Не ме интересира политика

Најлошиот вид на неписмен е политички неписмениот. Тој не слуша ништо, не гледа ништо, не се вклучува во политичкиот живот. Тој не изгледа како да знае дека цената на живеењето, цената на гравот, на брашното, на киријата, на лековите, сите зависат од политички одлуки. Тој дури се гордее со својата политичка индиферентност, ги крева градите и вели дека мрази политика. Тој не знае, тој имбецил, дека од неговата политичка невклученост доаѓаат проституцијата, напуштеното дете, крадецот и најлошо од се, корумпираните политичари, потрчковците на експлотативните мултинационални компании.
– Бертолт Брехт


Сметам дека секој кој стигнал до некаде, а сака да продолжи понатаму мора да застане, размисли и погледне околу себе и во себе за да не тргне зо погрешен правец, залуден од своите моментални вредности и сфаќања кои се таложат со времето. Тоа и го правам во моментов.

Можеби повеќе се тргам настрана за да си ги соберам разочарувањата и да ги измерам со позитивните впечатоци и да видам каде грешам.

Бонус откровеинија за мене: постојат активисти со ADHD, која цел изгледа поинтересна, помодерна и поисплатлива рипаат одма натака заборавајќи ги до пола завршените борби за кои до тогаш си ги кубеле косите; она што викаат дека политичарите се добри само на зборови е сосема вистина – после неколку „добронамерни“ конференции на кои присуствував можам да кажам дека се што се прави е слатко на зборови, помпезно и со желба за напредок, ама кога ќе си дојдат дома и ќе ја извадат шминката забораваат на целиот тој ден; концептот активно граѓанство им е толку надвор од начиот на размислување на повеќето луѓе што воопшто не го разбираат или го разбираат на сосема погрешен начин; младиот човек се зема со резерва само затоа што е млад; и некои ситни други работи кои пробувам да ги сварам.

Назад на темата…

Додека правам неколку чекори назад и се оградувам од дневните настани ако не ги игнорирам, многу работам и читам, се што заостанало овие месеци. И се судирам со индиферентноста на сите страни.

Можеби Брехт е малку суров во цитатот најгоре, но тоа не го прави помалку да е во право. Како основни честички кои го сочинуваат политичкиот систем од кои сме дел, нашата индиферентност значи негрижа за сопствениот живот.

Додека траеја протестите против полициската бруталност, и секој мој статус на фејсбук беше поврзан со тоа, меѓудругото обвинив и за апатија. Еден од пријателите ми рече дека „сме им го одземале правото на апатија“. Право на апатија??? Зар постои такво нешто? Јас му одговорив дека апатијата е маана, не право по што никогаш веќе не искомунициравме.

Денеска прочитав и еден одличен текст на оваа тема, од Антонио Грамши, кој вели во насловот „Мразам индиферентни“. Прочитајте го целиот, вреди.

Индиферентноста силно делува низ историјата. Делува пасивно, но делува. Таа е фаталност, таа е она на што не може да се смета; таа е она што ги расипува проектите, што ги руши најдобро креираните планови; таа е груба материја која ù се опира на интелигенцијата и ја гуши. Она што се случува, злото кое ги погодува сите, можното добро кое херојскиот чин (универзалната вредност) може да ја роди, не е во толкава мера плод на иницијатива на малубројните кои се трудат, колку на индиферентноста, на неучеството на мноштвото. Она што се случува не се случува затоа што некои сакаат тоа да биде, колку затоа што огромна маса луѓе се откажува од имањето сопствена волја, им препушта на други да работат, пушта да се заплеткаат јазлите, кои подоцна само мечот може да ги пресече, дозволува да се донесат закони, кои подоцна ќе може да ги укине само бунтот, дозволува да дојдат до власт луѓе кои подоцна ќе може да ги тргне само востание. Фаталноста која доминира со историјата не е ништо друго туку илуозорен вид на таа индиферентност, на тоа отсуство.

Грамши вели дека мрази индиферентни „затоа што му пречи нивното цмиздрење на секогаш божем невини жртви“. Сите отпосле креваат раце или се критичари и знаат како можело да биде подобро. А додека било нивното време, додека фаталноста за која зборува Грамши била во зародиш, ги дигале градите и гордо велеле дека политика не ги интересира.

Каде сте вие? Дали ќе ја чекате фаталноста на исторјата да ве прегази и да ви натежнат годините молчење?

5 thoughts on “Не ме интересира политика

  1. Здраво Тамара, јас сум индиферентен, не ме интересира политика и горд сум поради тоа, Не чуствувам дека нешто ми недостасува. Не верувам дека може нешто да се промени, барем не на начинот што го предлагаш ти. Повеќе го почитувам герилскиот начин на делување. Ако еден ден успее да ме изнервира оваа околина – следниот ден ќе се преселам во друга земја и ќе го решам проблемот со еден потег. Моето, а верувам и твоето време не е неограничено, многу е лошо ако го инвестираш во обиди да промениш нешто во оваа околина. Јас би го инвестирал моето време во себе и моите блиски – инвестицијата ќе ти се врати повеќекратно.

    • Јас сосема го разбирам твоето стојалиште, од смисла на само „корисник“ на она што се нарекува држава, наместо она кое се нарекува „граѓанин“ и сето тоа што го носи со себе. Оваа разлика во гледањето на работите влече корени до најфундаменталните прашања кои може да си ги постави еден човек на себеси: дали сум само гостин на овој свет, каде ќе поминам и моето време е ограничено и ќе си гледам само околу себе, или пак имаш потреба да веруваш во нешто поголемо од тебе за да мислиш дека животот е вреден за живеење.

      Иако нема едноставни одговори на овие прашања, кои повеќе или помалку ја дефинираат целата наша егзистенција, тешко ми е да прифатам дека бегањето пред проблемите е решение; се покажало дека е сосем спротивното. Активното граѓанство не вклучува ништо повеќе од имање достоинство, став и свое мислење, живеење без страв и поимање на „државата – тоа сум јас“. Тоа не е некој начин на делување, тоа е едноставно имање интегритет.

      Ако секој од нас 5% од своето битисување овде на светов вложи во тоа да биде активен граѓанин, верувам дека сите други работи како инвестирање време во себе и своите блиски би биле уште поубави и би можел да ги прави уште поинтензивно затоа што сите други услови околу него кои го всушност дефинираат неговото време и можности ќе се сменат на подобро.

    • Kako moze covek da bide indiferenten, dali toa znaci deka ne primetuvas sto se slucuva okolu tebe, ne li te interesira od sto zavisi tvoeto obrazovanie, ne li dopiraat site informacii za toa kakva ke bide tvojata idnina. Go pocituvam faktot sto ja gaish bliskosta so tvoite bliski, no sepak tvojata i nivnata idnina zavisi od site nas zaedno, od ona sto nie go kreirame vo opstestvoto.. Sepak na kraj seto toa zavisi od nas i od nasite postapki.

      Namesto da kreirame i odrzuvame paraziti, nie treba da bideme tie koi ke ja podigaat svesta i koi ke se borat za ona sto go zasluzuvaat, a toa na kraj ne e “gerilski” pristap, toa e kukavicluk, beganje od realnosta. Sekoja cest za tvoite ubeduvanja deka “gerilskiot” pristap ke ti donese podobro utre…

  2. Gramshi e vo pravo. Indiferentnosta i konformizmot doveduvaat do diktatorski rezhimi i potoa ako ne ti se dopagja sostojbata vo drzhavata kje se otselish na podobro mesto. Koe e toa podobro mesto? Samo li se sozdalo da bide podobro, taka, padnalo od nebo? na pr. USA kade shto povekjeto sakaat da se isselat, pa, taa drzhava nekoj ja sozdal da bide demokratska, so AKTIVNOST, so demonstracii, peticii, baranja, pobuni, kade shto pagjale i zhrtvi po ulici-taa ne se sozdala kako prosperitetna i demokratska zemja, sama od sebe. Lesno e da odish nekade NA GOTOVO, treba da se izborish, kako gragjanin, tamu kade shto si, za podobri uslovi za zhivot, a ne kukavichki da begash! I potoa, se chudime zoshto tie bogati i slobodni opshtestva se shtitat od pridoshlici kako nas, so vizi i drugi zabrani: se shtitat od takvi, konformisti koi samo chekaat nekoj drug da im go napravi zhivotot ubav a oni da se bavat samo so sebe :(((

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s