Партизираноста е толку мејнстрим

Првично објавена на РСЕ

Сигурно сте ги забележале рекламите за „Новиот Бран“ на телевизија, проследени со сигурен и решителен говор и епска музика во позадината.

Најдобрите студенти ширум републиката звучат како партиски потпароли, величајќи ја иднината која ни ја нуди, според нив, бескрајно перспективната сегашност, горди што се приклучиле на некоја политичка партија.
Својата иднина ја гледаат во партиските редови. Јасно и галсно, без воздржување, ги рецитираат тие зборови. Јавно признаваат дека членството во некоја партија ги подобрува нивните изгледи за иднината.
Тоа се дава на телевизија, неколку пати на ден, а ние пуштаме по некоја капка пот секој ден на работа за да го овозможиме тоа.

И никој не се шокира!

Толку сме отрпнале на партизираноста на секој аспект од нашето постоење што ова не ни изгледа како нешто што не треба да е така. Како нешто што треба да не ужаснува, а не да поминуваме индиферентно покрај него, или уште пострашно, да го поздравуваме.

На кое ниво е всушност нашето општество ако перспективата 100те најдобри студенти ја гледаат во тоа да се приклучат во редовите на некоја политичка опција? Што останува тогаш на другите, оние помалку успешните? Да се конформираат кон „бранот“ уште помлади, за да имаат барем малку светло на на крајот на тунелот?

Дали вам тоа ви изгледа на нешто здраво, на здрав правец кон кој треба да се движиме?

Јас сум секогаш за политички ангажман. Всушност, јас го оправдувам и поздравувам секој вид на политички ангажман. Се што не дефинира како општествено свесни единки и одговорни креатори на својата иднина е и повеќе од добредојдено.
Ова не е израз на такво нешто.
Заради тоа што со години наназад во партиите се зачленуваат млади кои таму бараат само подобро работно местo, а немаат никакви политички идеали, се соочуваме со (не)способноста на политичарите кои во моментов се наоѓаат на нашата политичка сцена. А сега тоа стана сосема мејнстрим!

Гледаме, ни прикажуваат, како со само едно едноставно да и прифаќање на одредена ознака лесно ќе ја добиеме својата прва работа во некое министерство, во некој дел од владата или пак на раководна позиција во некоја институција. Јасно можеме да направиме дистинкција помеѓу магистерот кој бил исто толку добар и чие CV сеуште се наоѓа во бирото за вработување, и оној кој веќе работи респектабилна работа. И знакчето во десниот агол на телевизорот, да не потсети во што е финтата.

Знам дека ви е важно само ќерката и синот да ви се вработат и не ве интересира глобалната слика, но ова што се случува мене ми е тажно, и прави да се чувствувам тотално немоќна како млад човек. А и, кога и да го чујам, „Бранот„ ме потсетува на истоимениот роман на Тод Штрасер, а тоа воопшто не ми делува утешувачки.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s