Доста ни е…или не?

Со закаснување, сум зборавила да го објавам.
Оригинално објавено пред повеќе од месец овде: Радио Слободна Европа

Убаво, буткајте ја земјата која живурка на дното и се дави во неуспешноста да се справи со транзицијата во апсурдни територијални битки. Проповедајте национализам на сметка на уништувањето на оваа генерација како што преминот од комунизам ги уништи нивните родители. Наместо со наука да се занимаваме со шипки и палки. Ако.

Удрете по се она што пробуваат некои луѓе да го изградат со годините, заборете го младиот дух спремен да го открива светот во полициски часови, затворете ги границите да не видат дека надвор е подобро.

Преку глава ми е од шизофрената политика, од владеачката политика без компас, од т.н. опозиција која спие се додека не дојде на власт, од лицата во парламентот искривени од лажните насмевки кои морале да ви влечкаат пред камерите цел живот, од моралот кој им се стоппил заедно со врската со реалноста кога седнале на тоа столче.

Аман драги сограѓани, доста ни е…или не?

Недвосмислена е идејата која се провлекува низ дел од албанското лоби, и за која сите сме свесни. Но за кавга, дури и симулирана секогаш се потребни двајца. Дали мислите дека било какво малцинско лоби е моќно да дестабилизира цела држава ако не е поддржано од некој? Дали мислите дека така лесно наеднаш ескалираат тензии после толку години каков-таков соживот? Колку и да се способни и македонците и албанците да си го држат јазикот за забите и да стискаат раце лиецмерно секој ден, колку и да сме гадни и способни да ќутиме и мразиме во себе, сепак, да не се трпевме до толку, тепачки ќе имаше ако не секој ден, секој втор. Или можеби тепачки има, но сега решија да ги пуштат во медиумска манипулација и да ги контекстуализираат.

Не се потпирајте на сервираната политика, не им верувајте на вестите повеќе од на вашиот здрав разум, не гледајте спас во војна затоа што пак ќе гинат нашите браќа и татковци за нечии матни зделки.

Не и викајте „Ура“ на власта која наместо со подобро образование и подобро здравство се занимава со „корења“. Не се приклопувајте кон опозицијата која регрутира мрзливо и влекачки, која има логистика и инфраструктура да менува и придонесува а само сака да рони од брегот на власта се додека не им се изедначат нивоата, не се повлекувајте во своите домови за да не ве боли главата.

Нема кој да ги води вашите битки за вас, речете и „НЕ“ на деструктивната политика за да не дочекате да ги носите на грб урнатините и последиците кои таа ќе ги остави.

Не се плашете да го артикулирате својот став и не мислете дека со вас нешто не е во ред ако вестите велат нешто спротивно од тоа што го мислите.

Од денес па натаму, бидете граѓанин достоен на вашата јавна служба.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s