Разговор со Blaeks – Пиратска Партија Србија

Деновиве имавме прилика да чуеме дека Пиратската Партија во Србија почнува да собира потписи за официјализирање и пуштање во политичката тргка и активно делува против АКТА и сличните закани против слободниот интернет. Вчера видовме и дека Анонимус Србија ја пушти пораката “Почна”. Blaeks е еден од главните актери во сето ова, па решив да го прашам неколку прашања.


Се најдовме на социјалните медиуми и не знам многу за Blaeks offline. Кој е всушност Blaeks?

Blaeks е нормален, обичен и одговорен киборг. Во текот на денот работи како тренер, рехабилитира луѓе после сериозни повреди и операции на локомоторниот апарат, работи на слабеење и рекреација. Во остатокот на денот и ноќта е ментално и кабловски приклучен низ hivemind на интернет. Секој свој сегмент од животот директно го потпира на културното наследство и го живее истото.

Ти си еден од иницијаторите на кампањата против АКТА и протестите во Белград. Како сето тоа помина и колку се граѓаните спремни и информирани да превземат нешто?


Мојот влог во АНТИ АКТА кампањата е сега далеку помал во однос на проактивното отварање на прашањето во 2009та година со останатите пирати низ светот.


(1500 луѓе излегле на протестот)

Кој е ставот на српската влада за АКТА?

Сериозен став, т.н. став на високите претставници цело време недостига и тоа е проблем. Имајќи го во предвид начинот на кој АКТА се „турка“ по светот далеку од очите на јавноста проблемот постои се додека децидно не се одбие.

Зошто треба да бидеме категорично против овој договор?

АКТА е „најорвеловското“ парче закон до сега напишано. За повеќе детали и информации погледнете овде.

Пиратска Партија. Иницијативата ја почнавте пред некое време, сега собирате потписи за да ја официјализирате. Раскажи ми за тоа во кратки црти.

Планираме да пробаме нешто што никој до сега не пробал. Сакаме целиот процес на собирање на потписите и неопходните пари да биде направено од заедницата. Сите пирати во Србија на ист начин ќе собираат потписи во најмалку 15 градови во Србија. Ние веруваме дека заедницата е зрела и одговорна, затоа и ќе ги отвориме вратите за тој механизам. Некои би рекле дека е на самата ивица на разумот, но ние велиме сосема пионерски и со храбро.

Anonymous во Србија. Вчера ги нападнале страниците на Гранд. Што мислиш ти за тоа?

Анонимусите се деперсонилизираниот глас на народот. Не би се впуштал во посериозни анализи ама мислам дека нивното делување и понатака е недоволно сфатено широката па и академската јавност.

Каква е генералната политичка состојба во Србија? Сигурно има многу сличности со нашата.

Навистина не знам доволно за да ги споредам. Без навреда, имам најверојатно погрешен впечаток да кај вас е покомплицирано🙂.

За крај, што мислиш, можеме ли да пенетрираме во Балканската политика со нови идеи и да промениме нешто?

Тоа веќе се случува. Еден „интернет“ глас денес има поголема сила од било кој друг „парламентарен“ во било која земја во светот. Интернетот победи. Сега треба да работиме на тоа да ја освестиме јавноста и себе.

2 thoughts on “Разговор со Blaeks – Пиратска Партија Србија

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s