга кој убаво си живее со својот комшија Албанец, долги години без нашата националност и вера да претставува проблем. Враќањето на минатите но не заборавени меѓуетнички тензии заради којзнае какви внатрешно-надворешни политики нема да сменат ништо меѓу нас, но ќе направат другите да не гледаат на криво. Полека, полека ќе изгубиме комшија и пријател а ќе добиеме туѓинец, од оние другите кој живее до нас. Нам не би ни сменил многу некој говор со долги зборови и убедување дека ќе се решат тензиите, но и тоа како би ни сменило тоа да не го растура некој нашето секојдневие за некоја борба од која никогаш нема да видиме некоја корист.

Можеби сме жител на Велес, кој пред бенефитот на целата држава со рестартирањето на топилницата и ефектот на кој тоа би го имало на вработувањето и економијата, со полно право го става животот на своите деца.

Многу е тешко да се ставиме во туѓа кожа. Пак се навратив на овој момент од претходната колумна за да ја дообјаснам важноста на граѓанската иницијатива – како единствена која може да донесе реална промена и подобрување во нашиот живот. Не нужно сликовито покажување револт во облик на протест, туку напротив, користење на органите на ситемот во кои живееме за стигнување до замислената цел. Праќање граѓански иницијативи до надлежните законодавни тела, пишување писма до вашите избраници во парламентот, посети и барање разговор и прием кај оние кои се на фотеља заради вашиот глас. Понекогаш и едноставно актуелизирање на проблемот или негово претставување пред широката јавност може да заврши многу работа. Ако кажете дека ова не функционира во моментов, нема да сте далеку од вистината, но тоа е само затоа што ние не сме го истренирале системот да работи. Атрофирале мускулите кои ги држеле отворени тие канали на комуникација. Затоа, барајте затоа што само вие знаете што ви треба најубаво.

Патем, пред да биде доцна, се информиравте ли за АКТА?

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s