Балансираноста е мртва

Оригинално објавена на РСЕ

Внимавам, внимавам секој мој збор и став да е издржан, да не се прелева на ниедна страна, балансирам ,секојдневно, да ја штипнам и едната и другата страна, балансирам за да не го етикетираат и обезбреднат она што имам да го кажам. И додека се трудам да не гледам надоле на кај јажето високо од земја и го држам стапот цврсто кој ги мава и едните и другите по малку, мојот став станува прав како линијата по која одам, прав и млак, од толку балансираност, незначаен.

И, ја играм нивната игра. Неприметно, сум завиена во нивниот дискурс. Додека сум зафатена да балансирам и не гледам надоле не забележувам дека веќе не сум високо. Сме го удриле дното. Немам веќе што да изгубам.

„Раздели па владеј“ функционира веќе илјадници години, и дури и оние кои мислат дека и пружаат најголем отпор на пропагандата не можат да ја избегнат, ќе им се провлече од некаде. Па тоа е овде начин на живот. Македонија, мојата татковина, земјата на заборавот е поделена на сите можни начини. Ќе запалат милион жарчиња во граѓаните и ќе ги разгоруваат по потреба. Им се може бе. Не сте иста етничка припадност! Не сте од иста партија! Сака луѓе од ист пол а ти не! Верува во различен бог! Идентитетот кој ви го градат со националистичките кампањи, со мудрите верски спинови, со непотизмот и партиската зависност од мали нозе, идентитетот ви го креваат и рушат, трескаат до земја кога ќе им текне.

И секогаш се криви сите, само власта не е. Има изговор. Ние и допуштаме да се извлече со тој изговор затоа што сме зафатени, завиени во балансираност. Оставени да биреме да рипнеме во една или друга жива кал затоа што не ни се презентира никаква друга опција, си ги кршиме коските пробувајќи да останеме надвор од двете.

Во последниве неколку недели пред наши очи беше крајно некултурно, како што не и доликува на една влада, иссвиркана во собрание една жена која имаше храброст да застане пред народните избраници и да чита нешто позади кои застанале 13.000 граѓани, жена која таму беше гласот на народот. Стејќи таму се соочи со потсмев и дофрлања во домот кој треба да е лицето на демократијата, а сите ја свртија главата пред тоа што имаше да го каже. Власта, оние кои ги плаќаме да се грижат за нашите интереси и добробит со тоа ни пратија јасна порака – дека повеќе не се тука за нас.

Во последните неколку недели се соочивме со цензура на неколку медиуми. Тоа почна да станува толку нормално што веќе не го ни приметуваме. Новинарската професија исчеснува, а ја заменува водителската, или пишувањето раскази по нарачка.

Во последните неколку недели, коалицијата од најголемите опозициски парии реши да ги бојкотира изборите затоа што смета дека нема демократија во државата.

Во последните неколку недели на чело на македонската Армија поставија човек кој е претставник на етничката заедница против која ни градеа систематска омраза сите овие години. На своите гласачи кои ги дојат со национализам им стапнаа врз прстите на нозете и ги чекаат да видат дали ќе писнат. Зошто им се може.

Во последните месеци, ако стисокот со кој ја држевме демократијата полека ни се олабавуваше, последниве неколку недели забрзано ни се лизга низ прстите.

Што чекаме?

3 thoughts on “Балансираноста е мртва

  1. Бидејќи не успеав да најдам друг контакт, ви пишувам во коментар.
    Работам на порталот Окно.мк. Вашиот текст ми се допадна, па би сакал да ве прашам за дозвола да го пренесеме и таму, нормално, со наведен извор и линк до блогот.

    Поздрав

  2. Za zal Tamara, Godo nema da se pojavi! Vo makedonskiov teatar na apsurdot – ako nesto ne se sluci naskoro, zavesata brzo kje bide spustena. Ako Nelson Mandela mozel da pomine 27 godini vo zatvor, zaradi sopstvenite idei, i da ne prolee krv na sopstvenite dzelati koga bil osloboden – vo ime na tie idei, togas, sepak postoi nadez. Taa umira posledna.

    Mi se dopadna tvojot blog.

    Pozdrav,
    (Nekoj sto go promenil toa okolu sebe zaminuvajki, mnogu odamna…otkako bil porazen, no ne bez borba)

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s