Иницијативата за надворешна контрола на полицијата сепак покрената

Денеска се оддржа седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на човековите права и слободи при Собранието на РМ. На дневен ред беше Извештајот на Народниот правобранител за 2011. Целиот извештај можете да го симнете и прочитате овде.

Извадок:

ПОЛИЦИСКО ПОСТАПУВАЊЕ

За жал, речиси нема година во која јавноста не била вознемирена од настан во кој бил инволвиран припадник на полицијата. И во извештајната година бевме сведоци на настан во кој на едно лице му беше одземен животот токму од полициски службеник што, уште еднаш, ги илустрираше се уште постоечките слабости од аспект на професионализмот и свесноста за човековите права во работата на полициските службеници.

Со тоа, фактот дека бројот на претставки кои се однесуваат на работата на полициските службеници во извештајната година беше намален, не доведе до тоа Народниот правобранител да оцени дека постои подобрување во овој сегмент од аспект на човековите слободи и права.

Откако беше информиран за настанот, Народниот правобранител со соопштение преку средствата за информирање и својата вебстраница го осуди убиството на младото момче потенцирајќи дека иако станува збор за индивидуален чин, сепак, не треба да се занемари дека последицата е резултат на непрофесионално и неодговорно постапување на полициски службеник и дека во изминатиот период континуирано е укажувано на овој проблем.

За професионализмот на полициските службеници, што покрај другото подразбира стручност, одговорност и чувство на праведност, психичка стабилност и правилно расудување при вршењето на полициските работи, потребно е да се посветува особено внимание во сите фази почнувајќи од постапката за прием на полициски службеници и понатаму, во текот на целиот нивен работен ангажман во Министерството. Се додека ваквите принципи не бидат во целост почитувани, постои ризик нашето општество да го потресуваат настани од овој вид со што само се продлабочува недовербата на граѓаните кон институциите на системот.

На денешната седница, пратеничката Весна Бендевска од СДСМ повика на надворешна контрола на полицијата. На ова реплика имаше Сузана Анова од власта која смета дека Секторот за внатрешна контрола при МВР добро си ја врши работата и тие се против таков предлог. Во меѓувреме во медиумите се појави вест дека пратеничката група на СДСМ ќе предложи Закон за воведување на полициски омбудсман (адвокат на народот за злоупотреби од страна на полицијата).

Извадок од документот за предлог закон за воведување на полициски омбудсман:

III. ПОСЛЕДИЦИ ШТО ЌЕ ПРОИЗЛЕЗАТ ОД ПРЕДЛОЖЕНИТЕ РЕШЕНИЈА

Со овој Предлог на закон се воведува нов независен државен орган, Полициски правобранител, со прецизно утврдени надлежности во делот на истрага на случаите во кои има повреда на човековите слободи и права од страна на полициските службеници при службено постапување.Полицискиот правобранител ќе обезбеди целосна, фер и аналитичка истрага за обвинувањата за полициското лошо постапување и треба да ги отстрани или минимизира сомневањата во објективноста на спроведената истрага.

Полицискиот правобранител ќе ги превземе сите случаи на поплаки на граѓаните кон полицијата, кои според сегашната законска регулатива се во надлежнот на Службата за внатрешна контрола и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи.

Полицискиот правобранител ќе ја зголеми ефикасноста и објективноста на системот на внатрешната контрола на полицијата и ќе биде силен поттик во креирањето на култура на почитување на одговорноста внатре во самата полиција.

Полицискиот правобранител ќе ги оневозможи авторитарните тенденции во полициската структура во државата и ќе ја зголеми јавната доверба во начинот на кој полицијата ја врши својата функција во општеството.
Полицискиот правобранител ќе ги унапреди и превенира можните повреди на правата и слободите на граѓаните од страна на полициските службеници.

Целиот предлог закон можете да го видите овде. Го закачив на Google Docs заради лошата практика на нашите официјални лица да не ги закачуваат ваквите работи во отворени формати, што е недозволиво, и вака најубаво ќе може секој да го види.

Ова залагање е изненадување за мене колку што е и за вас. Иако не е формата на надворешна контрола која ја замислувавме, сепак е чекор напред. Лесно е ваквите инивијативи во време кога нашето внимание е целосно дефокусирано да поминат незабележани и не запаметени.

Од ставот на седницата може да се забележи дека иницијативата нема да помине баш најдобро затоа што мнозинството не е заинтересирано да ја одобри. Како и да е, ова е само потсетување дека сме тука, и дека пратиме се што се случува.

Како што ја пратиме и власта, така отсега ќе ја пратиме и опозицијата: Оваа иницијатива ќе ја земам како ветување пред граѓаните, ако некогаш го земат раководното столче, да им чукнат на врата и да си побараат што им било ветено.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s