Скопје Ремиксд, и зошто го опиша моето Скопје

Се спремам уште од кога го гледав, ама никако да пишам. Пред малку му го прочитав текстов на Внукот кој го кажува онака како што би го кажала и јас.

Внукот ви вели:

Но, токму таа разновидност на градот го прави филмот „Скопје Ремикс“ неразбирлив за сите. Тој не е револуционерен филм, не е приказна што ќе ви го промени животот засекогаш, не е ниту дело создавано за да збира безначајни награди. Се работи за парче откинато од само еден свет во Скопје, доста специфичен, доста необичен и според мене, крајно логичен.

(ми тргна мене со цитативе во секој пост :))

Мора да тргнете од таа мисла. Скопје Ремиксд зборува за едно Скопје, Скопје кое јас го фатив на умирање, а кое е составен дел од животот на сите оние кои си ги раскажаа своите приказни на кратко во филмчето.
Не знам колку сте го почувствувале вие тоа Скопје кое луѓето позади Скопје Ремиксд си го бараат назад. Не сум ни јас за долго.
На оние кои никогаш во животот не ја искусиле клубскиот живот во Скопје, ноќниот живот кој се испреплетува со денот преку афтерите кои никогаш не завршуваат, светските диџеи чија музика вришти во клуб со ефтино пиво (за разлика од сега) а ги има по неколку во недела, „клубче“ буњаковец, одењето во сектор и колосеум (додека беа уште пристојни клубови) на пијачка во патичиња, на малку добро техно во работни денови, еуфоријата на викендот и сонливите понеделник-петок, сигурно не им недостига тоа Скопје. Ок им е и ноќниот живот сега.

Можеби зборуваат и за уште подалеку во времето, за Метропол и клубовите пред 10тина години, ама јас не можам да зборам за нив. Може ова не било вашето Скопје, можете да обвините дека тоа Скопје е субјективно, но факт е дека е дел од минатото и реалноста на голем број скопјани. Можете и да го кажете како „секој плаче за своето време“ ама јас не би се сложила со тоа.

За што бе, драги сограѓани, тешки приказни, драма и трилери, за што живот ако градот не се има отворено себеси за да ти дозволи да се опуштиш, за да дишеш, да се забавуваш?

И да, тоа Скопје им е земено. Земено од рацете на сите тие кои го сакале на таков начин. Со законите до 12, кои не бркаат дома, невозможните услови за отворање клубови, легалниот и нелегалниот рекет за тоа, со поттиснувањето на алтернативата на сметка на шундот.

Филмот зборува за нашиот уличен скопски живот, каде спие вистинскиот дух на секој град. За скопските клупи на кои „се прават филмови“ додека се врти зелено, за фраерите со јаки фирми кои бркаат малолетнички, за талентираните дечки кои мораат да прават компромиси за да пласираат звук, за локалните стереотипи и предрасуди, за реалните закани и политички проблеми.
Плус има панкери од шутка. What more :)?

Ако една етапа во развојот на нашиот драг град завршила, тоа не значи дека градот е мртов. Градот стагнира и чека млада сила за го разбрани пак.

И не заборавајте, го сакаме Скопје.

5 thoughts on “Скопје Ремиксд, и зошто го опиша моето Скопје

  1. E pa technoto za koesto tolku mnogu cezneat–seuste moze da se najde vo Skopje pod novo ime sto se vika “Trance”. Tie zabavi za koi sto se zbori–seuste postojat ( reducirani se ama postojat).
    Za vreme na snimanjeto–nekoj od reziserite da ja udostoel zabavata so negovoto prisustvo, Skopje Remixed bi zavzemal nekoj drug pravec.

      • Може да ни образлозиш зошто не се согласуваш?? Факт е дека само транс сцената сеуште живее во градов. Секако, не како на почетокот и за време на својата зрелост, но тука е, присутна, со сите оние нови млади ликови, на кои едукација или насока може да им се даде само со личен пример, за да не отиде се во насока која почна да се зафаќа во 2005-2006та..

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s