Не ме интересира политика

Најлошиот вид на неписмен е политички неписмениот. Тој не слуша ништо, не гледа ништо, не се вклучува во политичкиот живот. Тој не изгледа како да знае дека цената на живеењето, цената на гравот, на брашното, на киријата, на лековите, сите зависат од политички одлуки. Тој дури се гордее со својата политичка индиферентност, ги крева градите и вели дека мрази политика. Тој не знае, тој имбецил, дека од неговата политичка невклученост доаѓаат проституцијата, напуштеното дете, крадецот и најлошо од се, корумпираните политичари, потрчковците на експлотативните мултинационални компании.
– Бертолт Брехт

Read More »

Advertisements

Го сакам Скопје…

Клик на сликата за извор

Го сакам Скопје зошто кога се буди во март, залутаните зраци светлина го бришат сеќавањето на сивиот зачаден зимски град.

Го сакам Скопје зошто Скопјани иако натежнати од уморот од долгиот ден, сепак имаат сила да си направат муабет низ поминување.

Го сакам Скопје зошто колку различни коплексаши и да го силуваат со годините, чува мали стари заборавени улички кои никогаш нема да се променат и ќе го чуваат неговиот дух.

Го сакам Скопје зошто сета полициска бруталност не може да го спречи цел град да дува.

Го сакам Скопје зошто е единствена спојка на паланка и стар град.

Го сакам Скопје зошто без него не е целосна мојата историја.

Го сакам Скопје и сакам скопска музика:

Ова мислам јас за ситуацијава

by PMG Collective

Ден! Ноќ! Кретени! Моќ!

Гледам граници, гледам убијци,
гледам попови, гледам лудаци,
терористи, хуманитарци,
живи мртовци,
гледам вести…
А стварно ми е смачено
од нивните религии и политики
и разговори и преговори
и војни и војни и војни…
Тие се ден, тие се ноќ,
тие се кретени кои имаат моќ.
Тие се , тие се глас,
и носат одлуки кои влијаат на нас.
Дали си сосем сигурен
дека ништо не можеш да промениш.
И дали сите одлуки си подготвен
на нив да им ги оставиш.
Ова е ден
кога мораш повторно да размилиш.
И секој ден
е добар ден за да станеш ги промениш.
Тие се ден, тие се ноќ,
тие се кретени кои имаат моќ!
Ова е време, добар е час
да им речеме не, и помислиме на нас.
И секој ден, и секој час
е добро време да се чуе твојот глас.
Тие се ден, тие се ноќ,
тие се кретени кои имаат моќ!
Ова е време ова е час
ова е време да мислиме на нас.
Траги, оставај траги
Траги, оставај…
Read More »

Да создадеме навика на социјално делување!

Конечно стигнаа видеата од Engage, погледнете ги сите тука.Се зборуваше на многу теми, се свртеа супер говорници кои ви се повеќе или помалку познати. Ѕирнете и инфографик. Во минатиот пост за да се дообјаснам ја начнав темата со хиреархија vs. структура, па ако ве интересира упатете се натака.

Ги чекав видеата за да не се повторувам а сакав да го напишам овој пост.
Главната поента ми беше дека социјалните медиуми ни ја даваат совршената инфраструктура за да ја вршиме нашата јавна служба како граѓани, и дека ние треба да ја искористиме таа можност да работиме заедно за јавното добро.

Наоѓајќи се на почетокот на создравањето на граѓанската свест во Македонија, можеме да ја развиваме културата на споделување и заедничко делување преку акции како #топлина, #имајсрце, #светомир, #елкамк секој ден, да направиме мали промени во својата непосредна околина водени или инспирирани само од тоа да си помогнеме како човек на човек. Тоа секако се разликува од политичкото делување, кое има директно влијание на системот и директно помага во креирањето на подобро граѓанско општество.

Во Македонија политичкото делување оддолу е константно земано со сомнеж и стигматизирано веднаш, и граѓаните не се навиканти да делуваат на тој начин. Со тоа што секој ден ќе се вклучуваме и групираме на акции од погорниот тип, ние на некој начин тренираме социјално делување и го одржуваме духот на споделување и заедништво.

Иако не можеме да ги научиме нашите родители да се вклучуваат во акции организирани преку социјалните мрежи, тој концепт е за нив e прилично несфатлив како и концептот зошто толку време поминуваме пред компјутер, можеме да бидеме ние генерацијата која ќе ги воведе тие промени и ќе постави пример на кој ќе се надоврзуваат идните генерации.

Ние сме фундаментално одговорни како граѓани за интегритетот на нашата влада, затоа да создадеме навика на социјално делување и активно граѓанство!