Патот на младиот човек – му помагаме ли да уништува или да креира?

Што видел во животот еден млад човек за да мрази? Дали неговите мисли се негови, или пак ја впива фрустрацијата и незнаењето од своите родители, дали сфаќањето за светот на кое се темели развивањето на неговата личност е здраво, или направено од бајати темели на погрешни заклучоци?

Што им нудиме ние на нашите студенти, на нашите средношколци, што им нудиме за да им ја свртиме главата настрана од се она негативно кое можат да го впијат: да ги соочиме со различностите да ги победат стравовите, да им покажеме дека бремето на иднината не се крева повисоко со газење врз телата на другите, туку со заеднички сили престанува да биде бреме, да ги научиме дека сите сме слаби и сите не боли и дека тоа не треба да е причина за насилство, да ги научиме дека мнозинството не е секогаш во право и да им дадеме алатки со кои ќе можат да мислат за себе.

Младите кои излегоа на вчерашниот протест се одраз на се што е погрешно во нашето микро-општество: наместо на тоа место да се нивните родители кои можеби и ќе ги разберев да се гневни во празно, ги оставаат нивните деца да ја водат нивната изгубена битка. Наместо со изразување волја за мир и конструктивни предлози, наместо лоцирање на виновниците и делување натаму беа фрлани камења, преовладуваше празниот животински нагон на неможност во справување со околината: тие деца се толку упропастени што по секоја цена само сакаат да се истепаат со некого.

Не се тие виновни. Виновни се нивните родители. Виновни се нивните учители, учителки, професори. Виновни се медиумите кои наместо role models им прикажуваат гадости и невистини. Виновни се политичарите, кои знаејќи ја таа залуденост ја користат во свои цели. Виновни се сите кои им ги сечат крилата, кои им ја крадат младоста.

Нашите деца, нашите млади немаат хобија. Не го важам опивањето до утро во градскиот парк или дувањето позади школо. Не го важам играњето сони и пцуењето на фудбалче. Не го важам бесцелното играње спортска. Немаат хобија кои би им овозможиле една друга перспектива во животот, перспективата на создавањето.

Напуштени се во училиштата од незаинтересираните професори кои чекаат само да помине денот и опресираат. Напуштени се дома кога нивните родители се капнати од работа и немаат ни време ни желба да ги сослушаат. Напуштени се меѓу другарите кои не се стремат никаде. Им остануваат само медиумите кои кај нас во Македонија немаат никаква одговорност – кои пишуваат постојано за агенда, постојано гледајќи свртени кон целта која сакаат да ја постигнат, а не кон влијанието кои го имаат. Медиумите, срам за својата професија, го растргаат ова општество одвнатре, земјаќи по неколку млади луѓе на душа со секоја гадост.

Тешко е многу да се согледа големата слика, тешко е да ја согледаме понекогаш штетата која ја оставаме позади себе пред да е прекасно.

Гледајќи му во очи на нашиот неуспех, на една нестабилна Македонија полна предрасуди, на една Македонија која многу години откако човек одеше по месечината уште не може да се еманципира доволно за да биде над етничките разлики, на една Македонија во која тензиите експоненцијално растат 20 години и на кои не им се гледа крајот, треба да се запрашаме кој е нашиот придонес во се тоа.

Чекањето од владата да не анимира, да ни направи поубав живот или пак да ги промени работите кои ни сметаат отсекогаш ми било глупаво. Направи сам! А зошто да не кога можеш.

Од време на време ќе се појави некоја иницијатива како „Студентска пролет II“: ИЗРАЗИ СЕ! каде самите студенти пробуваат да ја пополнат таа дупка. Како штo велат и самите:

Нашите универзитети одамна ги затворија вратите на нашата креативност – никаков културен настан не се организирал со години. Кај младите луѓе во оваа земја се таложи неизразен талент и широка креативност: ајде ние студентите сами да си организираме културен настан и да се „ослободиме“ од таквиот товар!

Иако треба да се учат самите да го прават тоа, за да не се претворат во паразитски возрасни граѓани кои не знаат ништо друго освен даљинско, треба сите да се вкучат и да им помагаат на младите наместо да бидат пиуни во политички битки, наместо тестостеронот да го изфрлаат на полицајците скандирајќи пораки чија тежнина не ни можат да си ја претстават – да им помогнат и насочат кон креирањето, кој создавањето.

Им посакувам среќа на слободните свесни студенти, и се надевам ќе бидат пример за како поконструктивно да си го поминеш слободното време наместо да повикуваш на етничко чистење.

*** За крај – не ги третирам вчерашните протести како сериозни затоа што тоа беа изгубени млади луѓе. Изгубени во целата оваа игра и сценарио, едноставно играјќи ја својата улога. И да се разбереме – јас сум за изразувањето на секаква политичка волја, особено за изразувањето на истата на заеднички јавен простор, на улица како совршено место за да почне некоја промена. Сепак, не сум за протест без цел, или протест каде мислите се исклучени но битно каменот е во рака. Жал ми е искрено многу, за сите тие залудени, искористени деца.

One thought on “Патот на младиот човек – му помагаме ли да уништува или да креира?

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s