Само слободните луѓе се убави | Bernays Propaganda

28 септември 2013, сабота, убав ден. Веќе студи во Берлин, свежо е. Им вртам доста време, не ми креваат. Се мислам што да правам. Во 10 негде се решавам да тргнам. Сама. Возбудена. Метро станицата на 10 минути, поттрчнувам по пат, мислам доцнам. Не знам баш каде е местото, ама пред мене забележувам еден дечко што е облечен како панкер/алтернеативец и решавам да го следам. Одиме, одиме, т.е тој си оди без да ме забележи, скршнува десно и ете сум. Стигнав во Копи. Еден од најстарите сквотови во Берлин. Ми текнува дека две недели пред тоа бев на роденден на кровот на напуштената фабрика за сладолед на другата страна. Зачекорувам внатре.

koepi

Дворот полн луѓе. Ни моиве ги нема со поглед, ни некој што бар прибижно го знам. Личи топло, расположено. Малку сум нервозна дека ептен никој не знам. Гледам сите излегуваат од едно мало вратиче, си викам да се пробам. Се симнувам по скаличките гласна музика вришти, гласни гитари, темно, полно и фуче со енергија. Добро е, не доцнам, не се тие. Застанувам на врата да дадам донација и да ми стават печатче и оп ете ги – се појавуваат позади мене. Се успале. Одлично. Се качуваме горе да пивнеме малку пиво пред да се симене пак, ќе ни треба. Ја у златно фустанче после у фенси диско треба да идам🙂.

Ние веќе тројца македонци, ете горе уште двајца што дошле. Здраво, здраво, уште пиво, паралелни муабети на сите страни. По малку, го слушаме Васко како се зеза со еден дечко на англиски, се појавува Трипе и ете ни ги ѕвездите заради кои сме дошле. Се скаруваме со Васко за системот еднаш, пиеме уште по некое пиво и им дојде ред да свират. Се симнуваме доле.

Први редови. Спремни за песна. Почнуваат, помоќни од кога и да сум ги слушала во Скопје. Германците веднаш полудуваат, иако не ги разбираат што пеат, пораката стига до сите! Тина убедлива, посветена, жестока. Бендот на исто ниво со публиката, Тина шета низ нив со микрофонот. Еден дечко до мене очигледно му е маку чудно и у исто време симпатично што пееме со Дафина. Од време на време преведувам некој збор. Ах, многу беше добро. Го сметам за привиегија што имав шанса да ги слушам Bernays во сквот, во Берлин и со таква публика. Тотално различно искуство.

Bernays Propaganda се сериозен бенд, со 4 европски турнеи зад себе, 3 албуми, а свиреле буквално сегде во Европа. Да не набројувам градови, подоле вклучив мапа од вториот дел на европската турнеја (првите 70 ги прошетале пролетоска) на која имав среќа да се погодиме во ист град. Ако ги сретнете напрајте им муабет како шетаат, многу е интересно и различно, свират скоро исклучиво по многу андерграунд места и сквотови, таму се дружат, разменуваат искуства идеи, спијат по сквотовите, шират мрежа на луѓе со исти убедувања. Всушност they practice what they preach🙂

tura

Нивната музика ги отсликува нивните идеолошки убедувања, ставовите, нивното доживување на светот. Пробуваат да демаскираат разни општествени и социјални појави а во исто време свират берспрекорно. Дечките и девојката не го прават тоа декларативно – тие навистина веруваат во тоа што го зборуваат и веруваат во својата работа.

Еве едно клипче што го најдов како Тина разговара во Загреб со еден дечко од публика – му посветува време и му дава шанса, сака да влијае и и е грижа за тоа што тој мисли:

Мене сосема себично ќе кажам дека ми е омилен нивниот втор албум🙂 Што не значи дека другите не се одлични. Еве ми некои од фаворитите:

Ете еден твит од летоска, се срчав сама себе, сигурно не е единствен. Често ме брка скопската депресија, сигурно и вас. Многу често ме фрустираат политичките случувања и социјалните неправди, нивната сериозност, мојата (најчесто) немоќ, сето тоа. Јас не сум гневен човек, ама некогаш ми се вришти🙂. Бернајс летоска пред да отидам во Берлин ми беа саундтракот до работа и назад, ја оставав Тина да ми го канализира гневот🙂.

Музиката и политиката од секогаш биле поврзани. Музиката може да мотивира, да буди, да дава перспектива, да ни долови некоја поента за која зброр не е доволен, може да ни помогне да истраеме, да не бодри, да го канализира тоа од нас кое ние не знаеме ни дека е таму, да не донесе сите на иста бранова должина за да делуваме заедно.

Во Македонија не се пишува и пласира многу социјално ангажирана музика, баш штета.

Имам уште многу да зборам, би сакала и нив да ги чуете што имаат да кажат. Текстов го пишувам зошто многу луѓе ми рекле дека никогаш не ги чуле. Не толку ретко ама и не толку често ни се случуваат големи настани како Таксират во Скопје, а многу луѓе и ќе одат, па потрудете се да не ги пропуштите ако сте веќе таму.

А сега пак е многу доцна, како и секогаш кога заглавувам да напишам нешто, и многу ми се спие.

Се гледаме заедно да се потиме, играме и мислиме, и не заборавајте, само слободните луѓе се убави (така велат Бернајс).

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s