Крв, богови и војна

Наслов како од мит нели? Наслов како од некоја приказна за чест и меч од минатото. А сепак ова долу е screenshot кој предмалку го сликнав на time.mk. Нема бегање. Во нашиот воздух се мешаат мирисот на темјан и крв. И на несигурна иднина.

Каква улога имаме ние тука? Мафта ли некој со црвена ткаенина пред нас, на секое втрчување се посилно буцкајќи не во слабините, додека не го изгубиме паметот?

Пропаганда, можеме ли да се спасиме од неа?

Се организираат протести, без цел и без мета, протести родени од немоќ на тој кој е долго време буцкан во слабините.
Зошто, прашувам, не се изгаснати ваквите групи, настани, каде се повикува на етничко чистење и говорот на омраза е ако не и 90% од она што се зборува? А летоска, добро знам дека првиот ден веднаш беа гаснети групи, во кои и немаше говор на омраза. Ако можат, зошто не го направат тоа?

Не можам кропирам веќе ми се слошува.

Драги, колку и да имате гнев, колку и да ве лути реалната беда кој ја чувствувате, колку и да ви е страв, колку и да чувствувате потреба да му се приклучите на стадото за да бидете заштитени, застанете и размислете со својата глава. Застанете и проверете од каде тој гнев, од каде тие заклучоци, од каде таа омраза?

Дали ќе беше подобро ако земјата со тебе не ја делат оние со различен поглед и дефиниција за светот (а што е друго религијата), дали тогаш можеби безнинот ќе беше поефтин, работата немаше да ти биде толку тешка а малку платена, дали тогаш полицијата немаше да се однесува со тебе како партал, дали тогаш децата ќе ти бидат безбедни? Дали тоа е решението на сите твои проблеми, или некој те влече за носот?

Земете воздух, и истресете ги конците.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s