2 години Стоп за Полициска Бруталност

Се приближуваат две години од отпочнувањето на протестите против полициска бруталност. Нема многу што да се каже за развојот на случајот – сите знаеме како заврши целата иницијатива, движење, судските разврски. Немам многу ни што да кажам за активноста на луѓето кои се нафатија да се занимаваат со ова прашање, две години се многу, а на состаноците кои ги свикував се појавуваа грст луѓе. Сепак, мислам дека е премногу важно за да се пушти да помине без да се спомне.

Од оваа перспектива некако ги разбирам сите работи подобро, ги гледам своите и туѓите грешки, нашата наивност и непознавање на политиката, на системот – ги гледам нашата искреност и желбата да смениме нешто, да придонесеме како граѓани, млади и уште неискусни дека државата всушност нема слух за нашите проблеми. Ги гледам единствените моменти кога се чувствував дел од оваа држава и ја почувствував блиска, кога се почувствував како дел од ова општество – а верувам и многу други го делеа тој момент со мене. Можам да согледам како следниот пат кога ќе се најдеме во таква ситуација да постапиме подобро, и можеби подобро да ја лоцирам на скалата на моќта за влијание нашата активност.

Како и да е, еве сме овде, две години подоцна. Движењето како такво, во моментот на своето разводнување, заглавување во суети, спинови, лични интереси и едноставно незнаење ме мачеше, ме лутеше, не разбирав зошто тоа ни се случува, иако верувам дека сите беа водени од своите најдобри намери. Сега, од оваа перспектива, разбирам дека се е тоа нормално. Дека така мораше да биде. Дека лутината и бесот не траат засекогаш, дека истрајноста во борбата зависи од многу фактори од кои повеќето сосема човечки – и дека ова беше само еден убрзан курс за реалноста за оние кои се најдоа затекнати и првпат во ваква ситуација како јас. Научивме што научивме, како треба, како не треба, и тоа се примени во неколку наредни движења кои излегоа од луѓето кои се вмрежија на тие протести.

Да, тоа сепак излезе како најголемата придобивка од протестирањето. Тоа што се запознавме, делевме несекојдневни моменти кои бараа целосен ангажман од нас како луѓе и се поврзавме на ниво на војници од војна. Не се шегувам, не ни преувеличувам. Некои од луѓето кои таму ги запознав станаа дел од моето секојдневие, а некои ги гледам само на наредните протести – а кога ќе ги гушнам срдечно за поздрав имам чувство како да се среќавам со браќа и сестри. Убави луѓе, оние кои се спремни да чекорат по линијата за цел повисока од самите себе.

Во последно време, на социјалните мрежи можам да забележам дека има зајадливи коментари дека протестирањето станало мода – што ме смее и ме радува од една страна – па има ли подобра мода од борењето за своите права? Шегата на страна, тоа е еден од најголемите показатели на директното влијание кое протестите го имаа на ова наше општество – се помести границата за мобилизација и реакција, се научи на кој начин да се иницираат акции на социјалните мрежи и како на брзина да се направи акција. Се помести границата на тоа што треба да се каже а што не – луѓето кои сакаат да реагираат имаа прилика да видат додека траеше екот на протестите дека всушност не се сами и дека има многу кои мислат како нив. Се примени моделот на #protestiram – што ми беше крајно симпатично кај средношколците кои се собраа за да протестираат против екстерното оценување – целосно истиот модел на протестирање го користеа. И тоа е супер.

Но каде сме сега, што правиме конкретно за случајот две години подоцна?

Во текот на неделата ќе ги објавиме скромните активности кои се преземани во текот на последниве неколку месеци. Пред да се упатам позади Мајка Тереза, каде сега ќе им доцнам зошто сакав да го напишам ова, сакам да ги повикам сите кои мислат дека треба нешто да се направи, каже, на сите кои уште се гладни за правда да го направат тоа.

Се читаме.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s