Нам ни треба вашата поддршка

Оригинaлно објавено на 21.04.2012 во Радио Слободна Европа

1. Најпрво сакам да изразам жалење за луѓето кои не ја разбраа мојата претходна колумна. Успеавте длабоко да ме разочарате од тоа колку е скоро невозможно да си разговараме за активно граѓанство, без да го сфаќате конструктивното незадоволство како незадоволство од влаеачката партија. Смешни дури, тие коментари. Навреди на лична основа, за годините најчесто без аргументи кои би го анализирале или дискредитирале она кое е напишано. Жалам, искрено.

Каде не ставате тогаш нас, ако нашите години не дисквалификуваат од учеството во оние текови над кои вие во моментов имате монопол, тековите кои се нашата иднина? Македонија не е некоја скандинавска земја во мирен, долгогодишен меланхоничен сон, Македонија е земја која се дефинира, промената не е генерациска туку повеќе секојдневна, земја во која само што проработуваат институциите, земја во која пазарот е климав и уште млад, земја која многу бавно но константно се оттрга од вредностите кои владееле овде пред 20 години и во која полека продираат западните вредности кои стануваат наше секојдневие. Зар во такви услови, вие ќе го одбиете нашиот придонес во креирањето на она што се нарекува држава и дом за сите нас, нас кои сме родени со концептите кои поголемиот дел од постарата генерација сеуште се мачи да ги прифати, а се неизбежни.
Read More »

Advertisements

Доста ни е…или не?

Со закаснување, сум зборавила да го објавам.
Оригинално објавено пред повеќе од месец овде: Радио Слободна Европа

Убаво, буткајте ја земјата која живурка на дното и се дави во неуспешноста да се справи со транзицијата во апсурдни територијални битки. Проповедајте национализам на сметка на уништувањето на оваа генерација како што преминот од комунизам ги уништи нивните родители. Наместо со наука да се занимаваме со шипки и палки. Ако.

Удрете по се она што пробуваат некои луѓе да го изградат со годините, заборете го младиот дух спремен да го открива светот во полициски часови, затворете ги границите да не видат дека надвор е подобро.

Преку глава ми е од шизофрената политика, од владеачката политика без компас, од т.н. опозиција која спие се додека не дојде на власт, од лицата во парламентот искривени од лажните насмевки кои морале да ви влечкаат пред камерите цел живот, од моралот кој им се стоппил заедно со врската со реалноста кога седнале на тоа столче.

Аман драги сограѓани, доста ни е…или не?
Read More »

Иницијативата за надворешна контрола на полицијата сепак покрената

Денеска се оддржа седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на човековите права и слободи при Собранието на РМ. На дневен ред беше Извештајот на Народниот правобранител за 2011. Целиот извештај можете да го симнете и прочитате овде.

Извадок:

ПОЛИЦИСКО ПОСТАПУВАЊЕ

За жал, речиси нема година во која јавноста не била вознемирена од настан во кој бил инволвиран припадник на полицијата. И во извештајната година бевме сведоци на настан во кој на едно лице му беше одземен животот токму од полициски службеник што, уште еднаш, ги илустрираше се уште постоечките слабости од аспект на професионализмот и свесноста за човековите права во работата на полициските службеници.

Со тоа, фактот дека бројот на претставки кои се однесуваат на работата на полициските службеници во извештајната година беше намален, не доведе до тоа Народниот правобранител да оцени дека постои подобрување во овој сегмент од аспект на човековите слободи и права.

Откако беше информиран за настанот, Народниот правобранител со соопштение преку средствата за информирање и својата вебстраница го осуди убиството на младото момче потенцирајќи дека иако станува збор за индивидуален чин, сепак, не треба да се занемари дека последицата е резултат на непрофесионално и неодговорно постапување на полициски службеник и дека во изминатиот период континуирано е укажувано на овој проблем.

За професионализмот на полициските службеници, што покрај другото подразбира стручност, одговорност и чувство на праведност, психичка стабилност и правилно расудување при вршењето на полициските работи, потребно е да се посветува особено внимание во сите фази почнувајќи од постапката за прием на полициски службеници и понатаму, во текот на целиот нивен работен ангажман во Министерството. Се додека ваквите принципи не бидат во целост почитувани, постои ризик нашето општество да го потресуваат настани од овој вид со што само се продлабочува недовербата на граѓаните кон институциите на системот.

На денешната седница, пратеничката Весна Бендевска од СДСМ повика на надворешна контрола на полицијата. На ова реплика имаше Сузана Анова од власта која смета дека Секторот за внатрешна контрола при МВР добро си ја врши работата и тие се против таков предлог. Во меѓувреме во медиумите се појави вест дека пратеничката група на СДСМ ќе предложи Закон за воведување на полициски омбудсман (адвокат на народот за злоупотреби од страна на полицијата).

Извадок од документот за предлог закон за воведување на полициски омбудсман:

III. ПОСЛЕДИЦИ ШТО ЌЕ ПРОИЗЛЕЗАТ ОД ПРЕДЛОЖЕНИТЕ РЕШЕНИЈА

Со овој Предлог на закон се воведува нов независен државен орган, Полициски правобранител, со прецизно утврдени надлежности во делот на истрага на случаите во кои има повреда на човековите слободи и права од страна на полициските службеници при службено постапување.Полицискиот правобранител ќе обезбеди целосна, фер и аналитичка истрага за обвинувањата за полициското лошо постапување и треба да ги отстрани или минимизира сомневањата во објективноста на спроведената истрага.

Полицискиот правобранител ќе ги превземе сите случаи на поплаки на граѓаните кон полицијата, кои според сегашната законска регулатива се во надлежнот на Службата за внатрешна контрола и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи.

Полицискиот правобранител ќе ја зголеми ефикасноста и објективноста на системот на внатрешната контрола на полицијата и ќе биде силен поттик во креирањето на култура на почитување на одговорноста внатре во самата полиција.

Полицискиот правобранител ќе ги оневозможи авторитарните тенденции во полициската структура во државата и ќе ја зголеми јавната доверба во начинот на кој полицијата ја врши својата функција во општеството.
Полицискиот правобранител ќе ги унапреди и превенира можните повреди на правата и слободите на граѓаните од страна на полициските службеници.

Целиот предлог закон можете да го видите овде. Го закачив на Google Docs заради лошата практика на нашите официјални лица да не ги закачуваат ваквите работи во отворени формати, што е недозволиво, и вака најубаво ќе може секој да го види.

Ова залагање е изненадување за мене колку што е и за вас. Иако не е формата на надворешна контрола која ја замислувавме, сепак е чекор напред. Лесно е ваквите инивијативи во време кога нашето внимание е целосно дефокусирано да поминат незабележани и не запаметени.

Од ставот на седницата може да се забележи дека иницијативата нема да помине баш најдобро затоа што мнозинството не е заинтересирано да ја одобри. Како и да е, ова е само потсетување дека сме тука, и дека пратиме се што се случува.

Како што ја пратиме и власта, така отсега ќе ја пратиме и опозицијата: Оваа иницијатива ќе ја земам како ветување пред граѓаните, ако некогаш го земат раководното столче, да им чукнат на врата и да си побараат што им било ветено.

Патот на младиот човек – му помагаме ли да уништува или да креира?

Што видел во животот еден млад човек за да мрази? Дали неговите мисли се негови, или пак ја впива фрустрацијата и незнаењето од своите родители, дали сфаќањето за светот на кое се темели развивањето на неговата личност е здраво, или направено од бајати темели на погрешни заклучоци?

Што им нудиме ние на нашите студенти, на нашите средношколци, што им нудиме за да им ја свртиме главата настрана од се она негативно кое можат да го впијат: да ги соочиме со различностите да ги победат стравовите, да им покажеме дека бремето на иднината не се крева повисоко со газење врз телата на другите, туку со заеднички сили престанува да биде бреме, да ги научиме дека сите сме слаби и сите не боли и дека тоа не треба да е причина за насилство, да ги научиме дека мнозинството не е секогаш во право и да им дадеме алатки со кои ќе можат да мислат за себе.

Младите кои излегоа на вчерашниот протест се одраз на се што е погрешно во нашето микро-општество: наместо на тоа место да се нивните родители кои можеби и ќе ги разберев да се гневни во празно, ги оставаат нивните деца да ја водат нивната изгубена битка. Наместо со изразување волја за мир и конструктивни предлози, наместо лоцирање на виновниците и делување натаму беа фрлани камења, преовладуваше празниот животински нагон на неможност во справување со околината: тие деца се толку упропастени што по секоја цена само сакаат да се истепаат со некого.
Read More »

Крв, богови и војна

Наслов како од мит нели? Наслов како од некоја приказна за чест и меч од минатото. А сепак ова долу е screenshot кој предмалку го сликнав на time.mk. Нема бегање. Во нашиот воздух се мешаат мирисот на темјан и крв. И на несигурна иднина.

Каква улога имаме ние тука? Мафта ли некој со црвена ткаенина пред нас, на секое втрчување се посилно буцкајќи не во слабините, додека не го изгубиме паметот?

Пропаганда, можеме ли да се спасиме од неа?
Read More »

Скопје Ремиксд, и зошто го опиша моето Скопје

Се спремам уште од кога го гледав, ама никако да пишам. Пред малку му го прочитав текстов на Внукот кој го кажува онака како што би го кажала и јас.

Внукот ви вели:

Но, токму таа разновидност на градот го прави филмот „Скопје Ремикс“ неразбирлив за сите. Тој не е револуционерен филм, не е приказна што ќе ви го промени животот засекогаш, не е ниту дело создавано за да збира безначајни награди. Се работи за парче откинато од само еден свет во Скопје, доста специфичен, доста необичен и според мене, крајно логичен.

(ми тргна мене со цитативе во секој пост :))

Мора да тргнете од таа мисла. Скопје Ремиксд зборува за едно Скопје, Скопје кое јас го фатив на умирање, а кое е составен дел од животот на сите оние кои си ги раскажаа своите приказни на кратко во филмчето.
Не знам колку сте го почувствувале вие тоа Скопје кое луѓето позади Скопје Ремиксд си го бараат назад. Не сум ни јас за долго. Read More »

„Државни непријатели“ од Леви и Уелбек

Кога Илина ми ја остави во Наџак, очекував да читам нешто сосема друго, иако не толку далеку од тоа што го добив читајќи го нејзиното review во БукБокс.

Очекував некоја заострена, напната расправа и бранење на хуманизмот а во исто време и негово плукање, обвинувања и конфронтација. Добив разгледување на некои од најчовечките прашања кои не засегаат сите, мирна и плодна дискусија, темелно разгледување на прашањата кои најмногу ме мачат во моментов. Презентација на двете страни про-активистичка и контра-активистичка, и како да си го најдеш местото под сонцето и ги издржиш поганите јазици на толпата.

Вака ги најавува Илина:

Read More »