Прашувај, приклучи се, активирај сe!

Објавено на 31.01.2014 на aktiv.mk

Кога навлегуваме во транзициските години помеѓу дете и возразен, често, ако не и секогаш, се чувствуваме како да растеме паралелно со околината, а не заедно со неа.
Ни изгледа како сегашноста да е киднапирана од многу постарите, оставајќи не беспомошни и на маргините, а општеството и неговите текови за нас се нејасни и страни.

Најчесто во системот кој не опкружува се вклучуваме по принцип на шок – стануваме свесни за своето место и самото неговото постоење кога за првпат па ќе се судриме со него. Судирот е често болен и е првиот од низата кои во текот на следните години ќе ја рушат нашата наивност кон опкружувањата.

Ова е последица на нашето незнаење и дистанца од општествените текови. Можеби не е можно да се избегне шокот кога прват ќе се судриме со неправда, или кога за прв пат ќе ги сфатиме своите ограничувања, но многу е важно и потребно што побрзо да ги разбереме овие процеси кои се случуваат околу нас за да можеме да се чувствуваме и бидеме поинтегрирани во нив и со тоа да живееме поквалитетен живот.

Македонија нема стратегија и некој структурен план како да ги вклучи младите во општеството па годините во школските клупи ни поминуваат без се стекнеме со таа многу важна животна лекција – како да ја исполниме нашата граѓанска функција, односно како да бидеме граѓани.
Сепак, има многу што можеме да напраивме самите околу тоа:

– Не се плашете да оформите мислење
Се изгледа збунувачки и несфатливо, хаотично – нашите обиди за креирање на издржана политичка мисла се пресечени со острите кривини на светска политика, турбуленциите во глобалната економија, локалните етнички проблеми, патот покрај зградата со дупки, полниот или празен фрижидер. Секој став кој ќе го формираме е колеблив и несигурен, што начесто се одлучуваме да го скокнеме ова се на крајот, и да молчиме.
Погрешно! Со самото тоа што ќе споделиме и артикулираме еден став, колку и да е погрешен, сме тргнале во вистинскиот правец. Со тоа што ќе го изразиме ние го отвараме за критика, а со тоа и за промена и различна перспектива. Комуницирајте колку повеќе можете на прашањата кои ве бунат, прашувате, а најмногу од се зборувајте. Ајнштајн рекол дека слабоста(немањето) на став станува слабост на карактер, а се надевам сите ние се стремиме да сме подобри од тоа.

– Излезете од вашиот непосреден круг на пријатели
Додека сме млади лесно е да се заглавиме во кругот на најблиските кои ги знаме веќе со години – да кружиме околу истите мисли, да ги одржуваме сите стереотипи, предрасуди, сфаќања и ставови кои ги влечеме од најмладите денови. Општестовото е големо, разнолико и составено од најразлични групи, и колку повеќе комуницираме, се запознаваме и мешаме со истите толку подобра слика ќе креираме за целината.
Прошетај се до АКСЦ на некој од многуте настани исмешај се со уметниците и левичарите, зачлени се во организација како МОФ и запознај врсници и стекни нови вештини, оди на некое предавање за кое си видел/а само настан на фб за да чуеш ете, бар една нова перспектива таа недела. Ако имаш нешто што сакаш да го правиш а твоите најблиски не се заинтересирани, искористи ги социјалните мрежи како твитер каде можеш да испиташ дали ете можеби, некој би ти се приклучил.
Лесно е да имаме предрасуди за некоја друга етничка група ако не познаваме ниеден нејзин член, да изградиме негативно мислење на некој сегмент на општеството ако ги слушаме поларизираните медиуми, да се чувствуваме сами со своите мисли ако никогаш не сме ги споделиле.

– Читајте се, читајте надвор од своето поле, читајте за светот
Многу е важно да читаме и да се информираме за нашата околина, а потоа и за светот за да можеме подобро да сфатиме каде ние стоиме и на каде одиме. Многу е важно да ги пратиме и да ги разбереме добро принципите и концептите околу кои се случува се што не опкружува за да можеме подобро да учестуваме во нив. Ако сме информатичари, не можеме само да читаме за синтакса во програмските јазици, мораме да читаме и за индустријата за да разбереме подобро што правиме. Ако читаме за индустријата, мора да читаме и за глобалната економија, за да разбереме зошто е индустријата таква каква што е. Ако читаме за економијата, мора да научиме за политичките ситеми и општествените уредувања за можеме вистински да ја разбереме нејзината корелација, итн.

Правејќи исчекор да бидеме подобри „јас“, правиме исчекор да бидеме и подобри како заедница. Практицирањето граѓанско учество бар само преку интерес од што помлада возраст ни помага да се чувствуваме повеќе како дел и да сме посреќни во заедниците во кои живееме. Стекнуваме вештини за комуцикација, навика за самоиницијативност, оптимизам и самодоверба. Уште поважно, учејќи и активно учествувајќи во општествените текови можеме да ги пресретнеме во нивните нагли промени, и глатко да поминеме низ истите.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s