Оксиморонот на неутралната демократија

Оригинално објавено во РСЕ

Со последните случувања во собранието се отвори еден нов фронт на борба – вулгарниот и целосно отворен напад на демократијата креираше уште поголем јаз помеѓу оние кои себе си се нарекуваат „неутрални“ и луѓето кои ги аргументираат своите политички ставови и преземаат нешто по нив.

Како и многу пати претходно, во безброј сценарија, пред себе го имаме единствениот избор – да застанеме на страната на една од двете најголеми партии и да се приклучиме во нивната толпа. Иако доесега, ставајќи ги на вага опциите стрелките се најчесто приближно еднакви, овојпат не може да се игнорира фактот дека работата се прелеа од вообичаениот тек. На 24.12.2012 од собранието на насилен начин беше избркана опозицијата, беше нарушен уставниот поредок и демократските процеси, и со тоа се плукна врз се она што ние го нарекуваме држава.

Во ваква ситуација, останувањето без политички став, без мислење, е тивко помирување со „законот на силата“ кој е наметнат по тој ден. Повлекувањето на безбедно каде не може да се згреши, е предавање на моќта која еден граѓанин ја има врз сопствениот живот на оние кои е јасно дека ја злоупотребуваат. И таа јасна дистинкција тука, таа им пречи на оние кои застанаа на улиците до опозицијата, и не можат, едноставно им е несфатливо стојалиштето на оние кои се дома во вакви моменти.

А сепак, не е се така едноставно. На улиците во моментов се наоѓаат пратениците на опозицијата, ако сеуште можеме така да ги нарекуваме, спроведувајќи улична демократија, заземајќи левичарско руво и криејќи се под слоганите како „Отпор“. Иако еве, иницијално отстранети, сепак ги напуштија своите позиции во парлементот каде сеуште може да опструира во моментов непреченото работење на парламентот, кој и непречено си носи закони и одлуки многу важни за секој дел од нашето живеење, не ревидирани, без можност за дијалог затоа што не постојат две страни. Велат ќе ги бојкотираат изборите, единствениот демократски инструмент кој ни останува во ваква ситуација за промена на власта, а сакаат истото да го добијат со улични протести, затварање на улици по час или два и било какво друго вонпарламетарно делување.

На 24.12.2012 задоцнив неколку часа на работа за да отидам и со свои очи ги видам случувањата пред собранието. Сама, од страната на Градскиот Трговски Центар, се упатив кон двете групи, што многу ми беше тешко се одлучам која е која на почетокот. Поминав малку време од едната, малку време од другата страна, најчесто држејќи се на средината кај градската болница и близу до полицајците затоа што во случајов, луѓето дејствуваат по команда и не можам да и верувам на толпата, единствено полицајците ми беа сигурни. Луѓето си јадеа сендвичи од комбенциња, а „спонтано“ беа изградени и бини со озбучување какво ние на нашите протести не сме можеле никогаш да си дозволиме. Е, во таква атмосфера се одвиваат овие улични протести. Заземајќи ја на крајот позицијата од левата страна на градската болница, присуствав на говорот на Бранко Црвенковски, по кој сите масовно го извикуваа неговото име, и како што се сврти да си оди, тргнаа по него. Го напуштија своето место на борба и си отидоа по лидерот.

Ваквата идеја и атмосфера позади овие улични протести без јасна цел и дофатлив резултат ги држат „неутралните“ надвор од границите на борба кои сака да ги постави опозицијата. А сепак, ние не можеме да си дозволиме да бидеме „неутрални“ кога пробуваат да ни наметнат „закон на сила“ и да го сведат нашето постоење на неми набљудувачи. Време е за созревање на македонската интелектуална сфера.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s