Е-предизвик

Оригинално објавено на РСЕ 08.10.2012

Деновиве сакаме да ставиме „е“ пред се. Е-демократија, е-парламент, е-влада… Во процесот на вртење на главата кон е-услугите, дали забораваме дека ги немаме основните услови за нивно извршување во секојдневниот живот?

Присуствував на дводневниот настан за е-демократија, најголем во регионот кој се одржва во Охрид минатиот месец. На конференцијата се презентираа сите услуги кои ги нуди нашата влада и владите во регионот, но и нови кои се во план. Поминаа многу презентации кои се фокусираа на решенијата, но за мое големо разочарување, многу малку се зборуваше за предизвиците со кои се соочуваме во тој правец, но и опасностите и недостатоците на ваквите стратегии. Политичарите и претставниците од министерствата ги споделија своите позитивни перцепции за работите кои планираат да ги воведат, и нивните малку нереалистични очекувања. Граѓанскиот сектор претежно молчеше.

Помеѓу муабетите за споделување на работата на пратениците на социјалните медиуми, за контактирање на секој граѓанин со својот пратеник електроски и успешно, сите како да го занемарија прашањето дека ние и да ги воведеме сите овие работи, и да ние граѓаните со парите од нашите даноци го купиме тој софтвер кој тие треба да го користат, дали нашите пратеници ја имаат таа сремност да го користат, доволно образование, услови и желба да научат и тоа да го применуваат секојдневно? Дали нашите граѓани кои сеуште не можат да остварат комуникација со претставниците во својата локална самоуправа по тек на нормална, секојдневна комуникација, вистински имаат толку потреба од форсирање на тие е-услуги?

На мојот коментар по завршувањето на презентациите дали планираат да се спроведат некакви обуки, и колку всушност можат да го користат пратениците овој систем кој го поставиле или скапите системи кои планираат да ги постават и одвојат пари од буџетот за нив, од пратениците добив одговор дека повеќе од половина од луѓето во парламентот не се технички способни да ги пратат овие промени и да извршуваат вакви задачи, но и ја искористија можноста да се пожалат како немаат канцеларии, асистенти и други поволности кои би им овозможиле да се среќаваат со граѓани и да им одговараат на нивните побраувања. Тотално ме збунува тогаш инсистирањето на имплементацијата на вакви алатки.

Туркањето кон нешто за што не сме спремни ќе има ист ефект како проектот „Компјутер за секое дете“. Ги компјутеризиравме сите училишта во градовите и во селата, но седат затворени во опремени училници затоа што професорите не се спремни и доволно обучени да ги вклучат во наставата (не сите, нормално), а покривите уште им прокиснуваат, а некаде нема ни греење. Истиот ефект можам да го видам и со форсирањето и масовното инвестирање во е-услугите: ќе поставиме системи кои повеќе од 50 проценти од пратениците кои нема да ги користат, а нивните канцеларии ќе останат и понтаму затворени, телефоните недостапни, и ништо нема да направиме за да ја зголемиме културата на партиципативност, која е основа на граѓанското учество. Како ние планираме да ја овозможиме таа е-демократија, кога и со онаа „обичната“ имаме толку проблеми и толку предизвици да поминеме?

Наместо да работиме на суштинските проблеми кои ги имаме, да ги отвориме и проработиме стандардните канали за комуникација помеѓу власта, пратениците и граѓаните, да го зголемиме потенцијалот за дебата и дискусија помеѓу двете страни и да се отворат канцелариите за предлози, ние сакаме да го скокнеме тој чекор и веднаш да преминеме на нешто што ни е далеку од дофат. Е така, неможе.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s