„Државни непријатели“ од Леви и Уелбек

Кога Илина ми ја остави во Наџак, очекував да читам нешто сосема друго, иако не толку далеку од тоа што го добив читајќи го нејзиното review во БукБокс.

Очекував некоја заострена, напната расправа и бранење на хуманизмот а во исто време и негово плукање, обвинувања и конфронтација. Добив разгледување на некои од најчовечките прашања кои не засегаат сите, мирна и плодна дискусија, темелно разгледување на прашањата кои најмногу ме мачат во моментов. Презентација на двете страни про-активистичка и контра-активистичка, и како да си го најдеш местото под сонцето и ги издржиш поганите јазици на толпата.

Вака ги најавува Илина:

Во десниот агол, Бернар Анри Леви, француски филозоф,новинар и активист со еврејско потекло, кој во Францијадури има добиено и сопствен акроним (BHL), што е рамнона споменик. Во левиот агол, Мишел Уелбек,контроверзниот француски писател, чие дело споредмногумина се надоврзува на провокативноста на еденМаркиз де Сад или Бодлер, најпознат по романите„Платформа“ и „Елементарни честички“. Првиот надобуден интелектуалец, со месијански амбиции, вечнобела, демек лефтерно раскопчана кошула, развеана коса соџигерици и бројни афери со жени, присутен секаде каде езагрозен светскиот мир, а има камери по потреба и во вашата дневна соба. Вториот рошав пијаница со дебелицвикери, грд к’о ноќ, длабоко депресивен и песимистичен.„Да се поправа светот е тешка работа, но и тоа мора некој даго прави“, е мотото на Леви. „Светот е отиден у курац, и му нема оправање, може само да се навикнеме да гоподнесуваме“, е отприлика ставот на Уелбек. Оној на кој му паднала на памет идејата за преписка помеѓу овие двадијаметрално различни сензибилитети и појави, и потоа јаобјавил во книга, не можел да направи подобар избор, којоднапред ветува контроверза вербална војна со тешкаартилерија, ако треба и физичка пресметка со тастатури поглава.

Покрај преиспитувањето на двајцата околу што значи да го сакаш човештвото и мојата дилема од минатиот пост дали треба да учествуваш во лудилото на овој свет и да се трудиш да поправиш нешто или пак стојалиштето на оддалечен привремен „корисник“ ја оправдува апатијата, двајцата државни непријатели разгледуваат и некои други теми, начнуваат некои фундаментални прашања.

Нивната преписка може да биде некогаш и одраз на состојбата во која се наоѓале интелектуалците во овие години во Европа, кои биле нивните предивици и нивното место.

Уелбек вели дека:„нашите општества дошле до терминална фаза каде одбиваат да jа препознаат непријатноста, каде бараат фикцијата да биде „happy-go-lucky“, ескапистичка, дека тие едноставно немаат храброст да се соочат со својата реалност.”
Понатаму како дел од разговорот со некој бивш владин службеник во Русија издвојува:„…со тоа се докажува дека општеството има свој моментум, дека системот на владата се наметнува врз него со своите правила и своите владини службеници и дека тие се едноставно некоја форма на паразит.“

Уелбек продолжува во писмата да го објаснува својот став во однос на вмешувањето во политиката, дека тој всушност воопшто не се чувствува како „граѓанин“ туку како „корисник“. Во своето елаборирање на тој став се чувствував како Леви, и сигурно ми се грчело лицето како што му се грчело и на него додека го читал тоа писмо, на кое и аргументирано ќе му се спротистави.

Уелбек има и многу добра реченица во која го опишува патриотизмот а која убаво ја илустрира замаеноста на една сосема сиромашна држава која нема ништо друго со фокусирањето на градењето на некоја патриотска култура:„Креирањето на јаката национална гордост е секогаш знак, барем за мене, дека немаш нешто многу друго на кое би се гордеел.“

Го застапува и песимистичкиот став вреден за размислување дека „групата секогаш победува“.
Вели:„Во западните општества, една индивидуа има право да стои настрана од групата неколку години и да проба да галопира слободно. Но порано или подоцна глутницата се буди, ловот почнува, и на крај ќе го притиснат во ќошот. Во таа точка тие се одмаздуваат, и нивната одмазда е ужасна. Затоа што глутницата е исплашена, и тоа може да изгледа изненадувачки затоа што тие имаат сила поради бројката: но глутницата е составена од медиокритетни индивидуалци кои се свесни и се срамат од тој факт, и бесни се, дека дуи и за секунда, нивната медиокритетност може да биде откриена за сите да ја видат.“

Леви не го цитирав многу, единствено од причината што неговиот став околу овие работи е ист како мојот толку пати зборуван претходно: Леви верува во моќта на граѓаните, индивидуата и дека треба да се бориме за сопствениот интегритет и да им помагаме на оние во неволја. На свое големо изненадување, повеќе пати се најдов во исказите на Леви.

На темата кој ја начнува Уелбек во погорниот цитат Леви продолжува:

„Најпрво, глутницата се плаши.
…Мислам дека луѓето не би биле злобни ако најпрво не се исполните со некоја базичен, животински страв кој не можат да го контролираат.
…Тие имаат сеопфатен страв од животот, смртта, од нивните спектари, нивните фантазии, детето во нив кое умрело и чиј леш тие го носат, злобата на другите, осаменоста на секој човек, она што го посакувааат, она што не го посакуваат, нивните скриени слабости кои ни една претходна книга не ги допрела, нивниот елемент на лудило, нивниот конформизам, нивната медиокритетност од која не можат да избегаат и нивните уништени амбиции, војната секој против секој, и вечниот спокој на кој знаат дека еден ден ќе бида осудени.

Второ, глутницата е слаба.
…затоа што е водека повеќе од се од страв, исмејувања, завист, омраза, огорченост, злоба, бес, суровост, илузија, презир, сите кои Спиноза ги нарекува негативни емоции и кои, како што тој утврдил, те прават слаб, не силен, кои се знак на неспособност, не моќ, кои го намалуваат егото и ги намалуваат капацитетот на реакција, кои ја ослабувааат и ја прават недостојна и неинтелегентно агресивна.

Трето глутницата е глупава.
…Е како огромно животно кои не може да си види подалеку од носот. И крајно и треба толку малку за да се вознемири, за да ја изгуби главата, радарот, да се дизориентира, да побегне.“

Иако не се сложувам со нивните јаки осуди на другите луѓе, водат интересна дебата од која може да се извадат поенти.

Сега затоа што знаењето треба да се споделува, ќе ја пратам книгата понатаму, на тој што сака да ја чита🙂.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s